оспоѓа Валентина Димитрова од
Скопје е една од "среќните" добитници на станови. Но, власта & ја скрати
среќата, која како што вели таа, била по божја волја, и & го одзеде станот.
Госпоѓа Димитрова, за огласот за станови дознала многу доцна, но успеала за
многу кратко време да ги подготви потребните документи и да конкурира, иако
воопшто не верувала дека ќе биде една од добитничките. Откако дознала дека
некои од луѓето кои конкурирале добиле решение за стан, постојано прашувала
што се случува со нејзините документи.
Кога мојот брат откако претходно се јавил во Министерството за транспорт
и врски, ме извести дека и јас сум добитничка на стан, не можев да поверувам
на неговите зборови. Му велев да ни си игра со такви работи. Отидовме во
Министерството, се потпишав и ми го дадоа решението за стан, вели
госпоѓа Димитрова.
Во договорот, како што објаснува нашата соговорничка, не пишувало за која
квадратура на стан станува збор и што понатаму. Надлежните ја информирале за
адресата, бројот и квадратурата на доделениот стан, која изнесувала 82
квадрати.
Од Министерството ме прашаа дали не сум задоволна од квадратурата! Им
реков како може да не сум задоволна. Тоа е премногу за мене. Знаете ли вие,
дека јас живеам во соба од два квадрати, а влегувам во 82 квадрати, им
одговорила госпоѓа Димитрова.
ЖИВОТ
Нашата соговорничка живее во една соба во стан од 56 квадрати во
населбата "Аеродром" - Скопје, заедно со сопругот, двете малолетни деца,
родителите на сопругот и нејзиниот девер. Нејзината ќеркичка има десет ипол
години, а синот има три.
Можете да замислите во какви услови живееме. Ќерката нема каде да учи.
Сопругот, свекрвата и деверот не работат. Во моментов живееме само со мојата
плата и пензијата на свекорот. Мојот сопруг има дозвола за Д категорија,
односно за возач на камион. Кога ќе има приватно го викаат, да вози. Ние сме
11 години во брак, а тој воопшто не работел. Свекорот работеше во Јавното
сообраќајно претпријатие и постојано му беше ветувано дека ќе има конкурс и
дека неговиот син, односно мојот сопруг, ќе биде вработен. Но, свекорот
замина во пензија, а ветувањата останаа празни, објаснува госпоѓа
Димитрова.
Оваа госпоѓа е родена во Австралија, но оттаму нејзините родители ја
донеле како бебе и не успеале да обезбедат документи за таа од Австралија да
добива некој додаток. Пред неколу години, госпоѓа Димитрова, со своето
семејство се обидела да замине во Австралија, затоашто, како што вели и
самата, овде немале никави услови за живот. Родителите на нејзиниот
старосфат им ветиле дека ќе ги прифатат во Австралија и дека ќе им помогнат
додека се снајдат. Ги подготвиле документите, но финансиите биле проблем
така што тие останале во Македонија.
Добивањето на станот за нас и нашите деца беше преголема радост. Но,
поништувањето на конкурсот беше вистински шок. Сега си велам ќе беше подобро
да бев во групата на оние кои не добија станови. Верувајте не е исто да
добиете стан, тој да биде во ваша сопственост три месеци, а потоа да ви
кажат дека таквата одлука веќе не важи, објаснува госпоѓа Димитрова.
Станот, кој го добила нашата соговорничка, се наоѓа во Бутел, Општина
Чаир. Објаснувањето за поништувањето на конкурсот е дека становите биле
доделени на нерегуларен начин и дека критериумите не биле задоволени.
Нека проверат и нека ги одземат становите на оние кои навистина не ги
заслужуваат. Верувајте ако ми кажат: "госпоѓо овој услов него исполнувате",
јас веднаш ќе го дадам станот. Се служат со разни игри. Не сум член на ниту
една партија. И да сме членови на партија, на крај на краиштата ние сме
граѓани на оваа држава. Но, по се изгледа, доколку си член на партијата на
власт, си граѓанин, во спротивно не си и немаш никакви права. Што да правиме
ние што не сме членови на партија, кога ќе ги добиеме нашите права. Кога
мојот сопруг и деверот ќе добијат работа?!
Размислувавме да живееме под кирија. Но, знаете каква е платата во
продавница за прехрабени производи. Немавме услови да ја плаќаме киријата,
вели госпоѓа Димитрова.
Нашата соговорничка коментира дека неколку пати со писмо се обратиле до
Премиерот за да го разгледа случајот. Но, од него не добиле никаква реакција,
иако, како што објаснува госпоѓа Димитрова, си ги бараат своите права и за
тоа имаат докази.
