онечно власта, првиот полицаец во
државата, Хари Костов, призна дека во Република Македонија има сериозни
форми на тероризам кој директно ја загрозуваат безбедноста на земјава. Тој
по неколкумесечно премолчено маневрирање потклекна под притисокот на
јавноста и го смени речникот што дотогаш го применуваа гласоговорниците на
Полицијата, користејќи се со термините криминални банди, итн...
Очигледно просторот за манипулација на јавноста по двата терористички
напада во Скопје, кај ТЦ "Мавровка" и во близина на просториите на
Македонските телекомуникации, е скусен. Тој не остави време за прилагодување
на македонската полиција, бидејќи настаните го притискаат МВР. Затоа
министерот Костов остро реагираше и оцени дека треба да се прави разлика
меѓу терористичките акции и обичните кражби, ограбувања што се секојдневна
слика во Тетовско, во Кумановско и во други делови во земјава. Но,
министерот заборава дека без разлика на формата на загрозување на јавниот
ред и мир станува збор за безбедноста која никако да се стави под контрола.
Таа и натаму е првиот услов за стабилизација и посериозно приближување на
Република Македонија кон евроатланските интеграциони процеси.
ПОДАТОЦИ
Двете разорни експлозивни и предупредувачки направи што експлодираа во
центарот на Скопје, имајќи ги предвид локациите каде што беа поставени,
институциите и средствата, за македонската полиција претставуваат класичен
пример на терористички акт.
Начинот на поставувањето, видот, но и времето на експлозијата упатува на
заклучокот дека и во двата случаја станува збор за терористичка група или
дел од терористичка група која на кој било начин има тесна врска со
настаните во Куманово и Кумановско. На крајот, не ја исклучуваме можноста
дека ваков настан во иднина нема да ни се повтори, изјави министерот за
внатрешни работи Хари Костов.
Според него полицијата го прегледува и истражува снимениот материјал од
камерите поставени на зградите на "Македонски телекомуникации" и на "Мобимак",
од кои, наводно, добила расположливи податоци за тоа кој би можел да биде
подметнувачот на експлозивот.
Во МВР се врши анализирање и идентификување на неколкумина сомнителни
лица кои во тој момент минувале околу објектите каде што биле поставени
бомбите, посочи министерот Костов.
Инаку, краткиот биланс од експлозиите во кој се вели дека едно лице е
полесно повредено, а причинета е поголема материјална штета, не потсетува на
сериозноста на настаните. Двете експлозии што се случија околу 19,20 часот,
на 22 овој месец, со временско растојание од околу две минути, го потресоа
централното подрачје на Скопје и ги вознемирија граѓаните потсетувајќи ги на
урбаните терористички акции од 2001 година.
Подметнатата екслозивна направа пред ТЦ"Мавровка" не е
прва, слична се случи во 2001 година
Терористичката бомбашка и експлозивната рапсодија ќе
продолжи, проценува Костов
Првичните полициски информации велат дека едната експлозија се случила на
булеварот "Крсте Мисирков", пред трговскиот центар "Мавровка", наспроти
влезот на универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Експлозивната направа, за
која во Полицијата тврдат дека се во тек вештачења со кои ќе се утврди видот
и составот на експлозивот, била поставена во контејнер.
Другата експлозија се случила на улицата "Орце Николов", пред управните
згради на "Мобимак" и на "Македонски телекомуникации", во центарот на Скопје.
На местото на експлозиите увид извршиле припадници на Единицата за
антитероризам во МВР, а полицијата презела мерки и активности за откривање
на сторителите и мотивите за поставување на експлозивните направи. Според
полицијата во двата случаја се утврдило дека станува збор за два вида
различни експлозива. Во првиот случај, кај ТЦ "Мавровка" бил употребен
пластичен експлозив, од втората група експлозиви, додека, пак, кај "Македонски
телекомуникации" бил употребен ТНТ.
Експлозијата кај "Мавровка", според сите досега прибрани податоци како
доказен материјал, била предизвикана од околу еден килограм пластичен
експлозив, а втората била од помал интензитет, од помало количество ТНТ.
Министерот Костов, во врска со овие настани, потенцираше дека имало два
вида криминогени активности, едните биле терористички, кои ги поврза со
бомбите од пред гимназијата и онаа пред трговскиот центар во Куманово, потоа
бомбата поставена пред судот во Струга и мините кај Сопот и Ваксинце. Додека
пак другите биле криминални, како што биле оние во Тетово и Тетовско, при
што цел на напади биле семејства, златари, менувачници.
РЕТРОСПЕКТИВА
Министерот Костов оцени дека сите досегашни терористички настани се
расветлени. Тој потенцираше дека освен подметнувачите на мината кај
караулата Стража, кога загина војник на АРМ, сите други терористи се или
осудени или против нив се води судски процес.
Во контекст на последните настани во скопско, Костов меѓу другото
информираше дека МВР имало резервен план за акција кога вооружена толпа
нападна новинари и упадна во полициската станица во Арачиново.
Сега нема да кажувам што се МВР имаше обезбедено како резерва и каков
план имаше. Неделава ќе поднесеме кривични пријави за нападот врз новинарите
и пријави против сите кои упаднале во полициската станица. Очекуваме со
обвинителството да почнеме со приведување, најави првиот човек на
македонската полиција.
Притоа, во врска со арачиновскиот случај Костов рече дека МВР со камери
го снимало апсењето на Демири, во кого полицајците стрелале кога репетирал
пиштол и го насочил кон нив. Снимките им биле пуштени на "одредени личности"
и на претставници на меѓународните институции, кои се согласиле дека
полицијата немала друг избор. Демири се барал по две основи, наредби за
издржување затворска казна и со две потерници по кривични пријави. Костов
истакна дека неговото апсење не е поврзано со пресметките на наркодилери во
населбата