екое второ семејство во државава
маки мачи за да се прехрани. Се почести се отпуштањата од работа,
прогласувањето технолошки вишоци и стечајци. Место нови вработувања нови
лица во редот пред Бирото за вработување, додека потрагатата по парче бајат
леб во контејнерите станува постојана глетка. На Македонија & се заканува
армија од гладни луѓе.
Неодамна беше презентиран Извештајот за човековиот развој - 2003 година
на УНДП според кој само се потврди голата вистина за нашата безнадежна
сиромаштија.
На Македонија и се заканува армија од гладни луѓе
Според индексот на сиромаштијата на Програмата за развој на ОН (УНДП),
Република Македонија се најде на 60 место. Направените статистики говорат
дека 24 до 30 отсто од граѓаните во државава се сиромашни.
Извештајот на тема "Милениумски развојни цели: Договор меѓу нациите за
ставање крај на човечката сиромаштија" во себе ги опфаќа осумте развојни
цели, усвоени во 2000 година, а со кои до 2015 година треба да се преполови
бројот на луѓе кои страдаат од сиромаштија и глад, да се зголеми бројот на
деца кои се запишуваат и завршуваат основно образование, да се елиминира
диспропорцијата на жените во основното и средното образование до 2005 година
и постигнување еднаквост на сите нивоа до 2015 година, да се намали
смртноста на бебињата и мајките за две третини од сегашната стапка, борба
против маларијата, сидата и другите болести, обезбедување одржливи животни
услови и средина и создавање глобално партнерство за развој.
Потрагата по парче бајат леб по корпите за отпадоци
станува постојана глетка
Според националниот програмски менаџер на УНДП, Весна Џутеска - Бишева,
Македонија се наоѓа во групата на средноразвиени земји според индексот на
човековиот развој и оти, и покрај забележаното високо ниво на индексот, во
нашава земја се забележуваат негативни трендови, или како што вели таа се
создаваат џебови на сиромаштија. За сиромаштијата во нашава земја и она што
треба да се направи за борба против неа се осврна и заменик министерот за
финансии, Димко Кокаровски.
Прифаќањето на препораките од Милениумската декларација, взаемната
соработка на државните институции, мониторингот и транспарентноста во
постојните процеси на одлучување, но и поврзување на целите на стратегијата
со конкретни мерки и нивно буџетско покривање, се дел од процесот кој би
довел до намалување на мултидимензијалниот феномен на сиромаштијата,
вели Кокаровски.
Засега и покрај многуте ветувања и очекувања од министерството за
финансии за надминување на сиромаштијата во државава, реалноста укажува дека
бедата ни тропа на секој чекор.
ОТПУШТАЊА
Покрај последните отпуштања на вработените во ЕСМ најавите за отпуштања
на дел од вработените во јавната администрација повторно внесоа
вознемиреност кај многу административци.
На седницата на членовите на Економско-социјалниот совет беше
констатирано дека Процесот на реформа во јавната администрација треба
првенствено да се одвива преку одвојување на несуштинските дејности и нивно
приватизирање, а рационализацијата на вработените да се бара како крајно
решение. Социјалните партнери од Владата, Синдикатот и Стопанската комора се
согласија дека рационализацијата на вработените во јавниот сектор не може и
не смее да биде механички процес, туку сите систематизации што се прават да
бидат врз основа на реалните потреби на јавните претпријатија и установи.
Ќе најде ли лек министерот Гошев за да ја излекува
неизлечивата сиромаштија?!
Според министерот за труд и социјална политика, Јован Манасиевски, во
процесот на рационализација Синдикатот ќе биде вклучен во сите нивоа, а таа
ќе се спроведува врз основа на Колективниот договор и законите за работни
односи и за државни службеници. Манасиевски ги разбира сомневањето и стравот
бидејќи, како што рече, "во државава веќе десет години се говори за
реформи на јавната администрација, многу процеси се почнати и недовршени и
како резултат на тоа сме имале уште поголема јавна администрација".
ДЕФИЦИТ
Според податоците од Државниот завод за статистика, бруто-домашниот
производ во првиот квартал од годинава бележи пораст од 2,2 отсто. Индексот
на трошоците за живеење за првиот квартал е на исто ниво во однос на истиот
период од претходната година, додека индексот на цените на мало и индексот
на цените на производителите бележат пораст од 2 отсто, односно 1,5 отсто.
Во првиот квартал од оваа година во централниот Буџет е забележан дефицит
од 255 милиони денари. Јавната потрошувачка бележи номинален пад од 11,9
отсто во однос на истиот период во 2002 година.
Трошоците на централниот Буџет во првите три месеци од оваа година во
однос на 2002 година опаднаа за 18,7 отсто. Приходите во централниот Буџет
во првиот квартал од 2003 година бележат пад од 22,5 отсто во однос на
истиот период од 2002 година и изнесуваат 13,9 милијарди денари, пред се
како резултат на укинувањето на данокот на финансиски трансакции. Сепак,
ваквото драстично намалување на вкупните приходи во централниот Буџет не го
доведува во прашање неговото функционирање. Приходите по основа на Данокот
на додадена вредност се зголемија за 4,5 отсто, а приходите од персоналниот
данок од доход се на нивото од истиот период од 2002 година. Расходите во
централниот Буџет во периодот јануари - март 2003 година опаднаа за 16,4
отсто во однос на истиот период од 2002 година и изнесуваат 14,1 милијарда
денари. Трошоците кои се однесуваат на исплатата на средства на вработените
пораснаа за 15,8 отсто во споредба со првиот квартал од 2002 година. Во
првите месеци од 2003 година од Буџетот се издвоија вкупно 1,5 милијарди
денари за отплата на надворешниот долг.
Во првиот квартал од 2003 година централниот Буџет има дефицит од 255
милиони денари.