|
ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА
Еден од најголемите празници најсвечено ќе биде прославен во сите цркви
СЕ ВО СЛАВА НА СВЕТА ТРОИЦА
Пишува: Драган ЗАФИРОВ
- Во целата држава, посебно во Скопје, ќе имаме и архиерејска литургија,
но во манастирот "Света Троица" во селото Мождивњак, Кривопаланечко, и
скопските села Марино и Бардовци, како и во Соборниот храм "Свети Климент
Охридски" ќе се одржи голема архиерејска литургија.
- И живите и мртвите токму овој ден ќе бидат со Господа. Мртвите за
спасение, живите за нови посреќни денови.
С о Задушница, Денот на мртвите,
верниците и црквата им даваат почит на починатите како на гробиштата низ
целата земја така и во храмовите. Со овој чин сите ние се сеќаваме за нашите
починати блиски, пријатели, се сеќаваме за нашите незаборавени борци за
Македонија, како и за жртвите на оваа војна. Сите ние токму на овој ден на
мртвите - Задушница и големиот празник Духови мислите ги упатуваме токму кон
тие човечки души кои го напуштиле овој свет.
Со ова сеќавање го славиме и овој ден од најголемите празници како за
мртвите така за живите, Духови и Света Троица.
НАРОДЕН СОБИР
Света Троица се прославува тажно и весело, онака како што овој празник не
учи. Во сите цркви, посебно во тие што го слават името на Света Троица и
Духовден, во манастирите и таму каде што градските цркви го слават својот
патрон е највесело, божествено. Се одржуваат големи свети богослужби,
народен собор, се во славата на Света Троица. Така и оваа година, за овој
голем верски празник трет меѓу најголемите христијански светкувања е токму
Света Троица. Се очекуваат полно верници како на панахидите така и на
богослужбите кои ќе се одржат подобно за мртвите и големи литургии за Света
Троица. Во овие денови нашите размисли се претвораат во семоќноста во која е
одбележано најсветлото име на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
ЛИТУРГИЈА
Во целата држава, посебно во Скопје, ќе имаме и архиерејска литургија, но
во манастирот "Света Троица" во селото Мождивњак, Кривопаланечко, и
скопските села Марино и Бардовци, како и во Соборниот храм "Свети Климент
Охридски" ќе се одржи голема архиерејска литургија. Овој наш голем празник
има посебно значење и значењето на светиот дух, и значењето на Света Троица
пренесувајќи ја вистината за вистинското христијанско верување кое не учи за
големината на нашата света Македонска православна црква и спасителското дело
на нашиот Господ Исус Христос, особено во овие јубиларни години од новиот
милениум. Така и живите и мртвите токму овој ден ќе бидат со Господа.
Мртвите за спасение, живите за нови посреќни денови и среќа за да го
заслужиме спасението за вечноста.
Заборавена канонска обврска
Пред нас е веќе празникот Духови, главниот акцент на Задушница, и тој ќе
помине, но остава некои недопустливи работи кои не се достојни за црквата и
со право се прашуваме: Кои се тие канонски прописи и кој донесува такви
фамозни одлуки да се дозволува на овој ден, Ден на мртвите, да се одржуваат
некакви големи гурмански средби, потоа недозволени гоштевања и се прашуваме
дали сме дошле да му дадеме почит на мртвиот со една пресвета молитва за
чествување на денот Задушница. Тука се потребни свеќи, пченица и лепче со
кои свештеникот ќе си ја изврши својата должност. Тоа е правилно
протолкувано и добро го вели Светото Писмо. За вакви денови не е потребен
пикник, туку скромно јадење, раздавање за душите на покојните. Негде ќе
сретнете на гробиштата големи фамозни "свадби на пирување" на богати јадења,
а се заборава мртвиот дека нему му е потребно само молитва, поскура и свеќа.
Свештениците на нашите православни цркви, на тие кои им се потребни пари,
си ја забораваат канонската обврска како треба да се постапува на овој ден.
Се трча по сите страни, не се отслужуваат асолно панахидите, туку само се
зема за нив највредното - парите. Ретки се тие свештеници кои со чиста душа
ја извршуваат својата законска обврска, а некој кој е роднина или близок на
покојниот пари не му земаат, но тие се ретки. И свештеникот и верникот и
нашата Црква треба да не заборава како Господ ни зборува преку Светото Писмо.
Света Троица е празник, еден од најголемите, основниот стожер на нашата
православна црква и тука се претставени и Господ и Синот и Светиот Дух.
|