КОМЕНТАР

Сито и Решето

БОЛНИ УМОВИ!

Од Редакцијата

Читаме - во Виена на еден пациент му бил пресаден јазик. Арно ама, се прашуваме дали на нашиве "притаени - припитомени вжештени глави" може да им се пресади мозок? Зошто?! Саде ум им тече низ уши. Од нивните умствени изреки боледуваме. Тие постојано, во континуитет, ни садат крајно згрозувачки слики за новата шема на албанско-македонските односи во земјава. Но, тоа не се нови сигнали, туку стари пораки кои одвреме навреме се појавуваат, а потоа исчезнуваат. Нивната цел секогаш е иста, остварување на сонот – "Голема Албанија".

Затоа не не зачудува мачкиното предење на Џафери и неговите пулени. Нивната улога во последниве дванаесет година не се менува само што ролјата ја играат други играчи. Прво, членовите на ПДП, односно нивниот прв лидер Невзат Халили, му се закануваше на својот "идеален партнер" во власта, за потоа првиот ќотек да го добие сегашниот министер за образование, Азис Положани, кој беше и се уште е главниот генератор на идејата за "Илирида". Набргу потоа, наводната албанска сага, односно божемна трагедија, ја режираше Џафери. Но, во неа го окрка стапот Руфи Османи, несудениот гостиварски градоначалник, чија "албанска република" во Република Македонија кратко траеше, бидејќи полицијата на сегашниот и тогашниот премиер Бранко Црвенковски навреме интервенираше и ги бранеше македонските национални и државни интереси. Подоцна единствениот вистински херој за албанската кауза, Руфи Османи, од Идризово порача дека не треба многу да му се верува на Џафери и неговиот криминалистички бос Тачи, оти тие секогаш се притаени играчи кои се извлекуваат од опасниот од по трњето. Затоа возобновувањето на идејата на веќе урнисаниот политички лидер Џафери не е ново сценарио, туку само мимикрија. Кога тој беше на власта и се инсталираше во структурите на државата, неговата валкана работа ја завршија терорисите на ОНА. Сега истите се во власта, а Џафери во опозиција. Но, не веруваме дека тој или некој друг негов близок соработник би се осмелил да замине во планина. Таквата терористичка активност им ја допуштаат на обичните албански смртници.

Но, што ќе прави сега политичкиот камелеон? Истото што го правеа неговите претходници. Некој ќе лае, додека друг ќе се прави наудрен дека тој не е опасен антидржавен и антиуставен елемент. Затоа ни се повторува истата дијагноза. Впрочем, како да се оцени најавата и притисокот за одложување на акцијата за собирање на нелегалното оружје од населението во Република Македонија? За што се подготвуваат Албанците во нашава земја?!

МАТРИЦАТА

Ова не им е севте, па да им простиме. Сеизмографот одамна покажува големи турбуленции во македонското државно ткиво. На "болните умови" софтверот им е предвреме програмиран за антимакедонски дејанија. Тој покажува колку добро се подготвени и се однапред е испланирано за акција. Затоа нивната реч не не изненадува или зачудува. Умоболните, впрочем доволно се итри и затоа не кажуваат ништо ново. Матрицата не ја менуваат, ама нивната отровна стрела мора да се сфати како сериозен предизвик за македонската политика, бидејќи колку повеќе се одлагаат конкретните мерки за стабилзирање на состојбите на теренот, толку повеќе на "орелот" му се дава простор за зацврстување на албанскиот екстремизам. Тоа не е добро, бидејќи кревкото и привидно примирје во Република Македонија тешко се контролира. За тоа се свесни и Албанците, но и Македонците.

Набргу ќе треба да очекуваме да се појави некој нов играч кој ќе ги поврзе албанските редови. Таквиот чекор го видовме во Призрен кога Џафери и поранешниот лидер на ПДП, Имери, тајно отпатуваа да го потпишат старо-новиот документ за продолжување на идеалите од Призренската лига. Подоцна го видовме ефектот од нивните потписи. Затоа без разлика кој каде се наоѓа, односно дали е на власт или во опозиција, тие се сплотени. Како никој да не смее да ги вознемирува кон зацртаниот пат, освен ако не им се покажат забите и еднаш засекогаш да се надминат поделбите меѓу Македонците. Затоа не треба да се занимаваме со јадецот на Џафери кој го испитува теренот во Република Македонија, но и ехото од ЕУ и САД. Ние треба да се позанимаваме со самите себеси. Одамна сме разделени и се делиме на пробугари и промакедонци. Меѓутоа, во суштина ниту едните ниту другите од власта не се вистински Македонци. Тие се занимаваат со својот џеб кој одамна го наполнија и ја предадоа македонската национална кауза.

ОНЕСПОСОБЕНИ!?

Албанската машинерија има препознатлив ритам. Таа меле се пред себе со помош на лоби групите и хероинскиот долар. Чекор по чекор тие работат за себе. Но, што сторивме ние за себе за да го спречиме разнебитувањето на нашата земја? Ништо! Ако ја анализираме сегашната позиција на албанскиот фактор во Република Македонија тие се во предност, но ги боли тоа што не можат да ги забрзаат процесите. Затоа се истопоруваат старите волци кои не можат да го постигнат посакуваниот ефект.

Рамковниот договор можеби е предвесник, но тој ги кочи и едните и другите во своите намери. Затоа желбите се во судир со реалноста. Прашање е само кога повторно ќе дојде до меѓунационален судир од поголеми размери. Маслото го подгреваат и албанските, но и македонските политичари што си заминаа од функциите без да им фали влакно на главата. Секој со своја пресметка работи на својот калкулатор.

Но, кој им пречи? Оние коишто се уште оваа држава ја чувствуваат за своја татковина. Сепак, железото се кове додека е врело. Затоа не местат или не прекројуваат. Умоболните во моментов политички се онеспособени, но проблем ќе стане кога од нив ќе се изроди некој "паметен" кој ќе ја искористи заспаноста на македонската владејачка гарнитура. Дали тоа ќе биде некој од редовите на ПДП, ДПА или ДУИ, ќе видиме. Тоа, на крајот на краиштата, воопшто и не е важно. Времето и просторот ќе покаже колку болните умови биле во право, а колку паметните живееле во некој свој зачаурен свет од кој никогаш не се испилиле. Затоа ова е идеално време за сплеткарошите кои најдоа свои сојузници во "претставниците од Бардовци". Тие им ја вршат нивната замисла која отворено се нуди и се пропагира.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"