ИСТОРИЈА

Билет во еден правец": Истражувања од областа на националната историја на Македонија - кои и како ја режираа судбината за геноцидот над Македонците под Грција од 1945 до 1949 (6)

ПРИВРЕМЕНА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА

Подготвила: Жаклина МИТЕВСКА

  • На 13 јануари 1948 година во црквата на с. В'мбел, Костурско, беше одржан Првиот конгрес на македонската национално-ослободителна организација НОФ.
  • И двете завојувани страни во Граѓанската војна се базираа на тоа дека сите отселувања (миграции) на деца од воената зона, настануваа од нужност.

Во трудот "Билет во еден правец" пишува дека во февруари 1947 година, раководството на КПГ донело одлука за промена на задачата на ДАГ, односно на стратешката цел на нејзината вооружена борба - борба на притисок врз атинскиот режим за мирољубиво решение на грчкото внатрешно прашање во борба за соборување на тој режим и заземање на власта. Владата на Атина строго реагирала и дури преку грчкиот Парламент донела низа закони. На 24.02. 1947 година, кралот на грчката држава и грчката Влада јавно ги повикувал борците на ДАГ да се предадат до 15 март 1947 година. Во повикот се велело дека сите сторени дела против државата и народот ќе им се амнестираат, доколку до одредениот рок се придржуваат на повикот и се вратат во своите домови. Американскиот министер за надвореши работи, Г. Маршал, како што пишува во "Билет во еден правец" на 14 февруари 1947 година, изјавил дека Владата на САД е задоволна од владината промена во Грција и дека во интерес на САД и на сите обединети нации е Грција да прими помош за да ги зачува својата независност и територијалниот суверенитет. Решеноста на двете западни земји-Соединените Американски Држави и Велика Бртанија по секоја цена да спречат грчките комунисти да ја заземат власта, резултирала со интервенцијата на САД во Грција изведена преку познатата Труманова доктрина на 12 март 1947 година. Оваа доктрина јасно го предупредила Сталин да не се надева на успех во Грција. Неограничената помош која ја добила Грција преку Трумановата доктрина и во продолжение преку Маршаловиот план & овозможила да создаде бројна и модерно вооружена армија, оспособена и подготвена да ја порази ДАГ.

РАЗВОЈ

Во книгата се потенцира дека било интересно и прашањето: дали НОФ знаел каков е ставот на генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис.

Никос Захаријадис, уште од 2-от Пленум на ЦК во 1946 година сакаше воената борба, и тоа уште на почетокот да биде притисок за мирољубиво решение и за демократски развој, а не да ја земеме (освоиме) власта.

Мртви учесници на ДАГ по жестоката битка

Оваа идеја не ја напушти и по септември 1947 година кога се одржа 3-от Пленум на ЦК, каде што одговорноста на Партијата беше посветена на борбата. Да, секако Захаријадис ја поддржуваше таа идеја (став) се до 1948-1949 година, кога се водеа конкретни разговори во ООН, со предлог и поддршка на Советскиот Сојуз, за мирољубиво решение на грчкото прашање. Предвидувањето на Американците за развојот на настаните во Егејскиот дел на Македонија во пролетта 1947 година, го искористија грчките власти уште повеќе да го зајакнат и да го омасоват прогонот против Македонците. За да му дадат правна основа на теророт, донесоа повеќе закони и други прописи, пишува во "Билет во еден правец".

Кочов меѓу другите ги споменува и донесените закони и законски прописи: ПЗ 511/47, "За организирање на концентрациони логори", "Закон за присилно евакуирање на населението од внатрешноста во градските центри", Декрет Л-3 "За лишување од грчко државјанство на лица кои дејствуваа антидржавно", ПЗ 509/47, "За мерки за безбедност на државата, уставниот поредок и заштита на граѓаните".

Од 15 до 17 септември 1947 година бил одржан 3-от Пленум на КПГ, на кој се расправало за воените прашања. На 27 септември 1947 година, како што пишува Кочов, Главниот штаб на партизанските единици на Маркос издал наредба да се изврши мобилизација. Но, оваа мобилизација, затоа што се спровела само во македонските села одвај ја достигнала бројката од 15.000 до 17.000 борци учесници во ДАГ. Пленумот решил и го задолжил Главниот штаб на ДАГ да почне со мобилизација во целата земја и до март 1948 година вооружаните сили на ДАГ да нараснат на 60.000 борци. На истиот Пленум било донесено решение, од централното тежиште на самоодбрана да се премине во напад, во борба за власт. За постигнување на таа цел бил изработен воено-оперативен план "С", односно познат како "Езеро". На овој Пленум се истакнала и паролата: "Сите на оружје, се за слободата! "Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, окружена со планинските масиви на Пинд, планината Пиерија, Каракамен, Кајмакчалан и Вичо, и со тој план требало да се ослободат градовите Лерин, Воден, Негуш, Соботско, Коница и други. Тоа би било како прва етапа за ослободување на Грција. На 27.09. 1947 година, Главниот штаб на ДАГ издал наредба за мобилизација на сите мажи од 17 до 35 години. Со не помал интензитет, веќе за неколку месеци (од 4 - 9 месеци) се вршела мобилизација на бегалците Македонци (политичката емиграција во Југославија) низ Скопје, Велес, Штип и Битола, од разни Ворјасовци и се испраќаа во единиците на ДАГ.

