нигата "Вештина на командувањето"
од францускиот воен автор Андре Гаве неодамна излезе од печат и на
македонски јазик. Иницијатор и носител на проектот за преведување на ова
дело за военото командување е мајор Звонко Додевски кој направи да биде
достапно до македонскиот читател. Читајќи го делото на "Вештина на
комадувањето" на Андре Гаве, читателот не може, а да не се потсети на
моралните вредности кои ги пропишува Правилото за службата на АРМ кои треба
да бидат одлика на секој војник и старешина.
Иако е напишана пред 104 години, скоро е неверојатно дека се што е
напишано во првото издание на ова дело во иста мерка е актуелно и денеска и
дека нема скоро ништо што може да му се додаде или пак да му се одземе. "Вештината
на командувањето" прв пат е објавена во 1899 година, а подоцна и во
неколку списанија, а во 1921 година го доживеала своето 4 издание.
ВОЗВИШЕНА ЗАДАЧА
Оваа книга првпат ја прочитав во 1999 година. Бев изненаден од повеќе
работи. Од тоа дека содржината на оваа книга денес е актуелна во иста мерка,
иако е напишана пред 104 години, вели мајор Додевски. Потоа од
прецизноста со која се третираат проблемите на офицерскиот армиски персонал,
како и од јасната порака каков треба да биде и каков не смее да биде
офицерот при вршењето на офицерската должност и со својата концизност.
Исто така се изненадив дека оваа книга се уште не е преведена на
македонски јазик. Се нафатив на оваа возвишена задача да ја преведам, со цел
истата да стане достапна на офицерите во АРМ. Сметам дека "Вештина на
командувањето" треба да ја прочита секој наш офицер и подофицер.
Според мајор Додевски за младите офицери таа е важна затоа што тие се на
почетокот на кариерата, за да им послужи како ориентир како да работат и
како да го градат имиџот на офицерот. А додека за офицерите со подолг стаж
во Армијата треба да ја прочитаат за да се потсетат на основните особини и
вредности на офицерската должност за да не подлегнат на искушенија што ги
носи животот. И за едните и за другите таа е патоказ како успешно да
командуваат.
Делото "Вештина на командувањето" е лесно четиво кое ја допира суштината
на офицерскиот позив, додава мајор Додевски. Проблемски укажува на
грешките и заблудите кај офицерите при вршење на должноста. Од
посебна важност е што е даден акцент на офицерскиот персонал одреден за
вршење на командните должности. Имено, целта на писателот е да укаже дека
секој офицер треба да биде оспособен да командува со вистинска единица во
мир и во војна, односно офицерот кој не знае да командува со единица е квази
офицер или обичен чиновник во униформа.
Од посебна важност е што тематиката обработена во книгата од психолошки,
андрагошки и социолошки аспект досега не е доволно истражена и презентирана
на нашата армиска и поширока јавност. Ова дело ќе биде од голема полза за
пошироко сфаќање на феноменот на лидерството. Феноменот на лидерството во
АРМ е од посебно значење за сите офицери, а најмногу за командирите и
командантите.
УСЛОВИ
Делото "Вештина на командувањето" е модел како треба офицерот да
командува и да се однесува. Тоа како дури и сега не се изучува во
нашите воени школи. Колкава е вредноста на ова дело зборува и наградата на
француската Академија на науките и уметностите, објаснува мајор Додевски.
Најголемата потврда за вредноста, всушност, се наоѓа во самото дело.
Писателот ја идеализира воената служба и офицерскиот позив, но во иста мерка
е критичен кон сите пороци и заблуди кои го попречуваат успешното вршење на
службата. Така, тој со голем пиетет зборува за иницијативата, самодовербата,
постојаноста, карактерот, пожртвувањето, должноста, честа, лојалноста,
војничкиот дух, офицерот и офицерскиот кодекс, посветеноста, личниот пример,
одговорноста, овластувањето, вештината за командување и свеста за
националната должност - одбрана на земјата. Со иста енергичност тој ги
посочува и појавите кои му пречат на командувањето, како што се:
ароганцијата, недисциплината, полтронството, лицемерието, неодговорноста,
озборувањето, мамењето, избегнувањето на обврските, плашливоста,
одмаздољубивоста, себичноста, љубомората, интриганството, безгрижноста,
неспособноста, неуредноста, задоволувањето со просечноста, понизноста,
корумпираноста, барањето и давањето на привилегии, вршењето на нечесни
работи за стекнување лична корист или поголем чин. Претходно реков дека
најголемата вредност на книгата се состои во пораката како
офицерите успешно да командуваат. Тие успешно ќе командуваат ако се
исполнети следниве услови - офицерот да има вистинска власт (овластување);
да ги постави вистинските луѓе на вистинските места; да командува со
вистинска војска; да не му се пречи во работата; да не ја работи работата на
потчинетите и да не им се меша во работата за секоја ситница; да не ги
повторува своите заповеди, треба да ги даде еднаш, кратко и јасно; да е
самостоен и иницијативен; да ги мотивира потчинетите; да командува без страв;
да е материјално ситуиран; да е поштеден од понижување; самостојно стручно
да се усовршува.
Како што вели нашиот соговорник, ова не е ништо друго, туку формулата за
професионализмот. Професионализацијата во АРМ која е сега во тек, ќе
биде побрзо спроведена доколку офицерите ја прочитаат оваа книга.
Така, суштински ќе го сфатат професинализмот, а тоа значи дека тие треба да
се професионално посветени, професионално обучени, треба да работат
професионално и да бидат платени како професионалци.
Ова се причините зошто се нафатив да ја публикувам книгата "Вештина на
командувањето", вели мајор Додевски. Актуелната состојба во АРМ уште
повеќе ја потврдува потребата од едуцирање со ваков вид на литература. Ова
го направив затоа што сум свесен дека едукацијата и развојот на офицерот не
завршува со завршување на воената академија или КША, туку напротив тоа е
само основа за стекнување на најважната вештина на офицерот - вештината за
командување во мир и во војна. Се надевам дека мојот пример ќе го следат и
други офицери за да ја извршиме најблагородната задача - обучување на
офицерите за успешно командување со единиците. Моето излагање ќе го завршам
со еден цитат од големиот кинески војсководач Сун Цу Ву која гласи:
Во мир подготвувајте се за војна, во војна подготвувајте се за мир.
Вештината на војувањето е од животна важност за државата. Тоа е прашање на
живот и смрт, пат кон безбедност или пропаст, затоа не треба никогаш да се
запостави