осподинот Јован Таковски е еден
истакнат педагог, духовник и свештеник протојереј и професор, декан на
Богословски факултет "Свети Климент Охридски". Се сретнавме со професорот
Јован Таковски во едно негово предавање кое го одржуваше со своите студенти
од Факултетот, кои се воедно и раководители на младинските верски клубови по
верско образование во црквите.
Бидејќи се уште не е решен проблемот со одржувањето на верската настава,
овие млади теолози и студенти часовите ги држат по оформените клубови кои во
сите поголеми цркви работат со голем успех. Сите овие творци на младински
духовни собиралишта редовно ги одржуваат своите часови во одредените цркви,
по заслуга на деканот Таковски, бидејќи тој беше главниот творец на
познатиот верски центар "Свети Јован Златоуст".
ПОБОЖЕН ОТЕЦ
Господинот и отец Јован Таковски е еден истакнат стручњак по верски
прашања и теолог кој неуморно работи во создавањето и образованието на
идните свештеници. Тоа е духовен педагог кој самопрегорно го создава идното
македонско христијанско битие кое ќе претставува плејада не само на идни
доблесни свештеници, туку и вероучители. Мошне добар, смирен со добро срце и
со топли однесувања со своите верници и студенти овој истакнат отец и
професор, преставува една посебна личност на Факултетот и во нашата
православна црква. Одличен беседник кој мудро ја познава веронауката и
целото вдахновено канонско учење. Тој со доаѓањето како декан на скопскиот
Богословски факултет направи еден голем чекор во стабилизацијата и
организацијата што ја ужива оваа висока верска инстанца, гордост на нашата
МПЦ. Господинот Таковски е мошне сакан и мошне силен во сите преостанати
духовни и верски ритуали кои се одржуваат во црквата и е во постојан допир и
со самите верници и своите студенти.
ПРОПОВЕДНИК
Како голем вљубеник на православната вера, како стручно лице со своето
пастирско дело со целиот свој сјај на мудроста, и големиот верски примерен
допир помеѓу верниците и студентите, како високо свештеничко обележје е
носител на високи заслуги за сето тоа што го прави и што ќе го направи затоа
што тој е вистински професионално изграден со висок епитет на црковно знание.
Тој е проповедник на мошне силни евангелски проповеди и како беседник
неговата духовна блаженост е силно присутна и заслужува големо внимение кај
сите верници и кај студентите и кај сите оние кои добро го познаваат овој
истакнат декан, педагог, свештеник и професор. Затоа плодотворното дело на
Господинот Таковски е крајно забележано кај сите студенти и верници и тој во
плејадата на духовните педагози е со силен епитет и посебен поглед кон
вероучението.
На Факултетот како декан и духовен преведувач на поважни педагошки верски
теми и дела, тој е скромна личност како духовно лице, бидејќи неговата
гордост е заменета со силно смирение и добродушност и обожавател на секое
човечко битие кое го сака Господа и се моли за него. Да се разговара значи
да добиете многу совети од духовниот и црковен живот и со сета мудрост на
неговата црковна енциклопедија го соединува целиот живот соѕидан и пренесен
со сјајот на евангелското учење. Тој умее со секој верник и студент да
разговара топло и скромно и е готов да помогне да се пронајде вистинскиот
пат со кој не учи нашата христова наука која претставува божествена
величественост.
Господинот Таковски е бдение, духовен испиратор и мудар стратег како да
се пренесе сето она што ни го дава светата литургија и сите канонски
одбележја соѕидани во тајните на нашата црква. Вистински професор, филозоф
на човечката душа, деканот на Богословски факултет "Свети Климент Охридски"
во Скопје сака од оваа мошне истакната теолошка установа да созаде силна
свештеничка и проповедничка целина од која овие млади студенти ќе бидат и
добри вероучители, а од нив некои и добри свештеници.