ИСТОРИЈА

"Македонија и Грција - Битката за дефинирање нова балканска нација" од Џон Шеј (7)

РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ

Подготвила: Анита ДИМОВА

  • "Зборувајќи за Македонците, би било корисно да се земат предвид луѓето кои живееле во област која се викала Голема Македонија. Овој регион е ограничен со планината Шара на север и Егејското море на југ, со реката Места (Нестос) и Родопските планини на исток и Албанските планини на запад. Голема Македонија според тоа ја вклучува современата Република Македонија, дел од Северна Грција означена како Егејска Македонија, мал дел од западниот дел од Бугарија (Пиринска Македонија) и неколку села од источните делови од Албанија. Логично е да се одбере оваа област како центар на вниманието бидејќи сите овие територии, за кои Србите, Грците, Турците и Албанците се бореле во Балканските војни, имале мнозинство од луѓе што зборуваат на македонски јазик во времето на принудената поделба во 1913 година. Историјата на Република Македонија е поврзана со случувањата во овој поголем регион се до Балканските војни (1912-1913), кога е поделена меѓу Бугарија, Грција, Србија и Албанија".

Во шестото поглавје, авторот Џон Шеј се соочува со прашањата околу "изворноста" на современата македонска нација, правото на употреба на името Македонија од луѓето кои живеат на овој дел од територијата на анитчка Македонија, и развојот на македонската национална свест.

Особено интересен за него е степенот до кој модерните луѓе се легитимни наследници, според расата или етничкото наследство, а не според поседување на античките територии. Разгледувајќи ги сегашните национални чувства, тој се обидува да го открие патот кој не довел до тука. Ова е нов начин на размислување за тоа како сличните народи гледаат едни на други и на земјите шти тие ги делат на Балканот.

ДОЛГА БИТКА

"Неопходно е да се разбере дека развојот на државите-нациите поврзани со одредени територии е релативно нов феномен во европската историја. Во минатото, селата или градовите од каде потекнуваат луѓето имале поголемо емоционлано значење отколку видовите на нации со кои сме запознаени денес".

Џон Шеј, ако не е Македонец, проникнал во нереалноста на тврдењето на грчките националисти дека Македонците немаат право да го користат тоа име и дека Александар Македонски и други битни антички Македонци биле Грци, а со тоа и правото на расен и културен континуитет меѓу античките и современите Грци.

"Тие тврдат дека Тито го примени грчкото име "Македонци" на разновидна група луѓе кои никогаш не биле признаени под тоа име претходно, и, што е многу поважно кои никогаш не биле видени како кохерентна група на луѓе со заедничка цел и заедничка приврзаност кон нивната земја.

Иако овој аргумент не беше проморвиран жестокот од страна на грчката влада се до 1988 година, кога провинцијата на Северна Грција беше преименувана во Македонија, грчката националистичка перспектива сега вели дека употребата на името Македонија од страна на "Скопјаните" е плагијат против грчкиот народ. Некои Грци дури и ги обвинуваат Македонците за фалсификување на грчката историја".

За овие грчки "аргументи" за потеклото на античките Македонци, Џон Шеј вели дека тие се во директна спротивност со цврстите историски докази. Затоа, тој нуди аргументи која ја "држат" страната на македонскиот народ. "По смртта на Тито во 1980 година, југословенската влада постепено ја релаксираше контролата што ја вршела врз изразувањето на македонскиот национализам... На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, Македонците гласаа со повеќе од 95 отсто во корист на создавање потполно суверена и независна македонска држава".

Овој масовен одзив на македонскиот народ за сопствената држава го враќа авторот на "Македонија и Грција - битката за дефинирање нова балканска нација" наназад, со цел да побара одговор на прашањето дали имало знаци на развој на македонската национална свест пред дваесетиот век, водејќи се според доказите кои укажуваат на национална свест кај Македонците и во средниот век.

"Македонците во Вардарска Македонија гласаа со убедливо мнозинство за независност од Југославија. Овој политички избор најверојатно ја претставува крајната точка на една долга битка".

Според Џон Шеј, доцната појава на националне суверенитет не е доказ дека потенцијалот за развој на националната свест не бил присутен со генерации или со векови, така што временската рамка не е значајна основа според која би се мерела искреноста на националното чуство.

"Зборувајќи за Македонците, би било корисно да се земат предвид луѓето кои живееле во област која се викала Голема Македонија. Овој регион е ограничен со планината Шара на север и Егејското море на југ, со реката Места (Нестос) и Родопските планини на исток и Албанските планини на запад. Голема Македонија според тоа ја вклучува современата Република Македонија, дел од Северна Грција означена како Егејска Македонија, мал дел од западниот дел од Бугарија (Пиринска Македонија) и неколку села од источните делови од Албанија. Логично е да се одбере оваа област како центар на вниманието бидејќи сите овие територии, за кои Србите, Грците, Турците и Албанците се бореле во Балканските војни, имале мнозинство од луѓе што зборуваат на македонски јазик во времето на принудената поделба во 1913 година. Историјата на Република Македонија е поврзана со случувањата во овој поголем регион се до Балканските војни (1912-1913), кога е поделена меѓу Бугарија, Грција, Србија и Албанија".

УНИКАТНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

Џон Шеј го истакнува и прашањто за појавата на концептот за нација, бидејќи за време на последните 1500 години, луѓето од централен и јужен Балкан биле претежно под контрола на една или друга империја. Со ваквото искуство, тешко е да се замисли дека погледот на светот на просечнот балкански селанец, кој никогаш не патувал подалеку од селото каде е роден, може да отиде понатаму од свесноста за неколкуте соседни села и административната структура на владејачката држава. Мошне е неверојатно, тврди Шеј, дека ќе ги најдеме корените на нацинализмот на која било балканска нација барајќи ги од неписменото селско население. Во градовите, меѓу оние што се писмени и изложени на идеи од Европа, ќе имеме поголема веројатност да најдеме индикации за почеток на националната свест. Најзначајните македонски револуционери потекнуваат од средната класа и тие се добро едуцирани и навистина свесни за потребата од ширење пишани идеи меѓу луѓето кои сакале да ги регрутираат за нивната цел.

"Во овој поглед македонскиот случај не е единствен. Истото важи и за денешна Грција. Модрена Грција почна формално да постои во 1830 година. Започна во 1821 година со бунтот на Пелопонез против турското владеење... Новопризнаената нација заземаше територија скоро иста со територијата што беше недвосмислена грчка во старите времиња. Таа беше економски слаба и политички поделена земја, каде големите сили Англија, Франција и Русија се натпреварувале за влијание. Очиглдно, независноста на Грција се должи на надворешната поддршка, до тој степен што бил наметнат и шеф на државата кој не е од Грција".

Авторот се прашува каква била националната свест во новото независно грчко кралство. Тој тврди дека "современите Грци дури и не се нарекувале себеси 'Грци' (Хелени) пред 19 век. Се до средниот век, Грците се нарекувале ''Романи" враќајќи се назад на Византиското царство - па дури и денес Ромиосини е популарниот израз за означување на 'грчкото потекло', а не вештачкиот израз 'Елинизам'.

Што се однесува на случувањата во Макеоднија во Средниот век, Џон Шеј укажува на свесноста на Македонците како посебна група уште во далечниот 10 век.

"Во времето на отоманското владеење и по ослободувањето, во сите три дела на Македонија, жителите комуницираат меѓу себе на својот сопствен јазик, користејќи го истото географско име. Грците од Македонија се нарекувале себеси Македонес, Словените - Македонци, а Власите - Македонени.

Не е разумно да споремие дека употребата на име е израз на заедничка судбина, дотолку што таа судбина е одредена од територијални граници. Чекорот од оваа идеја до националниот идентитет е многу мал".

Секако, како што вели авторот, додека Македонија била под контрола на Турците, националистичките чувства биле сметани за револуционерни и биле задушувани. Но, и покрај тоа разните музеи низ Европа изложиле грбови и знамиња обележани со името Македонија кое датира од 1595 година - многу години пред некоја балканска нација да постигне независност од Турците.

"Христофор Жефаровиќ бил монах и писател роден во Дојран (во југоисточниот дел на денешна Вардарска Македонија) на крајот од 17 век. Жефаровиќ бил добро образован, претежно во Охрид и во Солун, а бил и прошетан човек. Во раниот 20 век, српскиот писател Станое Станоевиќ го признава Жефаровиќ како Македонец. Ова било во времето кога српските политичари ги дефинирале Македонците како "Јужни Срби". Жефаровиќ бил признаен како еден од најпознатите македонски и јужнословенски автори. Тој бил иновативен творец познат по неговата 'стематографија', издадена на 21 октомври 1941 година во Виена. Оваа збирка има одиграно револуционерна улога во будењето на националната свест кај Јужните Словени, бидејќи таму се прави разлика меѓу оваа и другата група Словени, а со повикувањето на нивната уникатност можно е да се инспирирани и охрабрени нациналистичките чувства. Книгата била предвеснички прирачник за јужно-словенскиот свет, напишана на стар црковно-словенски јазик. Таа содржела слики од владетели и други познати ликови и вкупно 56 различни грбови на балканските народи. Книгата била многу популарна и била отпечатена уште неколку пати. Жефаровиќ го истакнал фактот дека се нафатил на пишување и издавање на ваква книга поради неговото национално чувство. Австриските власти ја забараниле книгата и им се заканувале на нејзините читатели со смртна казна".

Џон Шеј го потенцира фактот дека во областите на Балканот контролирани од страна на Турците, востанијата не биле, невообичаени и особено биле изразени во Македонија.

Тој потврдува дека "Словенска Македонија", инкорпорирана во поголем дел од териториите што историчарите ги нарекуваат античка Македонја и Бугарија, постоела во десетиот век во н.е. Со ова царство владеел Самоил, Македонец. Иако византискиот император Василиј ИИ го уништил ова царство, тој, заедно со освојувачите кои дошле по него, го признал македонскиот јазик, култура и етницитет на луѓето со кои владеел. Тие ја признавале територијалноста на Македонија, иако административните граници се менувале до време на време.

"Фактот дека македонските Словени биле под нечија туѓа власт не е доволна причина да говориме за нив како да не постоеле или пак да кажеме дека нивната територија не треба да го задржи името што го има со векови. Постојат докази дека македонските Словенис е нарекувале Македонци уште десетиот век од н.е. Во исто време, византиските владетели почнале да ги викаат македонските Словени "Македонци" бидејќи тие ја составувале политички најзначајната бројка во тој период. Пишаните докази и најдените гробови од 16 век ја докажуваат уникатноста на Македонија и другите балкански територии. Кога другите балкански држави почнале да се бунтуваат против Турците, помеѓу 17 и 20 век, слични националистички чувства се појавиле и во Македонија и биле признаени од Европските сили. Во текот на 20 век, Србите, Бугарите и Грците се обиделе да го елиминират влијанието на македонскиот словенски јазик и да ги потиснат обичаите на македонскиот народ, но постепено бил инкорпориран во него".

(Продолжува)


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"