о минатиот број на "Македонско
сонце" објавив предлог за воспоставување официјални односи помеѓу
Украинската Афтокефална Православна Црква - Соборноправна и МПЦ, како и за
востановување сеправославен меѓународен сојуз помеѓу т.н. "непризнати цркви".
Овој предлог го упатив и до украинскиот владика (одговорен за украинската
дијаспора во Северна Америка) неговото преосвештенство господин Стефан.
Заради историската тежина на неговиот одговор, моето и неговото писмо ги
објавувам во целост.
На 17.06. 2003 година, по е-маил го испратив следното писмо;
"Почитуван митрополиту Стефан, Почитувани членови на Украинската
Афтокефална Православна Црква,
Јас сум историчар од Македонија. Неодамна ја посетив вашата веб-страница
на интернет и дозволете ми да ви ја дадам мојата целосна поддршка во вашиот
напор УАПЦ да опстане како независна Црква, наспроти желбите на странските
шовинисти.
Нашата Македонска Православна Црква се наоѓа во слична состојба во која
т.н. "признати" цркви (посебно Српската и Грчката, но и Руската) не ја
признаваат нашата Црква, иако е таа постара од нив.
Минатата и оваа година во македонските медиуми објавив писмо во кое
предложив сите т.н. "непризнати" цркви (какви што се Украинската,
Македонската, Црногорската, Ерменската и други) да се здружат и да создадат
една заедничка и силна сеправославна заедница. Таквата заедница би била
силен меѓународен православен субјект и за евентуалните идни преговори со
т.н. "признати" цркви. Колку што можам, јас упатувам апели до МПЦ да почне
официјална соработка со УАПЦ, како и со останатите т.н. "непризнати" цркви.
Доста ни е на сите од бескрајните навреди и понижувања што ни ги приредуваат
странските шовинисти!
Поздрав, Александар Донски.
На мое големо пријатно изненадување, веќе на 20.06. 2003 година, добив
одговор од митрополитот украински господин Стефан. Заради историската
важност на ова писмо, истото (со негова дозвола) го објавувам во целост.
Потенцирам дека ова можеби е прво писмо објавено од некој странски владика
во кое јасно и гласно се кажува дека се признава МПЦ! Писмото гласи:
"Слава на Исус Христос!
Драги Александар,
Вашето писмо ми причини голема радост. Јас веќе долго време правам напори
да ја одржам во живот нашата Црква овде во дијаспората, имајќи предвид дека
и ние имаме голем број непријатели. Јас одржувам многу добри контакти со
митрополитот Михајло од Црногорската Афтокефална Православна Црква. Пред две
години тој ме покани во Црна Гора на прослава на празникот Свети Лука. Но,
луѓето од Српската Црква некако разбрале за ова, па еден од нив се јави во
нашата Црква и ми се закани дека доколку ги поддржувам Македонската и
Црногорската Православна Црква ќе бидам повреден, па дури и убиен! Зарем е
тоа христијанско однесување? Во Црна Гора не заминав, а дури имав проблеми и
со Украинци кои зборуваат лаги за нашата Црква.
Зад сето ова стои Цариградската Патријаршија, која се обидува да го
спречи постоењето на секоја Православна Црква, која не е со нив. Тоа е
срамота! Како што ми пишавте Вие, нашите Цркви постојат многу пред нивните и
ние ќе продолжиме засекогаш да постоиме. Ние никому не правиме ништо лошо,
туку само се обидуваме да ја работиме работата која БОГ ни ја определи. БОГ
е со нас! Точно дека за да бидеме посилни, ние мораме да се поддржуваме едни
со други, а во тоа треба да ни помогнат и нашите народи. Ние треба да имаме
само страв од Бога, а не и од луѓето. Ако морам да го дадам својот живот за
нашата Црква и за светата Православна вера, јас сум подготвен да го направам
тоа. Исто така силно се согласувам дека ние мораме заеднички да работиме и
да направиме се што можеме взаемно да се поддржуваме едни со други. На ваков
начин само можеме да бидеме посилни, а останатите ќе сфатат дека ние не сме
слаби и дека ќе продолжиме да ги градиме нашите Цркви.
Сакам да Ве замолам да зборувате со архиепископот на МПЦ Стефан и да го
известите дека ние силно го поддржуваме него и Македонската Православна
Црква. Подготвени сме на секаков начин да & помогнеме на МПЦ. Само ако
работиме заедно ќе можеме да ги надминеме пречките што ни ги поставуваат
оние кои гледаат "од високо" на нас. Ние знаеме кои сме и знаеме дека сме
претставници на вистинските цркви, кои се одговорни само пред Бога.
Ве молам известете ме ако можам и јас лично да сторам што и да било за
Македонската Православна Црква во САД и во Канада. Јас сметам дека нам не ни
треба признавање од т.н. "признати цркви" (Грчката, Руската и други). Тие
само мислат на пари. Ќе Ви кажам една информација од прва рака. Лично ми
беше кажано дека ако дадеме поголема сума пари, ќе бидеме признати како
Црква. Но, ние немаме намера да му даваме пари на ѓаволот.
Со нетрпение чекам повторно да ми се јавите. Ви го испраќам мојот факс и
телефонски број. Можете да ми се јавите во секое време.
Митрополитот Стефан од Украинската автокефална православна
црква
Ве молам да имате предвид дека вашата МПЦ не е осамена. Ние ја признаваме
вашата Света Црква како наша сестринска Црква и го поддржуваме архиепископот
Стефан во сите негови чекори. Бог е на наша страна и тоа е најважно за нас.
Ако постапуваме според Божјата волја и Неговата Света Црква, нема потреба да
се грижиме за оние кои не не признаваат, затоа што треба да бидеме одговорни
само пред Бога.
Исто така ја поддржувам Вашата идеја за основање меѓуцрковна заедница.
Тоа е многу добра идеја. Дури можеме и да избереме Патријарх на таа заедница.
Ги испраќам мојот благослов и молитви до сите вас. Со љубов кон Бога -
митрополит Стефан, УАПЦ - Соборноправна".