АРХЕОЛОГИЈА

Едно ново и значајно откритие од областа на карпестата уметност

БУКВИ ОД ПРАИСТОРИСКО ПИСМО

Пишува: Милева ЛАЗОВА

  • Откриена е плоча испишана исклучиво со старо македонско крстовидно писмо кое има аналогија во буквите од бакарната книга откриена во Македонија.

Едно од најважните откритија во областа на карпестата уметност воопшто е откриената плоча во Битолско, испишана од двете страни на старо македонско крстовидно писмо.

Плочата е испишана од двете страни. Од едната страна е претставено сонцето со два кратковидни знака, еден од купула. Овој комплексен соларен симбол е во контекст на три купули и писмениот знак Y кој е присутен и во праисториските старомакедонски писмени системи и во средновековното старомакедонско писмо. Од другата страна имаме кружен текст во чија средина е купула (вдлабната полутопака).

КРСТОВИДНИ БУКВИ

За прв пат во историјата на македонската писмена традиција, како и во историјата на светската писменост, откриваме ваков тип на писмо кое било практикувано во определен период на целата територија на Македонија и подалеку во Егејот, со таа забелешка што на територијата на Македонија се откриени стотици плочи и камења испишани со овој вид писмо, вели д-р Душко Алексовски, претседател на Центарот за карпеста уметност.

Со исклучок на буквите:

сите други крстовидни букви се во контекст на купули:

Буквите од овој праисториски текст имаат аналогија во буквите што ги среќаваме во бакарната книга, како жив сведок на развојот на писменоста на територијата на Македонија.

Во моментов плочата се чува во една селска црква, за да не стане плен на неупатени лица, кои мислат дека во внатрешноста на секој гравиран камен или карпа некој вметнел златни монети.

БИБЛИОТЕКА

Во непосредната околина на плочата откривме 862 помали текста испишани со крстовидни букви и тоа претставува огромна праисториска библиотека на отворен простор, објаснува д-р Алексовски. За жал, Министерството за култура оневозможи нормално работење на Центарот за карпеста уметност, а со тоа Македонија вечно ќе биде осакатена со ненавременото откривање на преостанатиот дел од карпестите гравири, особено во битолскиот крај кој е еден од побогатите региони со праисториска карпеста уметност.

Според Светскиот конзорциум за истражување на карпестата уметност и старите писма, плочата е од времето на праисторијата и фрла светлина во неосветлените праисториски простори на светската цивилизација.

Со ова ново откритие по којзнае кој пат се потврдува тезата на д-р Марија Гимбутас, академикот и професор д-р Харалд Хаарман, академик д-р Марко Мерлини и други, дека Центарот на писменоста е областа од Дунав на Север, до Солун на Југ и дека писменоста на Балканот и Македонија се појавила 2000 години пред писмото во Месопотамија, според лабораториската анализа на артефактите откриени на Балканот, додава д-р Алексовски.

Овие ексклузивни откритија предизвикаа нов светски собир, во месец август идната година во Белград, каде откритијата во Македонија ќе заземат централно место.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"