а 12 јули ќе го прославиме
празникот на светите апостоли Петар и Павле. И овој пат ќе се навратиме на
храмот на светите христови апостоли Петар и Павле, којшто се наоѓа во
најголемата и најстарата скопска населба Ѓорче Петров.
Исто така и во населбата Лисиче ќе има голем собир, еден навистина светол
настан. Традиционално населбата Лисиче го слави овој празник мошне свечено,
богато и со посебна програма. На овој ден во црквата се случуваат големи
настани поврзани со овие врвни светци меѓу кои и апостолот Павле, кој е
претходник и првиот христов следбеник кој стапнал на македонско тло да ја
проповеда светата книга, евангелието. Во населбата Ѓорче Петрво во
вознобновената и сега прекрасна црква во стил на старите манастирски храмови
која не потсетува на Плаошник на Светиклиментовото битие во Охрид, ќе се
одвива манифестација и прослава богата и мошне свечена.
ЛИТУРГИЈА
Овие два светли дена во месец јули претставуваат и симбол на нашата
христијанска православна црква, оти овие два апостола се и носители на
целокупното евангелско учење и љубов кон нашиот спасител. Тие претставуваат
вистински адиминистратори на христовото учење.
Во Ѓорче Петров се очекува да се одржи голема архиерејска литургија на
која ќе чиноначалствува (иако се уште не е потврдено) неговото блаженство
поглаварот на МПЦ г.г Стефан во асистанција со уште некои други митрополити.
Како и секоја година така и оваа овој празник со себе носи прекрасни
моменти од сите овие големи христијанско православни ритуали кои посебно во
оваа црква се одржуваат со посебен пиетет.
Ништо полошо не е ни во храмот во Лисиче. Исто така се слави помпезно и
приливот на верниците е многу голем и се очекува дека така ќе биде и оваа
година. Бидејќи оваа година е јубилејна од раѓањето на светилиот Илинден
значењето ќе биде уште поголемо и посветло.
Се знае дека ќе се одржи и заупокоена молитва за загинатите наши јунаци
од Илинденскиот еп и ќе се слави оваа 100-годишнина која е и столбот на
нашето битие и самобитие.
Нашата Македонија како независна република се гордее, како библиска
православна земја да го прослави овој ден онака како што заслужува.
ПОДГОТОВКИ
Свештенството и во обете цркви силно се подготвува и старешините на обата
храма ќе сторат се да празникот биде содржаен и свечен.
Мошне е среќно и мошне е восхитено да се најдеме во вознобновениот храм
во Ѓорче Петров кој со својата прекрасна глетка не потсетува на
манастирските убавици, оти црквата со своето ново руво денеска е гордост за
нашиот град и државата.
Старешината прота Иван Митевски и другото свештенство кое е едно од
најхомогенизираните братски заедници во градот, ни ветуваат дека ќе сторат
се да овој ден верниците се чувстуваат заедно со своите апостоли свето и
спокојно.
Да дојдеме да се помолиме со нашите молитви, да се најдеме на големата
трпеза на љубовта и возвишено да запееме во име на Господа и неговата љубов.
Да се свртиме кон херувимите на нашата црква и светата литургија да ја
воспримиме со смирение и вознес.
Два дена во овој храм и во храмот кој се наоѓа во населбата Лисиче ќе се
празнува. Два дена во срцата ќе блеската светлите имиња на апостолите Петар
и Павле, оти нашата православна црква денеска навистина празнува голем
настан.