Споменатиот историски комплекс Валкхоф во времето на владеењето на
Теофанија со тогашната германска империја (Западно Римско царство) бил еден
од најраскошните резиденции на Империјата и едно од најомилените дворци на
нејзиното царско и императорско величество - Теофанија. Чествувањето
за Теофанија беше под покровителство на претседателот на Македонската
заедница во Холандија, господинот Џон Тодоровски, кој поради службено
еднонеделно отсуство од земјава не беше присутен на овој настан, а
делегацијата на Македонската заедница во Холандија ја предводеше
потпретседателот, господинот Љупчо Ѓорчевски. Македонската делегација,
покрај потпретседателот Ѓорчевски, ја сочинуваа: семејството на Тони и
Антоанет Аврамовски и нивните деца Софија и Ема, Борче и Елизабета Јошевски,
Јован Ѓорчевски како и претседателот на Светскиот македонски младински
конгрес, (СММК) Гоце Дуртаноски.
Македонската делегација положи букети свежо цвеќе со натпис во сеќавање
на Теофанија, а малата Софија Аврамовска букетот цвеќе го положи облечена во
македонска национална облека која беше посебен интерес за преостанатите
посетители во капелата "Свети Никола". Потпретседателот на Македонската
заедница во Холандија, господинот Љупчо Ѓорчевски, се обрати до присутните и
зборуваше за значењето на македонската принцеза и германска императорка
Теофанија, а меѓу другото беа прочитани и делови од научните трудови на
германскиот историчар Херман Зајденберг и македонскиот историчар и
истражувач, Александар Донски.
Средбата на делегацијата кај историскиот комплекс Валкхоф во Најмеген
заврши со неколку одлуки кои Македонската заедница во Холандија треба да ги
усвои на еден од првите редовни состаноци, а истите ќе бидат објавени на
официјалната веб страница на МЗХ веднаш по нивното усвојување. Македонската
делегација сними и документарен (видео и фото) материјал со реконструкција
на некогашната тврдина Валхоф кој во зенитот на владеењето на Теофанија бил
значаен културен и верски центар со се уште видливи траги и елементи
својствени за македонската архитектура од тој период.
Љупчо Ѓорчевски ги предводеше Македонците
Малата Софија Аврамовска
Македонските посетители се потсетија на принцезата
Теофанија