СПОРТ
Македонски (не)подготовки пред големиот иден настан во Грција
ЌЕ БИДЕМЕ ЛИ ДЕЛ ОД ОЛИМПИЈАДАТА?!
Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
- Треба да се искритикува стратегијата на спортските работници и на
целата држава која ама апсолутно ништо не прави за промоција на нашата
држава и за привлекување на што е можно повеќе репрезентации на подготовки
во Македонија.
- Македонија треба сега оваа јубилејна година, 100 години Илинден, да ја
искористи како прв дел пред Олимпијадата кога може да се дознае и да се
слушне за Македонија и нејзините убавини низ светот.
П овод за да се напише овој наслов
е вест која последниве денови е многу актуелна и побудува доста полемики за
тоа дали Македонија располага со сместувачки капацитети за да се претстави
во најдобро светло пред репрезентациите кои догодина ќе учествуват на
Олимпијадата во Грција.
Оваа недела Прилеп ја откажа кандидатурата на една од групите за
светското младинско првенство за јуниорки кое оваа година ќе се одржи во
Македонија. Откажувањето доаѓа само кратко време пред почетокот на самото
првенство, кога се во тек финалните подготовки за почеток на првенството, а
причината за отказот е банална: Прилеп ја откажува организацијата на една од
групите порди тоа што градот нема капацитети да смести сто и педесет (150)
натпреврувачи кои требаше да пристигнат во Прилеп. Само неколку недели пред
отказот на Прилеп високата делегација излезе со соопштение дека
сместувачките капацитети кои ги нуди Гевгелија како град домаќин на една од
групите не ги задоволуваат строгите стандарди на ЕХФ. Значи имаме состојба
која алармира и која под итно треба да се разгледа од надлежните институции
затоа што сите наши соседи, за разлика од Македонија, ја имаат отпочнато
кампањата за понудување на своите спортски и сместувачки капацитети за
идната Олимпијада во Грција.
ОТКАЖУВАЊЕ
Значи сега моментално имаме ситуација која од една страна е како порачана
за Македонија – Светско младинско првенство, настан од светски ранг –
можност да докажеме дека располагаме со сместувачки и спортски капацитети
кои имаат светско ниво и кои можат да се понудат на многуте репрезентации за
подготовки пред Олимпијадата и ситуација - откажување заради немање
сместувачи капацитети за 150 луѓе, откажување поради ниски стандарди -
односно јасно бркање на сите потенцијални посетители и давање на знаење дека
само во Скопје може да се најде нешто што може да се искористи. Ваквото
нешто на точно година пред Олимпијадата е недозволиво. На крајот ќе излезе
дека само Скопје е тој град во Македонија кој може нешто да понуди, како што
ќе излезе дека светското првенство наместо во три града во Македонија ќе се
игра само во Скопје.
СТРАТЕГИЈА
Исто така треба да се искритикува стратегијата на спортските работници и
на целата држава која ама апсолутно ништо не прави за промоција на нашата
држава и за привлекување на што е можно повеќе репрезентации на подготовки
во Македонија. Во таа насока досега се нема издадено ниту една брошура во
која јасно ќе се видат потенцијалите на нашава држава. Македонија треба сега
оваа јубилејна година, 100 години Илинден, да ја искористи како прв дел пред
Олимпијадата кога може да се дознае и да се слушне за Македонија и нејзините
убавини низ светот.
Вакавата состојба треба под итно да се промени и Македонија да изгради
јасна стратегија во врска со својата спортска промоција во светот. Тука
треба да се вклучат и приватниот капитал како и да се направат силни лоби
групи на нашите иселеници. Само со здружен настап може да очекуваме дека
Македонија ќе успее да ќари нешто од Олимпијадата во Грција.
|