азвојот на македонската
национална свест во 19 век и во раниот 20 век е од особено значење за
докажување на континуитетот во постоењето и самосвесноста на македонскиот
народ.
Авторот на книгата "Македонија и Грција - битката за дефинирање нова
балканска нација", Џон Шеј нуди еден активен приод кон овој период,
обидувајќи се да укаже на погрешната политика на Грција кон Македонија и на
обидот на Грција да "создаде" нова балканска нација во регионот. Единствен
начин да се биде правичен во овој случај е длабоко да се навлезе во
историските процеси и појави. "Овој процес не му нуди на набљудувачот
објективни информации за она што навистина се случувало. Може да испадне
дека нам ни се сервираат два потполно различни националистички митови. Не
може да биде возможно објективно да се анализира процесот на создавање нации,
начинот на кој овие специфични национални култури и идентитети се постојано
менувани и реконструирани во блиското минато".
ДРЕВЕН НАРОД
Анализирајќи ја националната свест кај Македонците во 19 и 20 век, Џон
Шеј, укажува дека националното самосознание е јасно и видливо и дека
македонската национална свест се развива паралелно со грчката.
"Доказите за засебна македонска национална свест може да се видат и во
константинополскиот весник на бугарски "Право" од 30 ноември 1870 година,
кој ја споменува замислата 'дека Бугарите и бугарскиот јазик се една работа,
а Македонците и македонскиот јазик се друга' ".
Гоце Делчев, синоним на македонското револуционерно
дело
Цитирајќи го Чуповски, авторот говори за инволвираноста на Македонците во
востанијата против Турците и за зачестеноста на овие востанија кон крајот на
19-от век. Тој тврди дека во времето на Руско-турската војна од 1877-78
година, две третини од волонтерите од балканските Словени, кои се бореа на
страната на Русија, биле Македонци. А Чуповски вели дека активноста на
Берлинскиот конгрес за враќањето на Македонија под турска контрола "предизвика
експлозија на разочарување и незадоволство во Македонија . Сиот народ стана
како еден човек и започна нерамноправна борба за ослободување од Турците.
Ова востание траеше повеќе од една година и заврши секако со триумф на
огорчените Турци, кои конечно ја опустошија несреќната земја. Многу села, па
и градови беа уништени и запалени, многу луѓе беа искасапени, а некои од
македонските интелектуалци беа убиени додека другите избегаа во слободни
држави".
Авторот го опишува и Кресненското македонско востание употребувајќи го
слоганот "Македонија на Македонците". Интересна е неговата анализа на
состојбата околу Сан-Стефанскиот договор и Берлинскиот конгрес во 1878
година. Потенцирајќи ја грешката што ја направиле Големите сили на Конгресот
со Македонија, Џон Шеј ја користи изјавата, односно телеграмата која
британскиот министер за надворешни работи Лорд Селзбери ја испратил до
неговиот амбасадор во Константинопол: "Нема сомнение дека бугарската област
не смее да остане со проширени граници од договорот, ниту пак смее да содржи
територии што не и припаѓаат од етничка гледна точка".
И странците знаат за вековните корени на МПЦ. Кого
лажат српските владици?
Слична телеграма добил и австрискиот амбасадор од својот претпоставен: "Нашата
влада под ниту еден услов, нема да толерира проширена бугарска држава.
Етничкиот принцип воопшто не е почитуван во прелименарниот текст. Свесни сме,
според статистичките податоци, дека Бугарите и Србите го населуваат
просторот меѓу Црното и Јадранското Море. Територијата на Македонија е
населена со разновидни етникуми, а доминантен е Словенскиот елемент. Меѓутоа,
познато е дека меѓу словенското насление се роди моќно движење за
осамостојување. Нашите интереси ни налагаат да навлеземе во Македонија за да
дојдеме до Егејското Море, за што ќе ја искористиме наклонетоста што ни ја
искажува словенското население во Македонија".
Ова е дефинитивна изјава од странски набљудувач во која се признава
постоењето на движењето за независност уште пред да се роди Тито, вели Џон
Шеј.
Тој ги споменува и пропагандите, кои во овој период биле навистина силни
и делувале од различни правци, меѓутоа сепак не успеале да го побркаат
македонскиот национален идентитет.
"Најверојатно најјасна индикација за засебниот македонски идентитет и
напорите за негово консолидирање е формалното создавање на револуционерната
партија во 1893 година, која уживала широка поддршка кај населението.
Двајцата македонски учители, Гоце Делчев и Дамјан Груев, се одговорни за
создавањето на тајната организација во Солун, која подоцна станала позната
под името Внатрешна Македонска Револуционерна Организација. Оваа група
започнала програма на образување на Македонците за вредноста на автономијата
и започнале систематска кампања на терор против Турците. Но, терористичките
акции не биле непробирливи. Револуционерите правеле разлика меѓу отоманската
власт и благонаклонетите елементи кај турското население, однесувајќи се кон
овие вториве на прогресивен и пацифистички начин, дури и за време на
Илинденското востание во 1903".
Како странец, Џон Шеј многу добро ја разбрал чистотата на македонското
револуционерно дело и борбата за слободна и независна Македонија: "Јас го
велам ова, бидејќи очигледно е дека некои од заговорниците се родени во
Македонија и имале македонски родители; тие го користеле македонското име за
нивнита организација; тие планирале автономија за Македонија; тие говореле
за "Македонија на Македонците"; тие кажале дека сакаат да создадат
Швајцарија на Балканот со што се имплицира прифаќањето на останатите етнички
јазични групи. Па тие дури имале поддршка и од луѓе со нехристијанско
потекло".
