ФОРУМ

ТРГНЕТЕ ГИ РАЦЕТЕ ОД МАКЕДОНИЈА!

Љупка Ципушева, дипломиран филолог Сопственичка структура и економска власт Милан Бетувски

Времето е божји претставник, не потсетува дека треба да му се предадеме, затоа што тоа е тука пред нас како сведок.

Тоа што времето го прави време е: минатото, сегашноста и иднината. Му благодариме на времето минато кое ни сведочи дека ова парче земја на земјинава топка е земјин елемент со вечно гордо име Македонија.

Времето минато има свој почеток кој е Божја тајна и тоа е добро затоа што во тајната се крие мистичноста која го создала животот.

Исто така, и името Македонија е божја тајна. Зошто токму Македонија, зошто токму овде на Балканот, но тоа е така, и ние не смееме да чепкаме во нешто за коешто не сме овластени, а ниту со сила да го менуваме нејзиното место, нејзиното име и нејзиниот род.

Оваа земја е света земја, а знам и зошто.

Таа е како бистра смирена вода, ослободена е од сите нечистотии, во нејзината внатрешност може се јасно да се види онака како што и во суштина е, можеме јасно да го видиме нејзиното сопствено постоење кое е многу пријатно и привлечно. Над неа бдеел македонскиот, нејзиниот род, ја чувал, во гради ја носел, исто како и таа него, заедно со почит еден кон друг во времето минато, а тоа биле векови и векови.

Во секој случај, од овие векови, надвор од неа, се раѓале таканаречени лажни полубогови кои сакале да си го видат лицето во нејзините бистри очи. Нејзината смиреност многу ги лутела полубоговите затоа што во нејзината бистрина јасно си ги гледале нивните рогови. И така, гневни на својот изглед, како крлежи & се забивале во кожата и & нанесувале неподносливи болки, ја мателе нејзината бистрина до степен на затемнување.

Степенот на затемнувањето јасно го сведочи времето на мигот кога земјините полубогови рекоа да & се отсечат Пирин и Егеј од нејзиното тело. Ама тука е Бог, тој вистинскиот, кој ја создаде неа и нејзиниот живот, тој нареди да живеат нејзините отсечени делови, да мрдаат нивните прсти, одделени, но под негова милост. Остана овде ова одделно тело без своите витални органи, но не престана да живее, неговото срце безмилосно ја пумпаше крвта, така го челичеше телото, се со цел да опстане родот свој, а со него и накачените крлежи.

Времето на вистината сведочи за нејзината страшна болка.

Светски полубогови и накачени крлежи! Овде, каде што делите умови, овде каде вадите оружје, не е ваше, не, и затоа не ве боли. Прашајте го родот македонски во Егеј, во Пирин, крај Вардар, во Преспа, прашајте го него да видите каква болка тој чувствува.

Ако сте умови, да ве прашам, каде е вашиот симптом на умот - разумот? Дали во вашите земји се изучува предметот историја - мајка на незаборавот? Дали кај вас се изучува науката која се вика правда? Гледам дека вие го изучувате само предметот сила.

Свесно човечко суштество е она кое, иако несовршено, но свесно си ги извршува своите задачи, а несвесен е оној кој совршено ги извршува туѓите наредби. Зарем вие сте тоа? Дојдени овде во Македонија под туѓа наредба да им помагате на крлежите кои не знаат што прават!?

Нив ги има насекаде. Знаете ли како се вика болеста предизвикана од крлеж? Знаете ли зошто на крлежот му се гледа само надуеното тело? Знаете ли зошто телото се одделува од главата? Замислете го ова надуено тело со туѓа крв и без глава - ниту знае каде оди, ниту знае што прави затоа што си ја изгубило главата.

Но, овде се поставува и едно друго есенцијално прашање. Земјо моја, каде е твојот Македонец - ороводец кого двоглава ламја го голта, а тој занемел? Занемел зашто крлежите му ја исцицаа крвата, бледолик никој не го сака. Наместо за крвта своја да мисли, тој оро води со главите на крлежот, бог да чува од помислата дека бледоликиот, крлежот и лажните богови веруваат во чудо кое ќе ги направи големи водачи на својот таканаречен народец. Ами, може ли човек, партија, или мисионер да извршува првокласна општествена активност ако не достигнал степен на ослободување од претходно направените свои гревови?

Ако се соберат резултатите од оваа нивна навидум врвна среќа на војнава кај нас, околу нас, а и подалеку, резултатот краен е под нула. Тогаш сите ќе паднат на најниската положба во животот. Многу политичари во светот паднале на овој начин, останале само како сатани од родот свој, бидејќи не сакале совет од свесниот, а совесникот овде е народот кој вели: Оставете ја сите оваа бедна слабост на омразата кон човечкиот род македонски, погледнете во очите на вистината, не правете одвратни дела, застанете против далечниот пријател кој очигледно ве покорува. Во државава владее систем на невозможност.

Кое човечко суштество може да ужива во плен натопен во крв? Најголем пораз нека ви бидат изгубените млади животи од сите националности, измасакрирани македонски момчиња од болни албански умови, наречени терористи. Штета за еснафот албански кого го посрамотија. Зар сево ова за денар плус, зар сево ова за власт - бледолики, не попуштајте ја можноста заради неможности, проникнете од длабочината на поморов ако сте чесни кон својот род и својата земја, или тргнете се! Запаметете!

Еснафот ќе остане еснаф, сатаната сатана, Јудата јуда, а гласот на вистината ќе рече: Никогаш не било време кога Македонија не постоела, ниту ќе биде време кога таа нема да постои.

Затоа, тргнете ги рацете од неа, таа е света земја.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"