ите ние, кои одиме во црква, се
крстиме, се молиме, се поклонуваме пред нашите светци и пред иконите, пред
нашиот Господ Исус Христос и мајката божја св. Богородица, сите ние преку
тие икони ги упатуваме нашите желби и молби да ни се простат гревовите, кои
секој ден ги правиме. Одиме на вероучение, слушаме, разговараме, но мнозина
од нас немаат смирение.
Со владеењето на гордоста и самоувереноста во себе, кон вашите блиски се
однесувате со понижување, а понекогаш со нервоза и духовно развестие. Лесно
е да се зборува за Господа. Лесно е само со зборови, без дела да се љуби
Господ, а уште полесно е да се правиме големи христијани, а во срцето да
бидеме лоши, без милосрдие. Ова треба да го знае секој верен мирјанин,
самопрегорен православен христијанин, ако сака вистински да разговара со
Господа, потребно е несебично смирение голем акцент на почит кон ближниот,
како што се вели во псалмите Давидови. Се, да имаш а љубов да немаш тоа
значи немаш душа. Овој напис, се однесува за сите верници таканаречени
големи и оние мали, до сите горделиви кои се сметаат за "праведници" и за
оние вероучители, па и свештениците. Без смирение промашена е молитвата и
разговорот со Господа е пропаднат. Блазе си им на оние наши браќа и сестри,
кои имаат силна вера кон Бога и уште посилна волја кон својот ближен.
Само тие можат да застанат пред лицето на Господ со својата молитва.
ногумина учени денес со подбив
гледаат на оние кои едноставно говорат или пишуваат, а не го користат "богатството
на Лексиконот на Вујаклија". За нив обично велат: "Ете, прости се, говорат
како баби". А бабите наши, дури и неписмени, многумина велат биле попаметни
од нас денешниве. Зашто, богатството на исказот не е во изразот, туку во
длабочината на неговата искуственост.Веројатно затоа и Исус неретко на
народот му се обраќал во параболи. Но, таквото обраќање за многу денешни "интелектуалци"
е бапско и просто, па веројатно од тие причини и се оддалечиле од
Евангелието и од Синот Божји.
"Сето ова му го зборуваше Исус на народот, во параболи и без параболи не
им говореше ништо за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: Со
параболи ќе ја отворат устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на
светот". (Матеј 13,34-35; Послание до Римјаните. 16,25-27; Послание прво до
Коринтјаните 2,7 итн.)
Христос на народот му говорел во параболи за да можат полесно да го
сфатат Откровението Божјо. Евангелистот Матеј сведочи дека тоа што Христос
говорел во параболи е претстакажно уште во Стариот Завет, преку пророкот
Исаиј и псалмопевецот Давид. Во Псалмот се вели: "ја отворам устата своја за
парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време.(Пс. 77,2).
Во Палестина народот посебно ги сакал параболите и на тој начин најлесно
го разбирал Христовото учење. И затоа:
"Верата ваша да се утврди не е во човечка мудрост, туку во силата Божја"
(1. Кор. 2,5)
" И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше во убедливи зборови на
човечка мудрост, туку во пројава на силата Божја"
(1. Кор. 2,3)
Пренесено од списанието "Воскресение"
Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов
немам, ќе бидам бакар, што ѕвони или кимвал, што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за
сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, - ако љубов
немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, -
штом љубов немам, ништо не ми користи.
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта
не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое,
не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува,
се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува.
Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат;
ако се јазици - ќе замолкнат; ако се знаења - ќе исчезнат.
Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете
размислував; а кога станав маж, го оставив детинското.
Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице во лице; сега знам
нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат.
А сега остануваат овие три работи:
верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните ( 1. Кор.13, 1-13)
Да бидеме спокојни. Да бидеме мирни. Да чекаме. Бог е со нас. Он е нашиот
Отец. Бескрајно не сака. Никој не е посилен од Него.
*****
Никаква тешкотија не може да не победи. Ако сме со Бога,
Он ќе не заштитува од секое зло.
*****
Бог ни дава сила да го победиме секое зло. Он ни дарува
сили да го победиме секое искушение.
*****
Какви прекрасни услови Господ ни дал за удобен и среќен
живот на земјата ! Постојано да Му благодариме.
*****
Не треба тешкотиите да не победуваат. Ние сме должни да ги
победуваме нив. Бог е со нас. Со нас е Божјата Мајка. Со нас се светите
ангели и сите Божји угодници.
*****
Оние што вистински веруваат во Христа, тие се соединети со
Него и во смртта и во воскресението.
*****
Гревот нема никаква сила над оние кои потполно Му се
предале на Господа Исуса Христа.
*****
Само еднаш се живее. Од тоа како го живееме, зависи каков
ќе биде нашиот живот не само на земјата, туку и во вечноста.
Извадок од книгата "Духовни искри" од Архиепископот
Охридски и Македонски г.г. Михаил