ема безгрешен човек. Но, сепак во
се има граници. Отсекогаш сум мислел дека во вистинска смисла на човек може
да се смета само на оној кој ги поседува овие особини: Несебична љубов кон
Бога и Ближниот (две најголеми Исусови заповеди); Љубов кон родот свој (нацијата)
и татковината; Чесност и милосрдие. Животот докажува дека ако недостасува
една од овие особини, сигурно е и дека сите други ќе му недостасуваат,
поточно речено таа личност не е човек. Од тие причини никогаш не сум ги
сакал Колишевски и другите му компањони комуњари, се разбира и Глигоров.
Се понадевав дека нивните млади наследници како Гошев, Црвенковски,
Тупурковски и другите прекрстени комунисти ќе бидат сосема поинакви од
нивните претходници. За жал, се потврди горенаведената теза. Како и нивните
претходници на национален план продолжија во ист стил. Не направија ревизија
на новодоселените со регулиран престој, да не се огрешиле можеби нешто од
нашите закони (криминал, незаконски поседувања имот, дивоградби, познавање
на македонскиот јазик итн.). Да не заборавиме дека секоја држава дозволува
населување само на оние кои ќе придонесат за просперитет на државата и
нацијата! Не ги протераа илегално населените кои со децении не сакале да го
регулираат престојот, а и повеќето се огрешиле од законот. Дури и Глигоров
им даде на такви лица преку 100.000 државјанства!
Бидејќи беа неверници, логично е дека немаат љубов кон татковината и
родот свој. Ако имаа некое чувство за припадност, тоа беше кон
југословенството. Логично на тоа и не бараа признавање на македонската
држава, туку до крај се залагаа за било каква ју-федерација, се разбира со
амбасадор во ООН, докажан југословенски противник на македонската
независност. Логично е што не им беше грижа за промената на името на
татковинита и нејзинот најстар симбол, шеснаесетзрачното златно сонце.
Логично е дека како неверници и не-Македонци беа и крајно нечесни. Без да се
провери потеклото на стекнатиот имот во комунизмот, исправање на
нерамнопавноста при користење на станбени фондови и слично, без враќање на
присилно одземените имоти, со акциите на законот за приватизација по
Марковиќ, нивните директори и тие околу нив се дограбаа без банка до огромни
пари и имоти. Да завршам со нив и со тоа што водеа кампања за измените во
Уставот (под притисок на светскиот газда) да бидат избришани Македонците.
Еве и во поправниот мандат си тераат по старо, а сите одиме во бездна.
Веднаш да кажам дека најголемо разочарување сум доживеал од Љубчо
Георгиевски (и тие околу него) и владиката (расчинет или не) Петар. Како и
секој патриот со радост го проследив појавувањето на МААК, но набрзо увидов
дека нема ништо од нивните стерилни интелектуалци и затоа се понадевав дека
она вистинското е појавата на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот млад лидер со сета надеж
за Македонија и Македонците, а и демократ и антикомунист!
Е, арно ама, ми беше чудно зошто Љубчо станал член на СК кога веќе се
гледаше крајот на комунизмот. На пример, јас којшто сум роден во 1949 година
и одраснат и поминат живот во комунизмот, не сум сакал ни формално членство
во СК, иако би имал со тоа доста привилегии. Ми беше чудно и зошто Љубчо не
се венча во црква, а јас си се венчав во 1971, си ги крстив децата, од
секогаш моите предци си славеа слава, си одев колку толку редовно во црква.
Ми беше чудно што во врвот на ВМРО-ДПМНЕ како докажани антикомунисти, речиси
сите беа стари комуњари, можеби постари од оние кај Бране. Да не ги
споменувам професорите по марксизам Д. Димовска и Д. Димитров! Почнаа
срамежливо, а потоа со се погласни тврдења во нивните гласила дека нас Тито
не престорил во Македонци, инаку пред 1941 сме биле чисти Бугари како "нашиот"
радоначалник, ханот Аспарух. Се чудев и не можев да си објаснам како Тито не
само што не престорил во Македонци, туку и ни го сменил генот на жолтата
монголска раса. Се чудеа и моите деца зошто мојот дедо (нивниот прадедо)
Темелко не си го сметаше ханот Аспарух за предок, ами Македон за кога велеше
дека по преживеаниот потоп од него се изроди белата раса, која и своите
припадници од почетокот ги именуваше како Македонци!
Ама ајде си велев во почетокот, сигурно Љубчо и неговите им удираат
контра на Глигоров и поддржувачите, поради нивната очигледна папочна врска
со Белград. Но, темите за нашето бугарско потекло станаа доминантни во
нивното гласило и дојде до таму што во 1995 година Љубчо не предизвика да
најдеме и еден доказ дека пред Тито имало Македонци? Е, тука веќе почнав да
се сомневам и не ми беше јасно со која цел. Но, почнав да се потсетувам дека
на Љубчо навистина Македонците му беа често во уста, но никогаш не се
изјаснуваше за нивното минато, не дај Боже во антиката. Додека патриотското
членство го вееше лавот и претежно сонцето, раководството полека го исфрли
сонцето, а лавот остана во новата црно-црвена позадина од пробугарското ВМРО!
