КОМЕНТАР

Сито и Решето

ЦРНИ ДУПКИ

Од Редакцијата

Република Македонија личи на решето. Целата е изрешетана со црни дупки. Што временски, што умствени, што историски. Сите се шират како лепра. Прво се појавуваат чиревите кои гнојат, а потоа пукаат. За нив нема лек. Но, има ли лек за нашите црни дупки: Арачиново, Липково, Слупчане, Ваксинце, Опае, Отља, Черкезе - во Кумановско, или во Тетовско - Мала и Голема Речица, Дреновец 1 и 2, Тетово во целост, Порој, Непроштено, Доброште, Слатино, Требош, Селце, Лавце, Вејце, Шипковица... Ги има безброј. Списокот е долг и затоа дупките станаа национален јаз. Толку многу се проширија што македонскиот двор не знае да ги затрупа со "шут". Зошто? Бидејќи оттаму се шири опасен политички ареал кој ги загрозува виталните интереси на македонскиот народ и другите заедници. Ние штотуку станавме заложници на безобразното и дрско однесување на албанските националшовинисти и екстремисти.

Ако во 2001 година наводно се бореа за "човекови права и слободи", а потоа го добија она што сакаа - Рамковниот договор. Што бараат сега? Преку леб погача. Па нели нивниот лидер, Али Ахмети и ДУИ се во власта? Нели тие сега го креираат општеството и го усогласуваат процентуалното застапување на Албанците во институциите на системот!? Што ѓавол сега бараат од Репиблика Македонија? Македонскиот народ попушти. Им даде пасош. Се пренесува албанскиот јазик низ етерот. Што бараат?

ПОЖАРИ

Можеби бараат "добар ќотек", ако не сакаат културно да се превоспитуваат и да станат лојални граѓани на нашава држава. Вака, нивното божемно незадоволство може да се сфати дека е иницирано од фашизоидната шизофренија на албанските лидери кои шират и пропагираат национална омраза кон Македонците. Затоа нивните постапки, односно пораки, мора да се сфатат како сериозен проблем кој се мери со лудилото и крајната умствена изопаченост.

Тоа се аларманти заклучоци, бидејќи подметнатите "пожари" во Арачиново, претходно во Сопот и сега над Ваксинце, ја докажуваат целта, односно претпоставката. Албанците во Република Македонија не можат постојано да бидат незадоволни од нешто и поради тоа во последниве две до три години го јадеме стапот само затоа што, ете така да речеме, денес сакаат да гледаат сеир и да си го тераат ќефот.

Но, поттикнувачите на меѓунационалната омраза не наведуваат на заклучокот дека тие впрочем сакаат да ќарат. Политичкиот ќар се темели врз многувековна идеја која никогаш не умрела, "Голема Албанија". Затоа Албанците, поточно нивните екстремисти, се горопадни и воинствено расположени.

ГРАНИЧНА МЕЃА

Што бара Али Ахмети во власта ако не умее, односно ако не сака да ги контролира своите Албанци?! Зарем него и потпретседателот Муса Џафери да ги плаќаме да иницира и да гаси пожари?! Или таквата улога им дава предност во уцените што ги подготвуваат да ги стават на зелената маса во поранешната зграда на ЦЕ-КА во Скопје.

Таквото притаено "шегачење" е плод на замисленото сценарио кое полека, но сигурно, се остварува на теренот. "Република Арачиново" (Републике е Хараçиновëс) не дозволува Република Македонија да си ги врши своите основни функции и задолженија. Затоа бензинската станица "Давос" на влезот пред ова скопско село стана, сакале ние или не, гранична меѓа меѓу Невестата и Карадачкиот регион. Бастионот си има своја власт. Своја униформирана полиција, единствено вода и струја бесплатно добива од Република Македонија. Па, каде го има ова - на некој да му ги плаќаш сметките за струја, вода и другите потребшини, а истовремено да е на контото на Буџетот на РМ преку кој му ја исплаќаш власта и нивните советници. Тој парадокс единствено може тука да функционира. Затоа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му се може кога има овци за молзење. Никој во моментов не може да го спречи "молзењето".

КОЛЕНИЧЕЊЕ

Црните дупки ни се шират низ Македонија. Тие го метастазираат нашето преостанато ткиво. Оттаму, ваквата тенденција станува опасна за судбината на нашата држава, но и за македонскиот народ и другите етнички заедници. Доколку дупките продолжат да се шират, тогаш во нив ќе бидат вовлечени и преостанатите делови што гравитираат кон овие опасни вшмукувачи. Црвот не јаде, но дали ние можеме да го згазнеме и да го уништиме? На тоа прашање мошне тешко ќе може да се одговори, бидејќи власта нема доволно храброст да се соочи со вистината која боде в очи. Но, ако и натаму тактизира, размислува, одолговлекува, проблемите сами од себе да се решат, тогаш тешко дека ќе знае каде & е главата, а каде & се наоѓа опашката.

Затоа мора многу брзо да реагира, бидејќи криминалитетот во содејство со албанските екстремисти и терористи опасно се приближува до срцето на институциите на државата. Во тој контекст одговорот мора да биде остар, макар што некому не би му се допаѓало кога државата би ги штитела интересите на сите граѓани. И доколку повторно се предизвика соодветна политичка реакција или друг револт на Албанците, тогаш навистина станува збор за намерен атак врз Република Македонија. Тогаш таа ќе мора да се справи со инцијаторите на "бунтот".

Сега како што стојат работите, власта поведе, но арачиновци изедначија. Битката заврши нерешено, но Македонија се најде во пат позиција, коленичеше пред дваесетина униформирани лица.

Тие покажаа колку се порозни институциите на системот, односно колку се немоќни полицајците да интервенираат, бидејќи политичарите не можат да ги усогласат националните со државните интереси. Затоа и натаму ќе имаме сериозни провокации од униформираните лица кои слободно се шетаат низ територијата на Република Македонија. Но, доколку продолжи нивното експонирање, тогаш постои голема веројатност криминалците да се осоколат и да го прошират своето поле на влијание, а токму тогаш не само државата, туку и политичарите ќе се најдат во небрано.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"