о трудот "Билет во еден правец"
се вели дека се манипулирало со прашањето: Дали комунистите Македонци во КПГ
се бореле за самостојна независна и обединета Македонија и дали можеле да се
борат?
Ако основните принципи врз кои се засновуваат нациите/ државите се:
историското и културното минато, територијалниот, државниот, етничкиот,
јазичниот и на крај економскиот принцип, тогаш македонските комунисти како
членови на КПГ практично според прифатените програми, се откажаа од двата
принципи: територијалниот и државниот. Тоа им беше наложено од КПГ, бидејќи
таа се бореше исклучиво за територијалниот и државниот суверенитет на
грчката држава и затоа остануваа (прифатени и неприфатени) само етничкиот и
јазичниот принип, а исто така и историското и културното минато на
Македонците. Што значи, сето наше (само)жртвување беше за една минимална
програма што ја нудеше КПГ, посебно: " по 15 мај 1943 година кога во Москва,
на иницијатива на Ј.В. Сталин е донесена одлука за распуштање на
Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално е признато
правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија. (Види:
Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988 година, страница 345).
СТАВОВИ
При крајот на Втората светска војна, со македонското прашање, како што се
објаснува во "Билет во еден правец", најмногу се занимавала
британската дипломатија и тоа од аспект дали со создавањето на македонската
држава нема да бидат загрозени британските интереси во Грција и на Балканот.
Генералниот став на Велика Британија по македонското прашање е искажан во
Маморандумот за Македонија, изработен од политичко-истражувачкиот оддел на
Форин офис-от од 20 август 1944 година. Во тој Меморандум идејата за
самостојна Македонија не беше прифатена, па се разработуваат разни варијанти
на федерацијата: Формирање Балканска федерација, во која би влегле
Југославија, Бугарија, Грција и Турција. Во таа варијанта Македонија би била
автономија. За ова варијанта не постоела согласност на големите сили.
Формирање на федерација мегу Југославија и Бугарија, при што Пиринска
Македонија би се припоила кон Македонија. Оваа варијанта би добила поддршка
од СССР, но со тоа не би биле загрозени интересите на Грција, Турција, но и
на британските интереси на Балканот. Британија би можела да прифати
формирање на македонска држава во идната југословенска федерација, но под
услов ниту македонското, ниту југословенското државно раководставо да не
поставуваат барања за припојување на Пиринска и Егејска Македонија кон
македонската држава, бидејќи со тоа би се загрозиле британските интереси во
Грција и Турција. Овој Меморандум беше доставен до владите на САД и на СССР
и тие се согласија со него. По тоа истиот беше доставен на запознавање на
владите на Југославија, Бугарија и Грција (види, "Британски документи на
Македонија", кн. 1, 15, 22 и 64).
Авторот на книгата "Билет во еден правец", Стојан Кочов го објаснува и
ставот на ССР во однос на создавање на македонска држава во март 1949 година.
Протерана мајка со своите деца во еден суров дел на
планината
На 8 март 1949 година, советскиот ополномоштен во Грција, Чернишов
телефонирал во Москва, и укажал дека грчката реакција употребува невидена
агресивна и активна пропаганда против Комунистичката Партија и андартското
движење(ДАГ) како и за "македонското прашање" за кое станува збор, односно
за донесените решенија на 5-от Пленум на ЦК на КПГ и на 2 Конгрес на
Народниот-ослободителен фронт на Македонците. Основната акција на
пропагандата е насочена кон дејанијата на Комунистичката Партија и Андартите
(ДАГ), кои наводно биле склони кон рушење на суверенитетот на Грција,
односно кон целовитиот простор на државата.
ЦЕЛИ
Кога станувало збор за целовитоста на грчкиот просторен суверенитет,
грчкиот народ, како што се потенцира во споменатиот труд, имал посебна
чувствителност, но истата грижа се јавувала и кај луѓето што живеле во
градовите, а биле симпатизери на комунистите и на андартите (ДАГ). Конкретно,
се појаснува во "Билет во еден правец", се очекувало да се свика конгресот
на Народно ослободителниот фронт на Македонците (НОФ), што бил одреден да се
одржи на 10 март на слободните територии кои се наоѓале под ДАГ.
По тој повод, државниот печат на англоамериканската лига изјавува со
провокативни намери дека Конгресот ќе се определи за припојување на грчка
Македонија во една заедничка држава со бугарската и југословенската
Македонија и дека со монархофашистичкото општество во Грција ќе се борат за
создавање на една слободна и демократска Грција.
На 16 октомври 1944 година, била упатена наредба (потпишана од
командантите на ЕЛАС: Еврипидис Бакирџис и Маркос Вафијадис) до армиските
единици на ЕЛАС во Македонија. Таа се однесувала главно за уништувањето на
германските армиски единици кои отстапуваа од југот на Грција. Но, со неа се
давале и наредби за уништување на "Славомакедонските баталјони кои пребегале
во Југославија.
Прогонети мајки и деца пресретнати од воената патрола
Тоа беше ставот на КПГ, што покажува дека во тој период Маркос не беше "Титоист"
и не ги симпатизираше идеите за Обединета Македонија, во рамките на една
Балканска Федерација. (види: Елисабет Баркер). Секој прогонет се прашува:
Зошто ЕЛАС посака да ги ликвидира македонските баталјони, како што сакаше
тоа да го стори со германката армија, а сега откаде таа гаранција ја имавме
од генерал Маркос, кога тој лично ја потпиша горната наредба, па сега НОФ и
АФЖ влегуваа во заедничка борба во следните години (1946 - 1949)?!!
Во трудот "Билет во еден правец" е потенциран развојот на историските
настани. На 16 јули 1943 година командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на
полковникот Еди Мајерс, потпишале заедничка декларација со која ЕЛАС била
призната како сојузничка армија и се потчинувала на командата за Блискиот
Исток. На 31 октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни
возила влегле во Солун пред Еласитите, а три дена подоцна лондонската
радио-станица на ББС објавила вест дека британските трупи го ослободиле
Солун. На 12 февруари 1945 година во Варкиза, одморалиште близу до Атина,
бил потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од
друга - Владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ
и ЕЛАС, практично, и ја предале власта на десницата. Тоа бил крајниот
резултат на Еласитите.
(Продолжува)