НЕРЕГУЛАРНОСТ
По доаѓањето на власт на премиерот Бранко Црвенковски се појавија
информации дека становите биле доделени на нерегуларен начин.
За тоа зборуваше и Народниот правобранител кој потенцираше дека
имало многу претставки и дека ќе поведе постапка. Мислев дека ќе се направи
ревизија и дека ако има станови кои се доделени на нерегуларен начин, ќе
бидат одземени. Но, Владата реши да го поништи Конкурсот. Сегашниот министер
за одбрана, Владо Бучковски, кој пред Чолаковски да стане портпарол на
Владата повремено даваше извештај од седниците на Владата, во една прилика
изјави дека нема да се поништи Конкурсот, туку дека ќе се прави ревизија.
Една недела потоа Чолаковски потенцираше дека Конкурсот ќе се поништи. Не ми
е јасно зошто прво дадоа една, а потоа друга изјава, се прашува госпоѓа
Поп-Златанова.
По одземањето на становите, оваа госпоѓа заедно со преостанатите на кои
исто така Владата им ги одзеде становите, тргнала да ја бара правдата. За
помош се обратиле кај Народниот правобранител, а потоа кај премиерот
Црвенковски. Од таму им било ветено дека ќе се преиспита одлуката за
поништувањето на Конкурсот за станови и им било посочено да се обратат до
второстепената комисија на Владата за да може повторно да се разгледа
случајот. Упатиле жалба до второстепената комисија на Владата, од каде што
им било кажано дека жалбата била упатена до генералниот секретар на Владата.
Од тогаш поминаа шест месеци, а не добивме никаков одговор ниту од
второстепената комисија, ниту од генералниот секретар на Владата. Се
обративме до Врховниот и Уставниот суд на Република Македонија. Тие ни
одговорија дека не се надлежни за нашиот случај. Водевме постапка и во
Собраниската анкетна комисија за човекови права. Таму три-четири месеци се
влечеше расправата и постојано се одложуваше, за на последната седница, која
траеше четири часа, и на која претставникот на СДСМ, Кондарко и
претседателот на собраниската Комисија за човекови права, Андов, се караа
околу деловникот за работата на Комисијата, со мнозинство гласови да се
донесе одлука дека не се повредени правата и дека Владата правилно постапила.
Јас не знам кој е тој господин Кондарко нам да ни ја одредува судбината.
Прво, јас верувам дека тој воопшто не е запознат со нашиот случај. Отидовме
да ги побараме и претставките за становите кај Народниот правобранител. Кога
ги читавме видовме дека во нив има многу неправилности, зборувам за градот
Скопје. Луѓето кои доставиле претставки, не ги познавам. Народниот
правобранител без целосна документација, не треба да ги прими претставките.
Кога го прашавме дали ги прочитал, тој одговори дека не успеал сите да ги
прочита. Јас му реков Вие не сте прочитале ниту една, објаснува госпоѓа
Поп-Златанова.
Таа прашува чија е одговорноста за поништувањето на Конкурсот за станови?
Сакам да напомнам едно - Премиерот ни кажа дека поништувањето на
Конкурсот е по предлог на Народниот правобранител, а тој пак демантираше и
потенцира дека барал само да се направи ревизија. Е, сега, мене навистина не
ми е јасно, кој е во право. Дали Премиерот или Народниот правобранител.
Сигурно во прашање е некаква политичка игра, коментира госпоѓа
Поп-Златанова.
Се појавија, исто така, и шпекулации дека овие станови биле преголеми за
социјалците.
Ние не конкуриравме за квадратурата на станот. И со 50 квадрати ќе бевме
задоволни. Овие згради треба да се градат по европски стандарди, и тоа 18
квадрати по член од семејството. Тоа значи дека ни доделиле нормални станови
за нормален живот, потенцира госпоѓа Поп-Златанова.
Таа појаснува дека 144-те станови кои беа доделени во Скопје, според
одредени критерими, требало да бидат распределени на млади брачни парови со
ниски примања, на социјалци, на самохрани мајки, на деца без родители, на
семејства со ретардирани деца итн.
Не ми е јасно, додава госпоѓа Поп-Златанова, зошто не третираат
како социјалци. Народот зборуваше како жените кои протестирале пред Владата
биле облечени во бунди и нашминкани, а се претставувале како социјалци. Па
дури се појави и шпекулација дека во зградите имало еркондишни. Какви
еркондишни, кога зградите не беа ни изградени? Дали можеби тие беа вградени
во темелите?
ТУЖБА
Доделениот стан во Бутел, во кој требало да се смести госпоѓа
Поп-Златанова со нејзиното семејство, долго време не се градел, затоа што не
можеле да бидат отселени луѓето од бараките, на чиешто место требало да
бидат становите.
Не знам зошто, коментира госпоѓа Поп-Златанова, тие луѓе велат
дека никаде не се сместени. Тие се сместени во Чичино Село и им се дадени
монтажни бараки. Но, тие ги сакаат становите што се градат. Немам ништо
против, ако Владата утврди дека во овие 144 стана кои беа доделени во Скопје,
има неправилности, ги одзеде и им ги даде на овие фамилии. Мислам дека тоа е
најправилно решение.
Зошто, прашува госпоѓа Поп-Златанова, Владата сите не става во ист
кош? Дали оваа Влада сака да каже дека таа го има последниот збор во оваа
држава и никој друг, или пак сака да уништи се што направила претходната
влада, не мислејќи дека со тоа некој ќе биде повреден или оштетен. Дали
политиката на оваа Влада е да се отселат Македонците од другата страна на
Вардар, односно Чаир, Топанско?
Во договорот за станот кој овие луѓе го потпишале со Министерството за
транспорт и врски и тогашниот министер Балковски, било наведено дека до 2006
година тие требало да плаќаат кирија, а потоа да добијат станарско право, со
можност да го откупат.
Лидија Поп-Златанова конктактирала и со потпретседателката на Собранието,
Лијана Поповска, и со Кабинетот на потпретседателот на Владата, Радмила
Шекеринска, од каде & било ветено дека ќе им помогнат за разрешување на
случајот.
Владата доцни со изградбата на становите за што има потпишано договор со
Советот на Европа. Поради тоа, како што велат и луѓето од оваа категорија,
таа треба да дава отчет. Овие луѓе подготвуваат заедничка тужба до Стразбур,
каде судот ќе се изјаснува поединечно за секој случај.
За новиот Конкурс, госпоѓа Поп-Златанова, како и преостанатите, не е
заинтересирана. Затоа што може да се случи на исто место да се најдат двајца
луѓе и да произлезе нешто непредвидено.
Се надевам дека Владата и Премиерот ќе подразмислат и дека ќе си го
добиеме она што го заслужуваме, вели госпоѓа Поп-Златанова