|
ЕКОНОМИЈА
Можностите на системот Global Refund TAX FREE SHOPPING
ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ КОГА КУПУВАТЕ ВО СТРАНСТВО
Пишува: Рената МАТЕСКА
- Тоа е фирмата која го овозможува враќањето на средствата од ДДВ во
повеќе од триесет земји во светот каде има таков систем и каде владите тоа
го дозволуваат.
Global Refund е
приватна корпорација со потекло од Шведска и е формирана нешто пред 25
години. Сега е мултинационална компанија со главни земји Австрија и
Германија, вели Дарко Христов, сопственик на менувачницата "Кортекс"од
Скопје која е партнер со Global Refund.
К ога купувате во странство имате
право да си го вратите данокот којшто е содржан во цената на купените
производи. Наједноставен и најсигурен начин да го направите тоа е преку
системот на Global Refund кој ќе го најдете во 210.000 продавници ширум
светот.
Тоа е фирмата која го овозможува враќањето на средствата од ДДВ во повеќе
од триесет земји во светот каде има таков систем и каде владите тоа го
дозволуваат. Global Refund е
приватна корпорација со потекло од Шведска и е формирана нешто пред
25-години. Сега е мултинационална компанија со главни земји, Австрија и
Германија, вели Дарко Христов, сопственик на менувачницата "Кортекс"од
Скопје која е партнер со Global Refund.
"Заштедете пари кога купувате во странство",
порачува Дарко Христов, сопственик на менувачницата "Кортекс"
Интересно е да се напомене дека Дарко Христов, кој е релативно млад човек,
има 28 години и иако живеел во странство, поточно во Виена, Австрија,
одлучил да отвори бизнис и да живее во Република Македонија каде како што
самиот вели му се наоѓа семката.
ИДЕЈА
Додека живеев во Виена имав лична потреба за исплаќање на TAX FREE
чекови. Постоеше можност за исплаќање
на граница, но таквото место не функционираше. Дојдов до состојба да ги имам
чековите, но да не можам да си ги наплатам. Откако се вратив од Австрија во
2000 година се решив да ја отворам менувачницата "Кортекс" која ќе ги
третира токму проблемите со коишто и јас самиот се соочив, вели Христов.
Според него менувачницата прави услуга за македонските туристи кои
купуваат во странство и таа е една од 500-те исплатни места во светот кои ги
поседува групацијата Global Refund TAX FREE SHOPPING. "Кортекс" всушност е
интернационално исплатно место и има ексклузивност од фирмата за да ја
претставува на ниво на цела Македонија. Клиентите на менувачницата се
Македонците кои по која било основа патуваат во странство и притоа купуваат
во продавниците на Global Refund TAX FREE SHOPPING системот.
Секој којшто купува во странство има право на враќање на средствата од
тој данок, во случај да не живее во таа држава, вели сопственикот на "Кортекс".
ЧЕКОРИ
Според Дарко Христов, потребни се три чекори за враќање на данокот.
Според првиот потребно е кога клиентот е во странство да купува таму каде
што ќе го види знакот на Global Refund TAX FREE SHOPPING кој има преку
210.000 продавници ширум светот. Едноставно треба да се побара издавање на
Tax Free чек. Global Refund TAX FREE SHOPPING чекот треба да биде издаден
истиот ден кога е издадена и сметката. Понатаму на царина кога се напушта
земјата или Европската унија едноставно треба да се покажат производите,
сметките и пасошот и да се побара да се испечати Tax Free чекот. Цариниците
се добро информирани за системот на Global Refund TAX FREE SHOPPING. За
последниот чекор, односно за враќање на парите, клиентите имаат неколку
можности. Парите може веднаш да се вратат на најблиското Cash Refund
исплатно место. Можна е директна уплата на кредитната картичка на клиентот
или на неговата банкарска сметка. Можен е и банкарски чек испратен на адреса
на клиентот и во краен случај готовинска исплата кога клиентот ќе се врати
дома.
Како што вели Христов, менувачниците во РМ имаат посебна специфика и
според последните податоци во Скопје има повеќе од 500 што е многу, ако се
има предвид дека во Виена има само дваесетина.
Кај нас главни клиенти во менувачниците не се туристите, туку населението
кое во обид да штеди, платата си ја претвора во евра, но и обратно. Ние
можеби сме подобри според бројот на клиентите во споредба со менувачниците
од странство, но нашата заработувачка е и помала од нивната, констатира
Дарко Христов кој инаку по професија е дипломиран економист - отсек
менаџмент.
За разлика од многу млади луѓе кои незадоволни од состојбите во нашата
држава сакаат да заминат во странство, Дарко Христов сосема спротивно се
вратил од една западна држава, бидејќи својата перспектива и иднина ја гледа
во родната земја.
Не сакав да останам таму, ме влечеше татковината. Решив да завршам
факултет во Македонија и да го запознам подобро овдешниот пазар. Тоа и го
направив. За разлика од западните земји, кај нас за отпочнување со бизнис
потребен е помал капитал, а и конкуренцијата е помала. Јас својата
перспектива ја гледам во оваа држава. Од ова што го работам мислам дека
можам добро да живеам. Освен тоа имам и пет лица кои ги имам вработено,
вели сопственикот на "Кортекс".
Global Refund TAX FREE SHOPPING системот може да се користи во следниве
земји од Европската Унија: Австрија, Белгија, Данска, Германија, Велика
Британија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Италија, Луксембуг, Холандија,
Португалија, Шпанија и Шведска. Но, и во други земји кои не се во ЕУ како:
Аргентина, Канада, Кина, Хрватска, Кипар, Чешка, Унгарија, Исланд,
Лихтенштајн, Норвешка, Полска, Сингапур, Словачка, Словенија, Јужна Кореја,
Швајцарија и Турција. При напуштање на земјата каде клиентот престојувал и
шопингувал, потребно е да се добие царински печат на Global Refund TAX FREE
SHOPPING - чекот. Доколку пазарувањето е во некоја од земјите на ЕУ печатот
треба да биде од царинската служба на последната земја, членка која е
посетена пред да се напушти ЕУ.
Готовинска исплата во Република Македонија на Global Refund TAX FREE
SHOPPING - чековите може да добиете во менувачницата "Кортекс" (освен
чековите од Турција, Унгарија, Кипар, Канада и Словачка кои заради правната
регулатива на овие земји во моментов може да бидат исплатени во соодветна
земја). Чековите можат да бидат исплатени во евра или во денари.
|