ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Македонски темелници на Христовата вера

РЕНЕСАНСА ВО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Во целата Македонија се треба да биде во екот на 100 години од Илинденското востание, нашето свето битие. Така оваа наша света библиска земја ќе претставува вистинска Господова убавица. Оваа намачена земја Бог ќе ја воскресне од мрачните небитија.
  • Сите сестрински цркви ќе го положат своето мрачно оружје и ќе дојде денот на единство, љубов и прегрнување. Тое е божјо и апостолско пророштво.

Господ ја сака вистината и љубовта кон луѓето, кои се губат во вителот на оваа наша страдална земја. Како прво нашите сестрински цркви не сакаат да го признаат автокефалниот статус на нашата Света Климентова црква, нашата древна вистина, нашата иконографија на прочуените зографи.

Бројните манастири, монаштвото, древните манастири кои се простираат по оваа наша скапоцена земја и целиот сјај што го поседува оваа библиска земја, како светлина на Евангелието, се непокорливи пред злото и омразата. Околу нас летаат црни јастреби кои сакаат да го помрачат небото кое е над Македонија.

БИБЛИСКИ ЦРКВИ

Нашата МПЦ и тука и во дијаспората е во полно преображение на својот ентитет. Се осветија нови храмови, некои почнуваат да се градат. Се е во екот на Христовите пораки и посланија. Храмот "Св. Илија" ќе се гради во населбата Јане Сандански, а изградбата започнува на светиот Илинден.

Градбата на катедралниот храм на "Св. Богородица" која е заштитничка на нашиот град од необјаснети причини се уште мирува, но опасно влијае кај верниците. Да се надеваме дека се ќе биде во ред. Убавата црква "Св. Атанасиј" во населбата Ѓорче Петров е во полн сјај, и започна да му служи на Господа. Тоа е дело на ктитори, силни Македонци, православни творци. Својот ден го чека и убавата црква "Св. Злата Мегленска" - македонска светица.

Исто е и со црквата "Св. Никола" во населбата Бутел И која доцни повеќе години, и таа е дел од оваа македонска ренесанса.

Во целата Македонија се треба да биде во екот на 100 години од Илинденското востание, нашето свето битие. Така оваа наша света библиска земја ќе претставува вистинска Господова убавица. Оваа намачена земја Бог ќе ја воскресне од мрачните небитија. Таа е земја Александрова, земја Самоилова, земја на новородениот Ерусалим. Таа е апостолска татковина на безброј знајни и незнајни борци. Иако е во стегите на едно нечесно време, во стегите на мршојадците, таа воскреснува од едно разбитие и станува лулка на една прекрасна оаза. Таа се крева во висините на небото, во висините на светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум, во висините на преголемот Илинден и неговите јунаци.

НЕПОКОРНА ЗЕМЈА

Таа е жив факел кој не согорува и вечно свети и победува. Нема сила која може да ја урне, таа е во херувимите на Библијата, таа е вистина, најголема круна на православието.

Сите сестрински цркви ќе го положат своето мрачно оружје и ќе дојде денот на единство, љубов и прегрнување. Тое е божјо и апостолско пророштво. Нашиот Поглавар се наоѓа во Канада, каде осветува македонски храм и ги запалува кандилата на воскресението. Македонија живее, се бори и победува. Никогаш нема да умре, таа е ренесанса на едно ново време, на големиот Илинден.

Таа е светол ореол на бесмртната непобедлива кауза над гревот, кој ќе се претопи во божјата вистина. Таа е благословена со вечност. Господ да те благослови маченице, страдалнице, среќнице и победнице. МПЦ е химната на ерусалимските камбани.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"