ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Запис на неделата

ПОСКУРА

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

Необичен запис за луѓето, за оние високопобожните, скриени во плаштот на самовербата, гордоста, но со едно изопачено властоверие.

И затоа, втората од двете најголеми христијански заповеди, вели:

"Љуби го својот ближен како себеси ". Овој чин на размислување претставува висок степен на човечко милосрдие.

Мат. 22-37-40

"Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или ќимвал што ѕвечи".

И Кор. 13-19

Ова се само два примера за да ја согледаме вистината, смирението, добрината, љубовта и дарежливоста.

Празна е молитвата, ако во душата тлее одмазда, клевета, себичност и демонско однесување кон ближниот. Епитетот брат, сестра овој пат се само фарса на самофаленоста, гордоста и властољубието и поскурата е само патешествие до еден прогон во кои се наоѓаат лилјаците, облетувајќи кон тие што својот грев го заменуваат со големиот прашалник?

Зарем таа мала света поскура може да биде парче за бунт и клевета. Не, поскурата е само мал мост на жедта на душата. Овој пат протагонистите на самоволието, самоуверени во безгрешноста и високата побожност се тркалаат и паѓаат во сопствен грев. Сите овие постапки се спротивни од Божјата премилост и блаженост. Актерите на оваа игра "Поскура", што се случи на ден Господов и празникот "Покров на св. Мајка Богородица", на 14 октомври 1999 година, опоменува и Господ ќе си го побара својот есап, а тие што лажно се кријат во божјата промисла треба да си го вратат и уништат демонското зло и да побараат прошка, прво пред Господа, а потоа од наклеветените ближни браќа. Сестра Ангелина со своите асистенти лошо ја заврши оваа нечесна и нехристијанска игра.

Оваа е вторпат како сестра Ангелина се најде во рацете на демонските игри. Овој пат Сатаната се обидува да ја претопи во гордоста на врашељубието.

Сестра Ангелина и нејзините асистенти, паѓаат во потежок грев, бидејќи не ги исполнуваат библиските Закони и слабо го негуваат правилникот на Ѓаконијата.

Тие треба длабоко да размислат што е Библија, а што е Ѓаконија.

Браќата и сестрите, нашите ближни, нашето Божјо богатство треба да се почитуваат, а сестра Ангелина треба да биде мисионер, хуманист, дарител, а не џандар и судија.

Клеветата, оговарањето и покажувањето се покосен грев и тој мора со простување и каење да биде парчосан.

Постапката со поскурата и целата вистина за овој запис на неделата е предупредување дека човекот, создаден од Бога, сторениот грев треба да го замени со уште посилна љубов и милосрдие, но за жал сестра Ангелина овој пат ги заборави блаженствата?!

Поскурата е земена со Божја промисла, легално, во присуство на дежурната, драга и смирена сестра, а со тоа не е навреден олтарот, туку е навредена светата поскура и братот што со благослов ја зел.

Епилогот на овој необичен запис, по вина на сестра Ангелина, заврши нехристијански кога домаќинот, г. Душко, со излив на тежок грев и безобразие, со погрдни зборови им се обрати на верниците. За ова нема потреба од коментар.


Свети тајни

Света Тајна е видливо свештенодејство преку кое божјата благодет на оние кои ја примаат пренесува чудотворни дарови. Светите тајни Крштение. Миропомазание и свештенство се неповторливи. Венчание е условно повторливо. Причест и елеосвештение се повторуваат.

Крштевањето е почеток на нашето живеење во верата: тоа е наше духовно раѓање и затоа кумот е духовен родител на крстениот.

Миропомазанието е утврдување на даровите на Светиот дух, наша духовна тврдина.

Покајанието е очистување на сопствениот дух од сите загадувања на коишто не навел ѓаволот.

Евхаристијата е наше потполно заедништво со Христа, соединување со Отецот преку телото и крвта на Исус и силата на Светиот дух.

Елеосвешението е духовно и телесно лекување на болен.

Венчанието е благословување и осветување на брачна заедница, заради раѓање на децата и создавање од православното семејство духовна домашна црква.

Свештенство-ракополагањето е примање дарови од Светиот дух за извршување на апсистелната мисија на Господ Христос, односно на Светата црква.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"