алоречанскиот парауниверзитет на
голема врата се легализира, поминувајќи низ Собранието кое ги изгласа
измените на Законот за високо образование. Според толкувањето на Законот,
создадена е правна рамка за државно финансирање на високото образование на
албански јазик, која потоа води и до легализација на довчерашниот
парауниверзитет од Тетово, што девет години функционира надвор од правниот
систем.
Опозицијата не гласаше за законот, оти им било неприфатливо државно
финансирање на парауниверзитетот од Мала Речица, за кое се проценува дека ќе
започне од учебната 2004/2005 година. Владејачките партии, пак, начелно се
согласни 5 од 11-те факултети од овој парауниверзитет да се пропуштат низ
законската процедура на акредитирање.
Долговергланата идеја за легализирање на парауниверзитетот конечно
Албанците ја избуткаа во државни јасли. Надуениот балон стигна до зацртаната
цел!
ИЛЕГАЛА
Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високото образование
на јазикот на кој зборуваат најмалку 20 отсто од населението во Република
Македонија, е законската одредба со која треба да се овозможи почетокот
на процедурата за легализација на тетовскиот парауниверзитет, која во
собраниската расправа ја оспорија само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие
побараа наместо да го легализира тетовскиот, државата да го финансира пред
две години основаниот Штулов универзитет, но беа надгласани.
Пред само девет години парауниверзитетот во Мала Речица беше повод и
причина за многу немири и несогласувања. Но, тоа е веќе минато. Денес
Албанците доволно е само да замавтаат со едно парче хартија на кое пишува
Рамковен договор и тогаш се се врти во нивна корист. Албанците со само едно
парче хартија си добиваат се што ќе си посакаат, па дури и надвор од она што
беше договорено со Договорот. Е, може сега да ја замислиме гордоста на
министерот за образование, Азис Положани, и неговата "успешна" реформа.
Човекот заврши голема работа за Албанците, сега слободно може да си појде на
одмор на Бахамите.
ДРЖАВНА КВОТА
Сега сите граѓани на Република Македонија, како даночни обврзници покрај
финансирањето на скопскиот и битолскиот универзитет ќе го финансираат и
малоречанскиот. Интересно е да се замисли дали и Албанците ќе се вклучат во
редовното плаќање на обврските кон државата и оттука да си го финансираат и
високото образование на мајчин јазик. Барем досега практиката покажуваше
дека плаќањето данок за Албанците беше мисловна именка. Би било интересно да
се знае дали и Македонците на парауниверзитетот во Мала Речица ќе ги уживаат
истите привилегии како и Албанците, кои на скопскиот и битолскиот
универзитет не се запишуваа со приемни испити, туку со национална квота.
Дали и Македонците, како народ кој е носител на сувереноста на државава, на
Универзитетот во Мала Речица сега ќе можат да се запишуваат, ама без приемни
испити, со привилегирана национална квота?