Врз основа на решенијата на Третиот пленум на ЦК од 12-15 септември и на ПБ на ЦК на КПГ од 02.12. 1947 година на 23.12. 1947 година е формирана Привремената демократска влада на Грција (ПДВГ). Формирана е во Преспа, во Асамати (Н.Р. Македонија - Југославија), во зградата на предвоената пристанишна капетанија. Седиштето на Владата требаше да биде во грчкиот град Коница (како што тврдеше генералниот секретар Захаријадис дека признавањето е обезбедено: "... Ќе ја заземеме Кон Коница, ќе ја формираме владата и веројатно ќе не признаат"), пишува Кочов.

Животот за време на Граѓанската војна

Авторот Кочов во книгата потенцира дека доаѓањето на членовите на Владата во Преспа го обезбедувал потполковникот на УДБ Слободан Крстиќ - Учо Југословен, офицер на ЈНА. Владата првобитно била составена од осум членови и тоа: за претседател бил поставен Маркос Вафијадис, а за членови: Јанис Јоанидис, Петрос Русос, Милтијадис Порфирогенис, Петрос Кокалис, Василис Барџиотас, Димитриос Вландас и Леонидас Стрингос. Исто така со декрет биле унапредени 25 лица во чин полковници на ДАГ, но ниту во Владата, ниту меѓу овие офицери, кои претставуваа военополитички фактор на ДАГ, немало ниту еден Македонец.

Привремената демократска Влада на Грција (ПДВГ-во планина), беше еднопартиска и еднонационална, односно беше составена исклучиво од Грци комунисти. И покрај тоа што повеќе од 50 отсто до 60 отсто од силите на ДАГ беа составени од Македонци, а ги сретнуваме само во историјата за "Егејска Македонија" дека НОФ бил военополитички фактор. Зошто?, прашува Кочов во "Билет во еден правец".

МОБИЛИЗАЦИЈА

На 13 јануари 1948 година во црквата на с. В'мбел, Костурско, беше одржан Првиот конгрес на македонската национално-ослободителна организација НОФ. Беше речено: "Првиот конгрес на НОФ претставува најсветла етапа на македонската поилинденска историја....и стои на интернационални позиции и со искрена намера да помогне во развитокот на грчкото движење, НОФ се согласува три четвртини од македонските партизани да се борат во редовите на ДАГ јужно од Олимп, односно во сите краишта на Грција...", и беше констатирано дека во единиците на ДАГ се мобилизирани повеќе од 20.000 Македонци. Во тоа време според податоците на ГШ на ДАГ, низ цела Грција немало повеќе од 25 -28.000 борци на ДАГ). И двете завојувани страни во Граѓанската војна се базираа на тоа дека сите отселувања (миграции) на деца од воената зона, настануваа од нужност и причините за "одземањето" секоја страна ги објаснувала исто како и другата страна. Од сето иследување произлегува дека и за двете страни, многу е тешко да се откријат точните мотиви и да се каже: Кој, зошто и кога прв почнал. За комунистичката страна, информациите што се присобрани од УНСЦОБ и од други извори, покажуваат дека масовните иселувања не биле почнати во март 1948 година, иако неколку групи деца биле земени уште во јануари. За владината страна, во спомените на кралицата Фредерика се тврди и многу јасно е дека "борбениот пат", за "одземание на децата пред да ги земат комунистите", почна веднаш по создавањето на Кралското Здружение за Грижа на деца, во јуни 1947 година, но расположивите писма со поплаки, потврдуваат дека многу подоцна се принудени на таква специјална програма за отселување на деца, приближно се совпаѓа со истиот период на време, кога и владината пропаганда почнала да ги обвинува комунистите дека вршеле "Педомазома". Веројатно изјавата на кралицата се однесува на некоја збрка со општата преселба на села од воената зона која владината војска ја имаше почнато уште во 1947 година и што требаше, природно, да прими илјадници деца иА немоќници"), пишува во "Билет во еден правец".

"Окружните управители, војската и морнарницата се согласија на соработка, на планот од кралицата Фредерика за отселување на деца. Целта им е да отселат 10.000 - 12.000 деца. До 31 март имаа отселено 6.240 деца.

(Продолжува)


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"