епризнатиот параунивер-зитет во
Мала Речица по се изгледа, ако се усвојат најновите измени во Законот за
високото образование, ќе биде официјализиран, односно ќе стане трета
високообразовна институција која ќе оди на товарот на поголемиот дел од
македонскиот народ и другите етнички заедници што живеат во Република
Македонија, бидејќи Албанците не плаќаат струја, вода, и данок преку кој се
финансира образованието. На тој начин Албанците ќе бидат најпривилегираното
малцинство во државата, бидејќи се уште важи правилото за квотно запишување
на студентите од албанско национално потекло на универзитетот во Скопје и во
Битола. Потоа, сакале ние или не, тие веќе се привилегирани бруцоши на
Педагошкиот факултет во Скопје, а за таа цел беше основан и Штуловиот
универзитет во Тетово кој профункционира по најсовремена образовна програма.
Затоа се наметнува мошне дискутабилното и хипотетичното прашање - дали во
Албанците тече "посебна крв" слична на онаа што ја пропагираа Германците за
време на Хитлер кои својата ариевска течност ја претворија во "сина крв"?
Во образованието одамна е вмешана политиката и затоа тоа тоне во
последниве дванаесет или тринаесет години. Секоја политичка опција што ќе
победи на парламентарните избори носи свој закон или измени во високото,
средното и основното образование.
Претходно ДПА сакаше Штуловиот универзитет да го стави под државна капа,
но откако изгуби на изборите во 2002 година сега дојде ред на малочеранскиот,
кој по девет години егзистирање вон институциите на РМ и исфрли неколку
генерации дипломирани студенти со сомнителна наобразба и стручност, ги
дочека своите пет минути благодарение на блискоста со Али Ахмети. Поточно
признавањето на парауниверзитетот оди на душа на загинатите студенти -
членови на ОНА кои учествуваа во војната во 2001 година. Оттаму не е во
прашање целисходноста на толкавиот број на високообразовни инстититуции во
земјава, туку политичката моќ и желба за враќање на долгот кој стои како
дамаклов меч врз главата на Ахмети.
Ако се гледа моменталната финансиска моќ на државата, тогаш во Република
Македонија би функционирале најмногу две вакви инстититуции, но кој во овој
миг гледа на фактите и разумот кога лудоста и политиката го диригираат
образованието.
ПОТРЕБА!?
Тетовскиот универзитет ќе биде легализиран најверојатно до октомври, а
дипломите на околу 400 студенти ќе бидат признаени до 2005 година,
изјави неодамна на прес-конференција министерот за образование, Азис
Положани.
Тој рече дека оваа институција треба да се легализира, зашто
Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) не ги исполнил очекувањата на
албанската заедница. На тетовскиот парауниверзитет, како што беше најавено,
треба да работат четири факултети. Министерот Положани потенцира дека
државата е подготвена да финансира уште факултети на парауниверзитетот во
Тетово ако се утврди дека има потреба и услови.
Џафери и Георгиевски го поддржуваа Штуловиот универзитет
Во 2002 година се донесе Закон со кој се формира Универзитетот ЈИЕ кој
требаше да ги реши проблемите во високото образование на Албанците. Но, не
успеа во тоа. Сега нудиме посодржајни промени што треба да ги решат
натрупаните проблеми во високото образование на Албанците. Тоа не можам сам
да го направам, туку заедно со Владата. Ќе направиме рамка универзитетот да
влезе во легалното образование во Македонија, рече Положани.
Министерот за образование истакна дека другите заедници имаат право да
формираат високообразовни институции, но само ако се 20 отсто од вкупното
население. Тој не ја отфрли можноста заедниците да формираат и студиски
програми. Но, тие ќе добиваат пари од државата само ако студиите бидат од
јавен интерес. Положани информира дека за распределбата на парите за
факултетите на државните универзитети ќе биде надлежен посебен финансиски
совет кој ќе работи во ресорното Министерство.
УСПЕХ
Овој тетовски парауниверзитет беше илегално формиран во декември 1994
година, со одлука на неколку општини со доминантно албанско население. На
него има 11 факултети. Инаку, партнерите во владината коалиција се
договорија да легализираат четири од нив: економскиот, правниот и два
факултети на кои се школуваат наставници и професори за основните и средните
училишта. Се уште е отворена можноста да биде признаен уште еден факултет за
да се обезбеди законскиот услов од пет факултети за да се добие
универзитетски статус.
Во врска со договорот на партнерите во власта СДСМ и ДУИ да го
легализираат малоречанскиот парауниверзитет, од раководството не ги
коментираат односите меѓу политичките партнери.
Најбитно е што со промената на Законот, по девет години инсистирање
влегуваме во процесот на легализација, изјави за "Дневник" ректорот
Неџбедин Деадини кој дојде на местото на контроверзниот Фадиљ Сулејмани кој
беше иницијатор и основоположник на оваа се уште параобразовна институција.
Универзитетот, вели тој, неодамна до Министерството за образование
го доставил својот предлог за идната структура на универзитетот и
факултетите. Тие му предложиле на Министерството да се легализираат сите 11
факултети, но подготвени се за разговор и компромис. Ние го понудивме нашиот
концепт. Министерството треба да даде свој предлог. Најверојатно ќе се најде
компромис, кога ќе ги соочиме двата предлога, по што Сенатот ќе одлучи кој
модел е најприфатлив, изјави Деадини.