ПРАВДА
Госпоѓа Димтрова, потенцира дека, испратиле жалба до судот во Стразбур и
имаат адвокат кој ќе ги застапува нивните права, за што одвојуват средства
од нивниот сиромашен буџет.
Апсолутно се надеваме дека правдата ќе биде на наша страна, дека свеста
ќе проработи и мислам дека ако е нешто дадено по божја волја, никој нема
право да ни го оддземе. Размислувам така, зошто немам од никого помош освен
од Бога. Одиме по сите правила, сите закони, доколку не сакаат така, со сила
ќе влеземе во становите. Само што ќе слушнеме дека се изградени становите,
ќе се вселиме. Покрај сите маки и нервози и разочараност на нашите деца,
нема така едноставно да се откажеме. Врховниот и Уставениот суд, во кои има
предмети кои се влечат и по две години, за две недели го решија нашиот
случај, се прогласија за ненадлежни. Судот во Стразбур ќе реши кој е во
право. Ако треба и со оружје ќе ги браниме нашите права, зошто очигледно во
нашата држава сите што зедоа оружје, ги добија своите права, вели
госпоѓа Димитрова.
Нашата соговорничка коментира дека во прашање е некаква политичка игра и
прашува зошто од толку многу проблеми во државата, новата Влада се зафати
токму со становите.
Народниот правобранител претходно зборуваше дека нема да се поништи
конкурсот, туку ќе се бара ревизија. И оддеднаш штом се смени власта тој
реагираше со целосно поништување на конкурсот. Изјави дека имало многу
претставки кај него. Кога бевме во анкетната Комисија прашавме дали можеме
да дојдеме до тие претставки. Правобранителот не се согласи, но ставот на
анкетната комисија беше дека ние имаме право да ги видиме. Луѓето од
координативното тело, отидоа кај Правобранителот за да ги видиат
претставките. Меѓу нив бев и јас. Видовме дека претставките се хаотични, во
нив имаше луѓе кои воопшто не се државјани на РМ, немаат лична карта дека се
граѓани на Скопје, а во една од нив пишуваше: "По ваша препорака, господине
Народен правобранител поднесувам жалба". Значи сепак е вршен некој притисок
луѓето да се жалат. Доколку Правобранителот размислеше немаше да ни ја
покаже таа претставка. Но сите тие беа ставени заедно на едно место. Ние
дури ги запишавме под број сите и што во нив недостасува, објаснува
госпоѓа Димитрова.
Се шират информации дека квадратурата на становите била преголема за она
за што биле наменети. Госпоѓа Димитрова, појаснува дека луѓето од оваа
категорија воопшто не знаеле за каква квадратура на станови станува збор и
дека ќе биле задоволни и со помала квадратура, бидејќи така ќе плаќале
помалку трошоци за истата. Исто така се тврди дека луѓето не ги доставиле
документите во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен
простор, но, таквите тврдења, не се точни, затоа што, како што вели, нашата
соговорничка, таа била меѓу првите кои го доставиле договорот до оваа
институција. Откако добила печат дека договорот & е заверен и објасниле дека
следното што треба да го направи е да потпише анекс договор и да ги добие
клучевите од станот. Истото го направиле и другите луѓе.
Сите зборуваа: "Ќе видите кога ќе дојде новата власт, ќе ви ги одземат
становите". Изреката вели: "Каде има сила, нема правда", меѓутоа се надеваме
дека Господ ќе биде на наша страна. Имам валиден договор, а од
Министерството за транспорт и врски немам добиено решение дека договорот не
ми важи. Потпишав дека го добив станот, но никаде не отидов да потпишам,
дека мојот договор не е валиден. Моите документи се во Министерството за
транспорт и врски и зошто повторно да конкурирам и да создавам дополнителни
трошоци, објаснува госпоѓа Димитрова.
Нашата соговорничка потенцира дека како што луѓето во Гостивар влегле во
становите истото ќе го направат и тие.
Доколку преставниците на власта се "глуви" за нашиот проблем и ние ќе
бидеме "глуви" за сите одлуки што излегоа во "Службен весник на РМ". Ако тие
нас не негираат и ние ќе ги негираме. Ако се случи да објават нов конкурс и
да ги "бркаат" луѓето кои се вселија во становите во Гостивар, сите заедно,
односно луѓето од Битола, Велес, Скопје и другите градови со ваква судбина,
ќе одиме во Гостивар, да им помогнеме на тие луѓе и нема да дозволиме да ги
иселат. Проблемот не зближи и заеднички ќе се бориме за нашите права,
потенцира госпоѓа Димитрова.