МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ Македонската заедница во Холандија успешно ја заврши својата донаторска акција во книги ХОЛАНДСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ ПОБОГАТИ ЗА УШТЕ ЕДНА НЕОТКРИЕНА ВИСТИНА Пишува: Гоце ДУРТАНОСКИ
К ако што веќе информиравме, во декември минататагодина Македонската заедница во Холандија започна афирмативна акција под мотото "Преку книгата до вистината за Македонија" со донација на книги од познати светски научни имиња во поголемите библиотеки низ целата држава со цел запознавање на холандската јавност со нашата земја.Џон Тодоровски и потпретседателот Љупчо Ѓорчевски успешно ја завршија мисијата Македонците во Холандија ќе контактираат преку веб-страницата www.macedonie.net Афирмација на Македонија во Кралството Холандија Џон Тодоровски, претседател на МЗХ и главен донатор на акцијата книги до холандските библиотеки Комплетната подарена литература на Македонската заедница во Холандија е на англиски јазик од еминентни светски познати имиња од областа на историјата и јазикот со дополнителен видео материјал. Многу е важно да се каже и тоа дека нашата држава при овие библиотеки за првпат се здоби со свој оддел "Македонија" под кој во иднина ќе се собира литературата во овие библиотеки. Македонската заедница во Холандија минатата недела го донираше последниот пакет на книги и видео материјал на Универзитетската библиотека во главниот град Амстердам со што заврши првиот циклус од оваа акција со збогатување на книжниот фонд на десетина поголеми библиотеки во Кралството Холандија. Акцијата која ја стартувавме минатата година со првата посета на Универзитетската библиотека на Кралскиот универзитет во Гронинген, а ја завршивме со библиотеката во Амстердам, е иницијатива која има за цел да го привлече вниманието на холандскиот читател и истражувач, но воедно акција која треба да ги поттикне македонските дипломатски претставништва во странство во соработка со Агенцијата за иселеништво да го следат примерот на донации на книги за својата земја што претставува практика скоро кај сите држави во светот преку тој метод да ја афирмираат државата, истакна претседателот на Македонската заедница во Холандија, господинот Џон Тодоровски кој воедно е и покровител на оваа акција. Сите заинтересирани издавачи и издавачки куќи во Македонија и во светот кои ја обработуваат темата за Македонија, посебно древните антички корени на македонската државност и Империја, за повеќе информации можат да остварат контакт со Македонската заедница во Холандија за нивна презентација во Кралството Холандија. Веб-дестинацијата на МЗХ е следната: |
|