КУЛТУРА

Ексклузивно откритие во близина на селото Чашка, Велешко

ГЛИНЕН ПРАИСТОРИСКИ ПОКЛОПЕЦ СО ФОНЕТСКО ПИСМО

Пишува: Милева ЛАЗОВА

  • Наодот е од огромно значење за историјата на старото македонско писмо.
  • Според анализите на д-р Алексовски, откриениот поклопец е изработен примитивно. Рачката не е работена истовремено кога е работен и поклопецот, туку тој е изработен подоцна и е залепен на поклопецот пред печење.

Во селото Чашка, кое се наоѓа во непосредна близина на градот Велес откриен е ексклузивен наод - глинен праисториски поклопец со фонетски запис. Се претпоставува дека поклопецот е дел од глинен сад (кој не е пронајден), а целиот сад имал религиозна и култна намена. На поклопецот е испишано името на божицата Веста која била божица на огништето.

За ова откритие д-р Душко Алексовски и Центарот за карпеста уметност биле веднаш информирани од теренските соработници и истиот ден на самото место предметот бил целосно документиран.

ЗНАЧЕЊЕ

Наодот е од огромно значење за историјата на старото Македонско писмо. Се е во знакот на буквата В. Таа е изработена на рачката на поклопецот, во контекст на еден цртеж изработен во знакот на формата В, а истата буква е почетна во зборот

кој се пишувал од десно кон лево, вели д-р Душко Алексовски. Зборот

го читам БСЕФА. Во сите видови етрурски и италски писма буквата В има гласовна вредност Б. Подоцна поради општата јазична тенденција за олеснување на изговорот, кога буквата В ќе се најде во позиција на пред С, се изговара В и ја имаме формата Всефа. Продолжува адаптацијата за полесен изговор, с и е ги проемнуваат местата и се добива формата Весфа, како што често ги менуваат местата р и ј. Имаме старо машко име Гарјан и Гајран. Оттаму имаме и мали Гајранци и Гарјанци.

Според општото лингвистичко правило за изговорно прилагодување Ф почнува да се изговара Т и се добива формата ВЕСТА, божица на огнот кај Римјаните.

Понатаму како што тврди д-р Алексовски овој збор има и втор развоен правец. Според него, групата консонанти, кога се наоѓа на почетокот на зборот, првиот консонант отпаѓа и ја имаме формата Сефа.

Ф кога ќе се најде во интервокална позиција се озвучува кафе-каве, на пример Тополовиќ и некои други кратовски села, кофа-кова и слично, објаснува д-р Алексовски. Така се добила и формата сева-светка. К т севне (светне), мужеш и & глу да в& диш. Зборот е редок и не се наоѓа ниту во големиот Речник на Југословенската академија на науките и уметностите во 23 тома, ниту во Македонскиот речник со српскохрватски толкувања. Значи и еволуционо и семантички Бсефа кореспондира со Сева.

ОБЈАСНУВАЊЕ

Според анализите на д-р Алексовски, откриениот поклопец е изработен примитивно. Рачката не е работена истовремено кога е работен и поклопецот, туку тој е изработен подоцна и е залепен на поклопецот пред печење.

Откриениот поклопец на кој јасно е испишано името на божицата на огнот, Веста

Приказ на исцртаните букви

Тоа се забележува како народот вели со голо око, додава д-р Алексовски. Археолозите кои имале прилика лично да го видат, беа едногласни во проценката дека станува збор за предмет од праисторијата. Меѓутоа имаме збор испишан со букви. За среќа, граверот ги испишал буквите пред печењето и така се отфрла секакво сомневање дека некој подоцна би можел да ги изгравира буквите. Одново се поставува прашањето кога завршува праисторијата и кога почнува историјата. Предметот е праисториски, според изработката, историски според натписот.

На крајот заклучокот на д-р Алексовски е дека и овој натпис како и златната книга од VI век пред Христа, изложена во Музејот во Софија, напишана со грчко писмо, а етрурски јазик, Бакарната книга која го предизвика светскиот конгрес за семиотика идната година во Белград плочата од Лемнос, бројните етрурски записи на македонските карпи и камења одат во прилог на тезата дека Македонија е прапостојбина на Етрурците, кои ги поставиле темелите на римската култура и писменост.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"