милениум, за жал, кога бевме неми сведоци на неколку крвави граѓански војни
кои можеа да ескалираат во европски и светски размери. Заради ова со право
можеме да ја презентираме девизата: "Без Балканот нема обединета Европа".
За интегрирање на Балканот во ЕУ согледувајќи ги сите аспекти од
политички и економски карактер, Евро-унијата треба да ги има предвид
следните постулати: економски реформи; граѓански-малцински права; економска
интеграција на Балканот; непроменливост на границите; баланс на политичките
односи на Балканот.
Основен постулат за можно интегрирање на Балканот во Унијата се
економските реформи, имајќи ја предвид економската состојба на регионот по
дезинтеграцијата на СФРЈ и падот на комунизмот.
Самите економски реформи опфаќаат спектар на економски терапии за
заздравување на нарушените индустриско-стопански текови, и тоа:
- преку забрзана приватизација;
- технолошко преструктуирање на индустриските објекти;
- стабилизирање на банкарскиот систем како гаранција за сигурно
инвестирање;
- рационализација на администрацијата;
- пазарна економија;
- современа патна и железничка инфраструктура.
Што се однесува до вториот постулат – граѓански-малцински права мое
согледување е дека ЕУ не треба да ја повтори грешката да врши експонирање на
малцинските права, кои предизвикуваат национализам, верска нетрпеливост и
крвави граѓански војни.
Малцинските права се гарантирани со Хелсиншката конвенција и должност на
секоја држава е да го исполни лимитот за нивно разрешување.
Мое видување на овој постулат е давање примат на граѓанските права кои ќе
се реализираат со етапен економски развој и подобрување на животниот
стандард со што малцинските права ќе останат во втор план бидејќи секој
граѓанин кога ќе го има основното демократско право на обезбедена
егзистенција националните и верските страсти етапно ќе исчезнуваат и ќе го
губат својот интезитет.
Освен економските реформи и граѓанските права важен постуалт за
интеграција во ЕУ е економското интегрирање на Балканот, бидејќи без таква
интеграција нема одење во ЕУ, затоа што народски кажано Балканот како
отскочна даска не може да се прескокне, за да се оди во ЕУ.
Оваа интеграција е неминовна и треба да ја имаат предвид сите балкански
држави. Сакаат или не сакаат мора да го заборават минатото и во интерес на
своите народи да започнат да градат нов демократско-економски соживот.
Само со економска интеграција ќе се создаде поволен политички економски
амбиент за меѓусебна доверба, со широко отворање на меѓусебните граници за
нормална циркулација на луѓе, идеи, капитал, стока и др.
Непроменливоста на границите е важен постулат за Балканот и неговите
држави за интеграцијата на ЕУ.
ЕУ партнерите тоа добро го знаат и често пати го искажуваат пред јавноста
знаејќи дека секое менување на границите може да има далекусежни последици
за ЕУ во обратна насока, наместо интеграција, да добие карактер на
дезинтеграција.
Поради ова овој постулат ЕУ не траба само да го прокламира, но и треба
строго да го почитува особено за Балканот за да не им се врати како бумеранг,
со далекусежни последици во нивните демократски атари.
Како последен постулат се политичките односи на Балканот, е исто така
важан имајќи го предвид дебалансот на односите по дезинтеграцијата на
Југославија – пропратена со невидените граѓански војни.
Поради овие дубиози – соломонско решение е свртување на погледите од
минатото кон иднината преку подобрување на политичкиот однос со градење на
нов амбиент на релаксирана политичка клима, која ќе изврши баланс на
се уште ладните политички односи помеѓу некој балкански народи за општо
добро за сите народи, на патот кон обединета Европа.
ЕУ партнерите во своите глобални премисли за Европа ги елаборираат сите
можни параметри за ЕУ во