лавниот, силниот и храбар војвода
во битките, богатиот и "со телото многу крупен" Преподобен Томе Малеин,
го позна "вечниот Извор на секое добро" - Господ Исус Христос и се откажа од
светската слава и чест. Го примил монашкиот чин и се повлекол од светот во
пустина. Живеел и се изложувал на најтешки подвизи во десеттиот век.
Неговата љубов кон Христа била толку голема што Бог му испратил водачи и
патоводители "ноќе пред него да оди огнен столб и Светиот пророк Илија", и
тој стигнал во пустинската гора наречена Малеа, до Света Гора. Таму се
подготвувал за Царството Небесно. Живеел осаменички живот, бил само со Бога
и се удостоил со Божествени откровенија. Бог му подарил во изобилие "сила на
чудотворство и благодат на исцеление" и ги лечел луѓето од секоја болест. По
неговите молитви кон Бога, се појавил извор на вода на безводно место.
Умрел како победник над непријателите на човечкиот живот и како некогаш
кога храбро ги победувал видливите непријатели, така во пустината ги
победувал невидливите војски на зли духови. Со силните молитви на Светителот
кон Бога и со благодатта на Христос (а и со нашата вера кон нив), неговите
свети мошти вршат натприроден начин на лекување, дури и од неизлечиви
болести. Преподобен Томе Малеин се слави на 7.07./20.07. Слава, сила, моќ и
благодарност низ сите векови на Пресвета Троица Кој преку него дејствува и
врши необични дела.
СВЕТО ИМЕ
На истиот датум & се оддава чест на познатата во светот Света
Великомаченица Недела. Во време на христоборните цареви Диоклецијан и
Максимијан, христијаните биле жестоко прогонувани, мачени и убивани. Тогаш,
во Анадолија живееле набожните христијани Св. Доротеј и Евсевија. По
молитвите кон Бога, во подоцнежните години, Бог им подарил женско дете кое
се родило во недела и затоа при крштавањето го добило името Недела.
Нејзините родители, уште пред да се роди, ветиле дека ќе ја посветат на Бога.
Св. Недела пораснала "прекрасна со тело и душа" и се ветила да умре како
девојка и да се жртвува за Христа. Затоа ги одбивала момчињата кои ја барале
за сопатничка. Но, едно од одбиените момчиња, решило да & се одмазди. Ја
обвинило Недела и нејзините родители како христијани кај царот Диоклецијан.
По наредба на царот, родителите на Св. Недела биле мачени и прогонети од
Анадолија во Мелитин, кај управникот Јустин. Таму, во најголеми маки, како
маченици за Христа, го завршиле својот живот. Диоклецијан ја предал Св.
Недела на суд кај царот Максимијан во градот Никомидија (М. Азија).
Св. Великомаченица Недела
На судот, пред царот, Св. Недела храбро ја потврдила својата вера во
Христа. Затоа тој наредил да ја стават на земја и да ја камшикуват. Ја
подложиле на најтешки мачења. Потоа царот ја предал на мачење на Иларион,
управителот на Витинија (М. Азија), а по неговата смрт, на неговиот
наследник, управителот Аполониј. Тој ја фрлил Света Недела во затвор и
наредил да биде мачена на најѕверски начин. Нејзиното тело било претворено
во крвави рани. Тогаш во затворот & се јавил Господ Исус Христос, кој & ги
излечил раните и & рекол: "Не плаши се Недело од маките, мојата благодат е
со тебе". Св. Недела му рекла на Аполониј: "На ниеден начин не можеш да ме
оттргнеш од мојата вера ... За мене е живот за Христа да се умре".
МАЧЕНИЧКА СМРТ
По наредба на Аполониј, Св. Недела била фрлена во оган, но останала
неповредена. Пред неа довеле ѕверови за да ја изедат жива. Но, сесилната
Христова благодат ја спасило од раните, од огнот, од ѕверовите. Многу луѓе,
гледајќи ги Божјите чуда, поверувале во Христа, но биле убиени. Тогаш
Аполониј, на судот донел смртна пресуда: Света Недела да биде со меч
посечена.
Изнесена надвор од градот, таа клекнала на колена, ги издигнала рацете
кон небото и упатила последна молитва кон Бога да не ја разделува од
нејзините родители, нејзината и нивните души да бидат во вечниот живот
заедно упокоени. Бог да ги спаси сите оние кои ќе го слават нејзиниот спомен.
Со овие последни зборови го испуштила својот дух во 289 година, во
Никомидија, пред да биде нејзината глава со меч посечена.