Вистинските потомци на Александар Македонски

(Повод: Мисијата на Македонската експедиција во Пакистан, Авганистан и Таџикистан во истражувањата за сличностите помеѓу денешните Македонци со предците на некогашната војска на Александар Македонски, кои и денес живеат во горенаведените простори)

За Александар Македонски се пишувало, се пишува и ќе се пишува се додека постои овој свет. Нас денешените Македонци и треба повеќе да не засега и повеќе да не интересира за него отколку преостанатиот свет, затоа што тој потекнува од нашите простори или од нашето поднебје, но за жал е обратно - целиот свет пишува и се интересира за него и за неговиот животен пат, а ние се однесуваме како да не ни значи ништо, а го носиме неговото име со кое направил светска слава за него, за Македонија и за Македонците. Па, ако тој не ни припаѓа нам, треба да ги проколнуваме нашите предци дека ете некој со векови ги лажел и манипулирал со нив дека се Македонци, па сега треба тие да бидат виновни за тоа што ни го накалемиле тоа име и нам, на денешните Македонци.

Повод за ова што го пишувам е еден напис во списанието од Readers Digest, на страна 68 со наслов "Јас ги барам античките деца", за Македонците кои останале да живеат од времето на Александар Македонски во денешен Пакистан. Во овој напис се споменува дека денешните Македонци кои живеат во Пакистан најголеми сличности имаат со народот од денешна северна Грција (а не друг дел од Грција), а за нас тоа е Егејска Македонија или за Грција провинцијата Македонија. Тоа значи дека Македонците од Егејска Македонија се потомците на Александар Македонски и тоа Крсте Мисирков и Гоце Делчев се антички Македонци, а тие што живеат од Гевгелија до Куманово се Словените на Глигоров и Трајковски.

Но, да се вратиме на написот во кој пишува дека меѓу првите кој престојувал меѓу тој народ бил и Марко Поло. Патувањето за Кина, па Ричард Киплинг. По планинските снежни покриви, и Сангри-ла, кој таму го барал сонот за еден слободен свет. Но, овие познати луѓе таму на тие простори забележале нешто необично - еден посебен бел народ, меѓу црномурестите Пакистанци. Кога Александар го победил Дариј, тој тргнал со 70.000 војска кон Индија. Армијата била распоредена на повеќе делови од кои некои се вратиле назад, а некои останале на овие простори да живеат. После 500 километри северено од Исламабад во Каракорамските планини близу до кинеската граница живее и ден денес народ од некогашната армија на Александар Македонски, на околу 50.000 од нив очите им се зелени, или кафени, кожата им е бела, косите им се пченкарно жолти до темно црни, а образите им се црвени. Музиката и танцувањето било исто како и во северно-западна Грција, тоа го тврди некој грчки учител од Атина кој бил таму за да ги школува. Учителот Лероунис потенцира дека училиштето го посетуваат околу 500 ученици, а во 1997 година грчката Влада однела 5 ученика во Грција да ги школува. Во продолжение пишува дека Пакистански тим на чело со д-р Касим Мехди генетски го проучува овој народ. Неговото истражување покажува дека народот кој останал од времето на Александар Македонски на овие простори, припаѓа на европската група, бидејќи кај нас не е вршено испитување на генетски материјал тој кажува дека сличности со народот од Калас и Ханза имаат Баскијците, Италијаните и Германците. Инаку симболите им се сонцето, светлината и коњот.

И на крајот се прашуваме до каде стигнуваме со нашата истражувачка експедиција и еднаш засекогаш Македонците да пишуваат за себе, а не другите да ни пишуваат како на нив им одговара. Затоа, бизнисмени, македонски лобисти и чесни граѓани помогнете ја македонската експедиција, за и таа да ни помогне во дополнување на македонската историја.

Драги Трајков, Германија


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"