осподинот Јанко Георгиевски како
претставник на асоцијацијата "Австралиска хуманитарна помош за Македонија"
од Мелбурн, Австралија, повторно е во Македонија. Тој скоро секоја година
доаѓа во својата родна земја со одредена причина - ако не може на политички
начин да и се помогне на Македонија, барем ќе може на хуманитарен.
Целта на овогодишната посета на господинот Георгиевски е да & се помогне
на младата Весна Наумовска која настрадала пред неколку години во пожар и да
се реши проблемот со двете пратки со хуманитарна помош кои се уште не дошле
во рацете на сиромашните македонски семејства.
Асоцијацијата "Австралиска хуманитарна помош за Македонија" која е
невладина, хуманитарна, непрофитабилна, добронамерна, е формирана во април
минатата година.
ПОМОШ
Оваа година дојдов во Македонија поради две причини од кои едната успешно
ќе се заврши, додека за втората се уште не знам дали ќе се реализира поради
одредени пречки од страна на одредени личности во Македонија, вели
господинот Георгиевски. Минатата година формиравме организација насловена
како "Австралиска хуманитарна помош за Македонија" со сите законски
нормативи на државата Австралија, односно сме регистрирани во Друштвото на
хуманитарни организации како што е Меѓународниот црвен крст, Армијата за
спас и другите големи организации од ваков тип. Ги извршуваме
должностите на хуманоста, а тоа е многу тешко затоа што потребата за помош
на луѓето е голема.
Нивната Организација, покрај другите активности и планови кои ги има
досега реализирано, се заложи да & помогне на една млада девојка, млада
Македонка, 26 годишната Весна Наумовска која настрада во еден терористички
напад во ресторан во Струга. 26-годишната Весна настрадала кога од нападот
ресторанот се запалил, а таа не можејќи навремено да се спаси, се здобила со
тешки изгореници кои зафатиле 65 отсто од нејзиното тело.
Последиците се многу тешки и младоста за неа е прекината, додава
господинот Георгиевски. Меѓутоа, минатата година кога бев во Македонија
дојдов во контакт со нејзините роднини и пријатели кои од мене, односно од
нашата организација, побараа помош за Весна. Во тоа време ние тоа не можевме
веднаш да го направиме затоа што се уште нашата апликација за ослободување
од данок од подарените пари од два долари па нагоре не беше се уште одобрена.
Некаде во декември месец го добивме тоа одобрение така што добивме
дозвола да формираме два фонда чии цели скоро се исти - помош на луѓе,
организации и институции на кои таа им е потребна. Разликата меѓу
двата фонда е во тоа што парите кои се донирани во фондот наречен "Подароци"
не може да се изнесуваат надвор од Австралија. Имајќи го тоа предвид,
ние единствено што можеме, според законските нормативи, е да & помогнеме на
Весна со тоа што ќе ја донесеме во Австралија каде што ќе & се направат сите
неопходни пластични операции. Тоа е еден голем процес и ретки се тие
земји коишто дозволуваат некој од надвор да дојде и да се лекува во
австралиските болници. Од многу болници побаравме да ни одобрат,
односно да видиме дали ќе може да ја донесеме Весна. Среќни сме што наидовме
на разбирање и дека тие се подготвени да ја примат Весна, а среќна беше и
македонската заедница ширум Австралија.
Таа треба да престојува во Австралија една година затоа што ќе треба да &
се извршат неколку оперативни зафати. Од голема важност е успехот на овие
добри луѓе кои успеале да ја разбудат хуманоста кај сите доктори,
специјалисти и целиот персонал што ќе ги извршуваат операциите. Тие ќе го
дадат своето време, своето искуство како подарок на Весна, без да наплатат
ниту еден долар.
ТЕШКОТИИ
Сепак за да дојде Весна во Австралија заедно со нејзиниот татко биле
потребни многу документи и согласности од повеќе институции.
Беше потребна и виза која лесно не може да се добие, објаснува
господинот Георгиевски. Потребни беа два месеца за да се одобри, а беше
потребна и согласност од Министерството за здравство, Министерството за
економија на Австралија. Сето тоа веќе е одобрено и комлетирано и
деновиве со Весна и нејзиниот татко ќе отпатуваме за Австралија.
Откако ќе пристигне Весна кај нас, "Австралиската хуманитарна помош за
Македонија" ќе ги подмири сите трошоци за нејзиниот престој. Во
Австралија веќе е започнат апелот одобрен од австралиските власти кој е
наречен "Заеднички да & помогнеме на Весна". Се надевам дека
Македонската заедница во Австралија и некои други институции кај кои ќе
лобираме ќе соберат сили и ќе донираат средства за да се исплатат сите
давачки околу престојот на Весна и нејзиниот татко.
Законот во Австралија е таков - доколку се подарат повеќе од два долара,
тие се ослободени од такса. Би можеле и одредени бизнисмени да донираат
поголема сума пари кои на крајот на годината делумно ќе им се вратат.
Што значи дека ако еден бизнисмен даде 10.000 долари, 4.000 долари му се
враќаат. Со оваа успешна акција асоцијацијата "Австралиска хуманитарна помош
за Македонија" се гордее што ќе & помогне на Весна и ќе & ја врати младоста.
НЕОДГОВОРНОСТ
Покрај оваа акција што асоцијацијата "Австралиска хуманитарна помош за
Македонија" ја реализира, Македонците во Австралија преку неа, која е мост
на хуманоста помеѓу Македонија и Австралија, испраќаат пакети со хуманитарна
помош за своте најмили во Македонија.
И ние знаеме дека во Македонија има многу социјални случаи, но има и луѓе
коишто се повеќе од социјални случаи, односно немаат леб да јадат, вели
господинот Георгиевски. Секако дека таа помош, таа облека ќе им биде од
корист. Таквите пратки ги испраќаме преку македонскиот Црвен крст,
меѓутоа две пратки коишто се испратени уште од март месец, за жал,
македонскиот Црвен крст одби да ги прими со образложение дека се променил
Законот за царина. Но, тие тоа не ни го кажаа во писмена форма, така
што пратките со 455 пакети ги испративме од Австралија. Една од
пратките стоеше 28 дена на македонско-грчката граница и никој не сакаше да
ја прими. За таа пратка за која плативме 4.500 долари беше прашањето
дали да се врати во Австралија или да се бара друго решение. Но, тие
двете пратки се под царинска контрола и се уште се во "Макошпед" во Битола.
Трагедијата да биде уште поголема, за несреќа на македонските сиромашни
семејства, за овие пратки требало да платат по 1.000 денари, иако во Законот
за царина тоа не постои. Да плаќа едно сиромашно семејство 1.000
денари за хуманитарна помош - тоа никаде го нема!
Според господинот Георгиевски, доколку некој се сомнева во содржината на
пакетите, може слободно да провери дали тоа е комерцијална стока, па тогаш
нека се оцарини.
Побарав прием кај министерот за труд и социјала, Јован Манасиевски,
меѓутоа останав пред вратите на Министерството како "