Авторот се задржува и на Илинденското востание, како најголемо и
најпрославувано востание на македонскиот народ, кое е и меѓународно
признаено како значајна случка.
"Востанието низ цела Македонија траело само два месеца пред неизбежната
победа на Турците! Велика Британија, Србија и Грција не сакале да
размислуваат за доделување на автномија на тој регион. Тие биле убедени дека
таа само би претставувала преодна фаза пред неизбежното соединување со
Бугарија. Дури и Русите - словенски народ, со иста вера, кој претходно ги
застапувал интересите на Бугарија не им помогнале на Македонците, и
револуцијата пропаднала. Одмаздата на Турците била сурова".
ЦРКВА
Повеќето истражувачи на македонската историја се сложуваат дека во
развојот на македонската национална свест важна улога одиграла Македонската
православна црква, која на некој начин му била и држава на македонскиот
народ. Ваквата констатација ја дава и авторот на "Македонија и Грција -
битката за дефинирање нова балканска нација", Џон Шеј, кој нуди детален
преглед на успесите и падовите на МПЦ низ нејзината долга историја.
"На почетокот на христијанската ера во Македонија, културен христијански
центар на Македонија и на Балканскиот Полуостров, општо земено, беше Солун
со неговата архиепископија. Сепак, императорот Јустинијан (527-565) ја
основа Илирската архиепископија во западна Македонија, близу до сегашно
Скопје, во вид на автономна единица. Оваа црковна организација, наречена
Јустинијана Прима, имаше еднакво овластување со она на Консантинполската
патријаршија. Цел Балкански Полуостров беше потчинет на неа. Подоцна
Јустинијан одлучи дека архиепископ треба да биде заповедан од сопствен
синод, со права еднакви на оние на Римскиот Папа.
Подоцна, најважен центар на христијанската национална култура во
Македонија стана градот Охрид, со својата Охридска архиепископија, основана
врз урнатините од Јустинијана од страна на словенскиот македонски император
Самуил. На оваа архиепископија и беа одобрени истите права како на
Јустинијана Прима. Како центар на уметности, книжевност и наука воопшто,
архиепископијата заведе значителна улога во дефинирање и бранење на
единствената македонска словенска култура во тек на периодот од 995 година
до 1767 година. На крајот од овој период, архиепископијата беше укината со
декрет на султанот, под влијание на грчките црвковни лидери во Истанбул и
беше поставена под јурисдикција на патријархот на Константинопол".
Последиците од оваа одлука Македонската православна црква и македонскиот
народ ги чувствува и денес бидејќи таа се уште се соочува со нејзино
негирање и непризнавање, вели Џон Шеј.
А пригушувањето на христијанските интереси го поттикнало отпорот кај
населението во целата област под власт на поранешната македонска црква,
вклучувајќи ја и Бугарија. Оваа борба на славизмот против хеленизмот водеше
до тоа Бугарите да основат нивна автономна црква (егзархија) во 1870 година.
"Многу Македонци & се придружија на оваа црква затоа што на Бугарите им
беше дозволено да основат цркви и училишта низ цела Македонија. Македонците
навистина имаа мал избор. Тие го избраа второто најдобро нешто по тоа да
имаат сопствена црква. Барем можеа да го употребуваат нивниот сопствен јазик
во оваа црква и да ги образуваат нивните деца на нивниот сопствен јазик во
црковните училишта. Правејќи го ова тие беа подложени на влијанијата на
бугарската влада, која ја искористи егзархијата за да ги унапреди своите
политички амбиции во Македонија".
Злоупотребата на македонскиот народ особено доаѓа до израз по 1878 година
кога беше отворен фронтот меѓу бугарската, српската и романската црква во
Македонија.
"Особено бугарската црква и Патријаршијата се натпреваруваа да стекнат
приврзаници. Новите бугарски училишта и бугарските цркви беа поставени
насекаде. На двете страни беа формирани вооружени банди, најверојатно за да
спречат употреба на сила од страна на другиот. На почетокот на дваесетиот
век, Македонската православна црква беше ставена под власт на српската
црква".
За време на Втората светска војна, Македонската црква ги поддржа желбите
за обединета Македонија. Првото модерно собрание на македонското православно
семејство се одржа во близина на Охрид во 1943 година. Овој состанок беше
инспириран и го негуваше македонскиот национален идентитет. А, по
ослободувањето, беше прогласена независна Македонска православна црква, под
водство на Архиепископот охридски и македонски. "По ова, српските и
македонските цркви беа во несогласување. Во 1958 година, српската црква, без
сомнение под притисок на Тито, ја прогласи македонската црква за независна.
Сепак, во поново време, почнувајќи од македонската политичка независност,
српската црква прави напори да ја обнови нејзината контрола врз македонската
црква. Македонката црква смета дека овие напори, поддржани од другите
православни цркви, се блиску поврзани со агендата на српската влада...
Во поново време, архиепископот Михаил, изјави дека Македонската
православна црква сака да соработува со соседните, српска, бугарска и грчка
црква. Архиепископот се надеваше, особено, на разбирање од страна на
влијателната Руска православна црква, иако воочи дека таа е 'се уште под
влијание на дезинформациите на овие, на нас соседни цркви'. Тој се надеваше
'дека ние ќе најдеме разбирање откога ќе ги дадеме нашите вистински
информации во врска со обновата на автокефалноста на Охридската
архиепископија и активностите на нашата драга Македонска православна
црква... Македонците се древен народ, ние сме древна црква, ние не креиравме
црква, ние ја обновивме нашата илегално укината Охридска архиепископија".
(Продолжува)