Студентската организација од малоречанскиот парауниверзитет исто така е за
признавање на сите факултети.
Нема причина тоа да не се случи, освен можеби за некои факултети за кои
навистина е потребна специфична опрема или лаборатории. Треба на сите да им
се даде шанса да добијат валидни дипломи, смета Шпресим Канбери,
претседател на сојузот на студентите.
Актуелните универзитетски власти, очигледно ја напуштаат воинствената
реторика што ја употребуваше претходното раководство предводено од
приштинскиот професор кој дојде да ја води оваа параинституција, Фадиљ
Сулејмани. Тие ќе инсистираат парауниверзитетот да го задржи името и како
што вели ректорот, да добијат автономија и право на проширување. На
парауниверзитетот во Мала Речица во изминатите девет години, според нивни
проценки, поминале над 10.000 студенти. Од нив 5.000 се уште студираат, уште
толку имаат апсолвентски статус, а над 400 веќе дипломирале.
НОВОРОДЕНЧЕТО
Проблемот со образованието на Албанците во Република Македонија е стар.
Тој постојано се артикулира на разни начини, преку домашен и меѓународен
притисок. Но, каков и да е тој секогаш предизвикува тензии од пошироки
размери, кои подоцна се имплицирале врз меѓунационалните односи во земјава.
Историјата, т.е. блиското минато покажа дека првите албански студентски
нетрпеливости се појавија на универзитетот "Свети Кирил и Методиј". Во обид
да се спушти топката на земја, односно да се намалат меѓунационалните
тензии, се создадоа т.н. квоти за албанските студенти и другите етничките
заедници. Меѓутоа, тие не го решија проблемот со високото образование на
Албанците во РМ. Тој продолжи со несмален интезитет да ескалира на
Педагошкиот факулет во Скопје каде постојано се случуваа ексцеси, разноразни
притисоци и непосетувања на предавањата на професорите Македонци.
Жртва на планирано дивеење стана тогашниот декан на Педагошкит факултет,
Никола Петров. Подоцна како епилог на сето ова се појави малоречанскиот
парауниверзитет чие образовно и наставничко јадро се црпеше од Приштинскиот
универзитет, односно од Албанците професори кои по укинувањето на
универзитетот од српската влада на Слободан Милошевиќ преминаа во илегала и
предаваа по куќи низ покраината. Истиот образовен систем беше пренесен и во
Република Македонија, така што проблемот беше увезен. Оттаму, сите
подоцнежни активности на оваа параинституција се последица на претходните
манипулации со образованието на албанските студенти.
Затоа легализирањето на парауниверзитетот во Мала Речица е само финале
пред финалињата. Крајот на патешествието на студентите Албанци кои студираат
на оваа инстититуција се ближи. Но, да потсетиме дека во не така далечната
1994 година при промовирањето на парависоката образовна институција
сегашниот и тогашниот премиер Бранко Црвенковски испрати полиција за да ја
брани државата.
Во тие инциденти имаше и жртви, но проблемот продолжи да функционира и да
пулсира како ништо да не се збиднало. Случајот продолжи да егзистира и да
исфрла студенти кои поминуваа низ дискутабилна образовна програма. Затоа
наместо да се преиспита понудената образовна програма за сите т.н.
факултети, студентите Албанци беа искористени за поткусурување во кое
учествуваа и албанските и македонските политичари. Вината за загубеното
време поминато во т.н. малоречански универзитет студентите ќе мора да го
бараат кај политичарите и кај одредени професори што до вчера предаваа.
Во меѓувреме ДПА се залагаше за Универзитетот на Југоисточна Европа,
таканаречен Штулов, кој беше новороденче на тогашниот висок комесар за
малцински прашања, Макс Вандер Штул. Кохезијата меѓу Љубчо Георгиевски и
Арбен Џафери го создаде т.н. Штулов универзитет кој изникна по многуте
меѓународни притисоци и донесениот сега актуелен Закон за високо
образование. Меѓутоа, од секогаш имало природна поделба меѓу албанските
партии кои различно гледале на двете институции во Тетово. ПДП го
поддржуваше и се уште стои зад малоречанскиот, додека пак зад Штуловиот беа
Џафери и Тачи. Со реализацијата на Проектот ЈИЕ најмногу се офајдија
политичарите, а студентите мораа да плаќаат енормно високи цени за
образование според европски стандарди. Во меѓувреме најголем удар против
Штуловата концепција беше Ахмети кој се заложи за легализирање на
парауниверзитетот во Мала Речица. Во него сега предава и најпознатиот
албански затвореник, поранешниот гостиварски градоначалник Руфи Османи, а од
него беше протеран довчерашниот ректор Фадиљ Сулејмани. Очигледно битката за
легализација на универзитетското образование ја доби раководството во Мала
Речица. Но, и натаму останува да виси во воздух одговорот на прашањето -
дали на Република Македонија & се потребни толку високообразовни институции
кои ќе ги финансира државата, а притоа еден од нив ќе биде и т.н.
малоречански универзитет? Дали и него ќе го финансираат Македонците и
другите граѓани, а албанските даночни обврзници ќе седат на страна и ќе
одбиваат да го плаќаат данокот на државата, со кој меѓу другото ќе треба да
се финансира и нивното образование? Одговорот ќе треба да го кажат Владата и
Парламентот. Но, тој секако ќе биде скриен и во интерес на политиката и на
моменталната безбедносна ситуација.