второт на книгата "Билет- во еден
правец", Стојан Кочов, вели дека повикувањето на народот на национално
востание е доблест, но и дека исто така може да биде и национална измама.
Ако, вели Кочов, НОФ и АФЖ решија да го повикуваат македонскиот
народ под Грција на сенароден фронт за спроведување на своите стратешки
определби, се поставува прашањето: дали при тоа водеа сметка (имаа гаранции)
дека (тие) не се легитимни пред светот и не ќе можеа да го постават
македонското прашање, ниту пред Советот за безбедност, ниту пред Обединетите
нации, туку пак требаше тоа да го сторат Грција или Југославија?Дали не
знаеја дека тие се строго контролирани и од сите балкански комунистички
партии и ни оддалеку немаше да успеат да ги реализираат и валоризираат тие
историски желби.
На боиштето разгорена граѓанската војна
Кочов објаснува дека во програмата на националната стратегија за учество
во настаните во 1940 - 1950 година никогаш не постоело единство и
достоинство, туку тоа било само лично калемење и корист на поединци
членови на комунистичките партии (КПГ или КПЈ).
Значи, сме ги сакале и КПГ и КПЈ и сме ги прифатиле нивните
правила, а колку ние како луѓе со поданичка душа бевме во состојба да ги
контролираме се докажа преку исходот на настаните кои не доведоа до
национален пораз и геноцид, пишува Кочов.
ГЕНОЦИД
Авторот на книгата потенцира дека по Втората светска војна, кога луѓето
верувале дека повеќе нема да се дозволи да се случи крвопролевање,
Македонците ја доживеале и со геноцид ја платиле високоризичната авантура.
Немале македонска опција, а не можеле ниту да ја имаат, бидејќи биле под
контрола на КПЈ и КПГ и без чувство за националните интереси.
Бранејќи ја комунистичката идеологија, го изгубивме за навек идентитетот
и дедовите огништа. Тоа во свеста на Македонецот остана како трајно
сведоштво за една потресна големомаченичка легенда и едно етничко чистење,
кое набрзо по ликвидацијата на ДАГ се претвори во уште една незапаметена
наша трагедија. Нашата судбина е наша судбина и моравме да ја земеме во
сопствени раце, оти сурово е кога луѓето не сакаат сами да господарат со
својата судбина, тогаш како што вели нашиот народ судбината загосподарува со
нив. Ова мора јасно да се каже барем по 50 години, оти со години туѓинците
не влечеа за нос! Аргументите говорат, дека навистина тоа се случи со нас
Македонците под Грција, вели Кочов.
Доаѓањето на генерал Ван Флит, специјалист за герилска
војна
Секој разумен човек, додава авторот на книгата, оправдано си го
поставува прашањето: Какви последици имаше формирањето на НОФ и АФЖ кај
Македонците под Грција, ако се знае дека еден дел од Македонците под Грција,
сега под влијание на македонската држава што се создаде во рамките на
Југославија и на нејзиното раководство (КПМ/КПЈ), се спротистави на ставот и
практиката на КПГ кон македонското прашање, се одделија од неа и побараа да
им се признае правото на самоопределување, а друг дел продолжи да го следи
ставот на грчките комунисти за македонското прашање, кој на Македонците им
ги признаваше малцинските права во рамките на грчката држава. Со тоа
Македонците се поделија на два табора: едни со КПГ, а други со КПМ/КПЈ, со
крајна стратешка цел (во неа на мошне успешен начин беа обмислени и
исконструирани формите и содржините преку кои тие добиваа и соодветна
конкретизација во практиката токму на тлото на Македонија под Грција) на
туѓинците им беше да го натераат НОФ во почетокот се повеќе да располага со
судбината на Македонците под Грција, а потоа да ги распоредуваат и
регрутираат како што сакаат.
ПОСЛУШНОСТ
Со решение на КПГ преку Бирото за областа Македонија било наредено
безусловно обединување на воените единици кои биле оформени од НОФ и
од КПГ и тоа без никакви отстапки во корист на НОФ. Искористувајќи го
ова решение, командантот на Главниот штаб, Маркос Вафијадис, во
втората половина на септември 1946 година, на македонското раководство на
НОФ ултимативно му ги сопштил условите: безусловно да се расформираат
македонските единици на НОФ, а неговите борци (на НОФ) да се вклучат во
единиците на КПГ; КПГ си го задржува правото во штабовите на воените единици
да поставува "добри команданти", во кои ќе има полна доверба.
За сето време на ропската послушност на (НОФ и АФЖ), болен е фактот дека
се враќаме на она познатото на Труст "во потрага за изгубеното време" и по
макотрпните истражувања, сега би додал дека фактите покажаа многу работи кои
се обелоденија, за изгубениот македонски народ (тоа значи исчезнување на
една голема гранка од големото македонско стебло), на македонски простор (тоа
исто така значи дека изгубивме повеќе од 50 отсто од етничка Македонија, и
не господариме како староседелци со ништо), значи ако гледаме интегрално
македонската нација ја снајде една голема историска катастрофа,
објаснува Кочов.
Граѓанската војна почнала на 31 март 1946 година кога било нападнато
Литохоро од страна на вооружени симпатизери на КПГ и членови на ЕЛАС, кои не
се согласувале со потпишаниот договор во Варкиза. Во периодот од 1946 до
1947 година, под влијание на западните сили се случиле многу важни работи,
но најважното било постигнато уште на Техеранската конференција, кога било
договорено Грција да потпадне под сфера на влијание на Америка и Англија. На
1 март 1947 година, претседателот на САД, Хари Труман, објавил решение со
кое ја прокламирал "Труманската доктрина" за ангажирањето на САД во Грција.
На Грција & бил доделен кредит и современа воена опрема за опремување на
владината војска - (во текот на Граѓанската војна војниците од Владината
национална армија биле нарекувани како Бурададес). Истовремено на грчката
Влада & бил ставен на располагање американскиот генерал Ван Флит,
специјалист за борба против герила. Во почетокот на 1947 година во Грција
пристигнал командантот на Американско-военосоветодавната и програмска група
предводена од генерал Ван Флит.
Проблемот за аналитичарите и историографите на ДАГ, како што објаснува
Кочов, е заземеното т.н. историско решение, на Вториот пленум на ЦК на КПГ
за вооружено востание, кое почнало на 31 март 1946 година, точно една година
по договорот потпишан во Варкиза (на 12.02. 1945 година) кога левите сили
ЕАМ и КПГ & ја предале власта на десницата. Тоа било оценето како историска
грешка. Во втората декада на октомври 1944 година Леринско-костурскиот
баталјон се одделил од ЕЛАС и се префрлил во Вардарска Македонија (СФРЈ),
каде што се организирал во бригада во составот на НОВ и ПО на Македонија -
Југословенската народна армија (ЈНА). Комунистите (Македонци) кои ги
напуштиле редовите на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, биле остро осудени, а биле прифатени
од КПМ/КПЈ. Со инструкции и помош на КПМ/КПЈ во Битола била конституирана
Политичка комисија за Егејска Македонија на чии работни состаноци
претседавал претставник на ЦК на КПМ. Во слободна Битола на 18 ноевмри 1944
година била формирана Егејската бригада од борците од пребегнатите
македонски баталјони и новопристигнатите бегалци од Македонија под Грција.
(Продолжува)