Почнаа да им лепат етикети на голем број луѓе како удбаши и србољуби. Се
надевав дека членството на најголемиот дел со чиста македонска свест ќе се
справи со пробугарското раководство. Но, тие ги отстранија гласноговорниците
"македонисти" и "александристи".
Дали Љубчо навистина верува, како добар познавач на нашето минато (така
тврди), дека ние сме навистина Бугари? Не верувам. И секој малку поупатен
знае дека Бугарите беа од монголски жолт ген и дека тие не исчезнаа набрзо
во мнозинскиот "словенски" народ, а името се наметна, како што милуваат да
кажат денешниве самопрогласени Бугари, ама од белата раса. Да не должам -
вистинските Бугари од нивната постојбина (денешните крајдунавски области на
Бугарија), како православни Турци под притисок на Турците османлии масовно (неколу
стотина илјади) бегаат во Молдавија и Бесарабија во 1820 година како Бугари.
За тоа време ретко некој од "словените" таму се изјаснил како Бугарин. Љубчо
тоа мора да го знае.
Па дури и нашиот претседател Борче се осмелува да спонзорира некои
струмички пливачи во Австралија да шират пропаганда за нашето бугарско
потекло, со книги печатени во Бугарија. Логично е што овој протестант и не
избира средства како да го обезлични народот и државата. Дали Љубчо и
братијата со ова јавно бугаромансто го затскриваат нивното
грко-србо-шиптароманство, или едноставно долароманство? ВМРО-ДПМНЕ не
случајно го сакаше за архиепископ Стефан. Нема сомневање дека тој требаше да
ја одигра главната улога во бришење на националното име кои ни остана уште
во црквата. Бидејќи сметаа дека тоа тешко ќе им успее во Австралија,
владиката Петар ја презема улогата да ги уништи економски македонските
црковни општини со бесмисленото тврдење дека тие цркви припаѓаат на МПЦ.
Иако повеќе од нив се градени пред возобновувањето на Охридската
архиепископија во лицето на МПЦ и кога нашата Црква не сакаше да им ги
освети црквите и да им испрати свештеници. Апсурдот е дотолку поголем што е
прашање дали МПЦ има тапија на мојата црква "Св. Спас" во Драчево и другите
цркви? И дали МПЦ е само свештениците и сите кои заработуваат од верниците?
Исто како во комунизмот што фабриките беа на работниците, а директорите беа
дебело омрсени. Никако не му верувам на Љубчо и братијата дека се вистински
христијани, и покрај толку јавните истапи. Љубчо рече дека ќе го прифати
името кое САС на МПЦ ќе & го избере!? Затоа и тројанскиот коњ (расчинет или
не), владиката Петар, кој со јавните патриотски истапи го доведе во заблуда
народот, всушност со сите дејанија (судските спорови до уништување во
Австралија, тајните преговори со грчките владици, промовирањето на Јован
итн.) што кулминираше со потпишување на Нишкиот договор, очигледно со знаење
на Археипископот Стефан, но и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, и упорното "мудро"
молчење. Затоа верувам дека Љубчо и врвот имаат таен удел во разнебитувањето
на ова преостанато македонско парче, со тоа што на светскиот газда и
антихрист ќе му се задоволи во неговата омраза кон оние кои први го
прифатија христијанството. Само не знам кој е поштетен - дали Бране и
компанијата од недефинирано потекло или Љубчо и неговите јавно (кој знае
всушност какво) декларирани бугаромани. Да не бидам погрешно разбран, немам
ама баш ништо против оној кој ќе се запише како Бугарин, но имам ако се
декларира Македонец, а тврди дека Македонците ги немаше пред Тито.
Пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт спорев со еден нивни истакнат член кој
тврдеше дека тие веднаш ќе прекинат секакви разговори за името и ќе ни го
вратат во пакет со знамето. А и ќе ги протераат недржавјаните и ќе извршат
ревизија на дадените државјанства. А наводно и ќе извршат проверка на
стекнатите имоти. Јас му реков дека нема ништо од сето тоа, бидејќи уште
кога беа во локалната власт енормно се збогатија, како и Љубчо кој наеднаш
стекна убаво среден стан, две коли и не знам уште што, а ни ден немаше
работено, освен хонорарно вработената му поубава половина. Не треба да се
каже околу енормното видливо (сигурно многукратно повеќе) богатење, а кое
божем не го знаел и не го одобрувал новиот лидер Груевски. Инаку, околу
размена на луѓе и територии немам против, но само договорено и откако ќе се
протераат сите нелегално дојдени и огрешени со законот, а со можност за
ревизија на дадените државјанства.
Љубчо и ВМРО-ДПМНЕ имаа историска можност да останат на власт ако го
реализираа ветеното. Но за жал, немаме друг избор. Љубчо или Бранко, се
исто.