|
ПОГЛЕДИ
Огледалце, огледалце
ГОЛЕМИТЕ КРАЖБИ НА МОРАЛОТ
Гог ма Гог
Л ето е, и луѓето имаат право, за
разлика од државата, да се опуштат и да си кажуваат, и да си предат приказни,
да си прераскажуваат сонови, да си гатаат... Кога веќе не можат да одат на
годишен одмор оти во оваа држава и натаму се отпуштаат работници, наместо да
се вработуваат.
А, кога е така, тогаш како ја замислувате Македонија без мито и корупција,
без криминали привилегии? Минатата недела цела држава беше стаписана од една
не многу авторитетна анкета дека во двата државни универзитети, поточно во
пооделни факултети, царува и поткупот. Се вознемирија родители, се
вознемирија професори, се вознемирија студенти... Цел народ стана на нога,
како може најучените во оваа држава покрај солидните плати што ги примаат и
грстовите привилегии што ги имаат, да прифаќаат уште и "колнати пари", како
што има обичај нашиот човек да каже за митото што го дал.
Што ако е лето?! Ситуацијата е многу сложена, а крастата чеша ли чеша.
Ако еднаш сериозно и конечно не и се отвори војна, ама навистина вистинска
војна на корупцијата тешко на Македонија. Болеста ќе си ја прифатиме (ако
веќе не сме ја прифатиле) епидемиолошки и заздравување- на здравје!
Еден студент по оние силни викотници за корупцијата во амфитеатриските
клупи, учтиво и мудро ме предупреди: "...Колку вие новинарите пишувате и
кажувате закорумпираноста на факултетските и други професори, толку се
зголемува интересот кај нас студентите за студирање! А, знаете ли зошто?
Едноставно штом знаење може да се купи нема родител на светот што не ќе
искамчи од некаде и од некого пари, да му ја плати дипломата на своето дете"!!!
Леле мајко, каква силна и многу реална состојба на "лошите нешта".
Некогаш, знам татко ми еден гимназиски професор купи за едно чоколадо. Уште
тогаш си реков: "Што се чудиш, толку му е цената на професорот"! Сега слушам
скокнала, многу скокнала... Од двата државни универзитети Климент и браќата
"Кирил и Методиј" доаѓаат смуткосани одбрани: бараат факти!
Децата никогаш не лажат. Можеби во приказните претеруваат и
преувеличуваат, но сижето го имаат, оти некој друг им го дал. Затоа од овој
ќорсокак, оставете ги децата по страна барајте ја вистинската смисла за "големата
кражба на моралот" кај родителите и универзитетските управи.
Оваа држава сакаше да го " освежи" судскиот совет и да го проветри од
партискиот пувеж. Наиде на - отпор. Кажете ни дали сте прочитале во некој
весник дека ректорот, деканот или Советот на било кој факултет му се
заблагодарил на некој професор, на кој се огрешил затоа што зел мито, туку
затоа што на неговите предавања нема студенти да слушаат бидејќи е здодевен,
бидејќи е со пријатели инагуриран во професор, бидејќи е залутан... Се
сеќавате какви земјотреси се случува кога стануваше збор за партиципацијата
на студентите. За малку што не дојде до Трета светска војна!
Е, што сакате да се случува во нашите автономни универзитети кога ни
професорите не се лутат оти студентите не им доаѓаат на предавање (ве молам
исклучете ги- исклучоците), ни студентите бараат да се сменат таквите
професори на кои подмустаќ им се потсмеваат и можат да ги купат за ептен
ефтино. Ако некоја институција кај нас е навистина "закоравена" тоа е -факултетската.
Во неа се можеда се случи, само не права наука. Ѕирнете на Медицинскиот
факултет ќе ја видите и откриете сета состојба во нашиот академизам. Таму
нема лекари туку "лозови и насади" кои брилијантно се "изведуваат" од колено
на колено.
Но, така е, зошто ние сакаме така да биде. Знаете, Наполеон многу пати во
пауза меѓу две битки сакал да прошета меѓу војниците. Еднаш со себе го зел и
главниот интендант Мишел Пакард. Сретнале еден војник и Наполеон го прашал:
Колку ја сакаш татковината? Многу, одговорил војникот, и додал, ама многу
повеќе го сакам ручекот точно на пладне!
Наполеон го наградил војникот, а го казнил интендантот Мишел Пакард. Не
знам зошто го зедов овој пример за- пример? Да, да ...Се сетив.
Привилегијата е најголем непријател на правдата. Таа е како да создаваш
клептократи кои крадат во присуство на власта!
|