На една тврда плоча со прст ја напишал песната чии зборови длабоко се
врежале врз плочата. "Името ми е Гаврил..." и во тој момент станал невидлив.
Плочата е пренесена во Цариград, а песната до денес се пее во Христовата
Црква. Чудотворната икона "Достојно ест" се чува во олтарот на Соборниот
храм на Богородица во Света Гора - Протатон. Слава му на Бога Кој го
испратил Светиот Архангел Гаврил да ја објави оваа ангелска песна која &
соодветствува на Пресвета Богородица. Слава на благовесникот Свети Архангел
Гаврил "Боговдахновен славопеец на Пресвета Богородица и Нејзин радосен
служител...".
НЕЗНАБОШЦИТЕ
Истиот ден се слави и Св. Апостол Вартоломеј, еден од дванаесетте
апостоли, кој рушејќи го идолопоклонството, ја разнесе низ светот Христовата
наука. Заедно со Св. ап. Филип и сестра му Маријамна, го проповедале Светото
Писмо во Сирија и Мала Азија и биле мачени од незнабожците. Во градот Ерапол,
Св. ап. Вартоломеј, Филип и Јован Богослов го проповедале Христовото учење и
ја умртвиле змијата на незнабожците кои & подигнале храм. Св. ап. Вартоломеј
и Филип го излечиле Стахиј кој бил 40 години слеп.
Незнабошците ги распнале Св. ап. Вартоломеј и Филип на крст. Вартоломеј
останал жив, а Св. ап. Филип ја предал својата света душа во Божјите раце.
Вартоломеј продолжил да го проповеда Светото Писмо во Индија и го превел на
индиски јазик Евангелието по Матеј, а им оставил и Евангелие на еврејски
јазик. Ја излечил ќерката на ерменскиот Цар Полимиј и ги крстил царот,
царицата, ќерка им и многумина други. Царскиот брат Астиаг го распнал Св.
Вартоломеј на крст, наредил да му ја одерат кожата и да му ја исечат главата.
Светото тело висело на крст со одвоена глава "со нозете свртени нагоре, како
да го покажуваа апостолското патување кон небото". Св. ап. Вартоломеј својот
земен живот го завршил на 71 годишна возраст. Верните го погребале во градот
Албанопол во Ерменија. Светите мошти биле пренесени на островот Липар, во
градот Беневент (Италија), а потоа во Рим.
КАМЕНУВАЊЕ
На 24.06. се прославува и Св. апостол Варнава, еден од 70-те апостоли. Се
викал Јосиф, но апостолите го нарекле Варнава (Син на утехата). Го
проповедал Светото Писмо во Антиохија, Рим, Милано и Кипар, каде ја
почувствувал својата маченичка смрт од Евреите и на Св. ев. Марко му ја
оставил следнава порака:
"Денес ќе завршам од рацете на неверните Евреи, како што ми кажа Господ;
а ти, земајќи го моето тело, кое ќе го најдеш надвор од градот, на западната
страна, погреби го, па оди кон мојот другар, апостол Павле, и извести го...
за мене".
Го замолил при погребот на градите да му го стават Св. Евангелие по Матеј,
кој сам своерачно го препишал. Евреите го каменувале Св. Варнава, а потоа го
фрлиле во оган. Св. Марко, заедно со другите ученици, го нашол телото
потполно зачувано и го погребал во една пештера оддалечена од градот. Св. ап.
Варнава го завршил својот живот на 62 годишна возраст. Тој му се јавил и му
открил на кипарскиот епископ Антим каде се наоѓаат неговите мошти. Тие биле
пронајдени на 24.06. Моштите биле положени во олтарот на црквата подигната
таму каде што биле откриени.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд