|
Достоинствено за големиот илинденски јубилеј!
(Отворено до Претседателот на Р. Македонија, Премиерот на Р. Македонија,
Собранието на Р. Македонија, Агенцијата за иселеништво и до сите медиуми)
Ние одборите на "Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија" од
Мелбурн, Аделајд и Сиднеј се собравме во Аделајд и едногласно ја донесовме
следната Резолуција: Македонците во Македонија и во дијаспората се
подготвуваат за прослава на големиот македонски национален празник "Сто
години - Илинден". Заради големината и значењето на празникот бараме
прославата да биде добро организирана и координирана насекаде каде што
постои Македонец, а особено од Вас, раководителите на Република Македонија.
Прославата да не се одвива по партиска линија, туку по национална и државна.
На Илинден се удрија темелите на современата македонска држава.
Бараме цврста и одлучна борба, сигурен опстанок и просперитет на
Република Македонија од оние кои го поткопуваат и уриваат нејзиниот
суверенитет и интегритет. Знаеме дека тоа се албанските терористички банди
поткрепени од САД и Европската унија кои и ден-денес дејствуваат во
западните делови на државата.
Притисоците кои се вршат врз нас да се откажеме од вековното и уставно
име Република Македонија и симболите никој не ни ги подари, туку се наши и
ќе издржиме и овојпат затоа што аманет оставија загинатите чеда на
Македонија во борбата за нејзиното име и слобода.
Бараме да & се дозволи на Државната комисија за Попис на населението кое
се одржа на 15 септември 2002 година да ги даде резултатите без притисок на
државните институции за промена на коректноста. Македонскиот народ и светот
нека ја видат вистината за населението во Република Македонија. На Пописот
беа присутни официјални лица на ОБСЕ, ЕУ, САД итн. Дури тогаш ќе видиме дали
требаше да се воведе албанскиот јазик во Собранието како официјален. Додека,
пак, Албанија целосно го негира постоењето на македонското малцинство!
Бараме еднаш засекогаш да се симне од дневен ред барањето за промена на
името на нашата држава. Тоа е најсрамен чин во нашата историја! Ние име не
менуваме, тоа е свето, наше. Каква голема срамота - осум години се преговара
и без име сме се уште. Југославија се растури, а ние уште ја имаме
референцата FYROM.
Има ли друга влада во светот ова да го толерира? Се гледа, Вас не ве
интересира. Вас ве интересираат односите со Грција! Вие Грција не ја знаете.
Ние "Децата Бегалци" добро ја памтиме. Водата спие, Грците работат и
лобираат. Ќе им го дадеме ли името на Грците како што им ја дадовме половина
Македонија на албанските терористи?
Остро ги отфрламе зборовите на премиерот Бранко Црвенковски кога во
Собранието на Македонија рече: "Македонија не е тоа што беше, сега е
многунационална држава и сите сме рамноправни државјани". Каде го има тоа?
Во Албанија, во Грција, во Бугарија?
За Здружението на децата бегалци од Австралија: Мелбурн -
Јанко Калинчев, претседател, Танас Карлевски, заменик-претседател; Аделајд -
Коста Јанковски, претседател, Доне Никоу, заменик-претседател; Сиднеј -
Васил Влашев, претседател, Васил
Ману, секретар.
Џихад на СПЦ против МПЦ?
До Перманентната мисија на Светскиот македонски конгрес делегирана до ООН
- Женева, секојдневно се јавуваат револтирани Македонки и Македонци,
христијани и муслимани, со протести заради "џихадот" - како што се изразија
некои, на СПЦ против МПЦ, и последично против македонскиот народ и држава,
без оглед на вера, пол или убедување. Ќе се потрудиме да направиме овде
синтеза на најбитното од разговорите со споменатите.
Тоа ќе го сториме во основа со наши зборови и во границите на можното ќе
ги избегнеме сличностите со други веќе публикувани протести.
Атакот врз автокефалноста на Македонската православна црква е
антихристовски чин кој не само нема да се конкретизира, туку и на средни и
долги патеки ќе се сврти токму против авторот на тој напад - Српската
православна црква и пошироко не само против српскиот народ, туку и воопшто
против балканските народи кои сега живеат во преломна историска епоха кога
се решава судбината за иднината на Полуостровот и на неговите жители. Овој "верски"
скандал навистина не му е потребен на српскиот народ кој има доста
непријатели по светот, каде фреквентно радиотелевизиски станици потсетуваат
на сторени злосторства во блиското минато време на "лебедова песна" на "Србославија",
така што името Србин донекаде станува синоним на мачител, џелат, воопштување
со кое, се разбира, ние не можеме да се согласиме, оти секое воопштување е
расизам.
Се поставува прашањето за тоа кој е "оној кој предизвикува и плаќа вакви
потези" што се манифестација на сенилност, на неспособност не само да се
согледа сегашната реалност, туку и да се предвиди конкретно иднината?
Одговорот на ова прашање го дава едно старо полициско криминалистичко начело
што вели: За да се пронајде кој е злосторникот, треба да се најде оној кому
злосторството му профитира.
Бидејќи прашањето далеку ги надминува границите на чисто црковни и верски
односи, т.е. загазува во меѓудржавните релации, доколку компетентните влади,
значи српската и македонската, неминовно ќе се развие логика на македонски
отпор, а можности за таквата оправдана реакција има безброј. На пример, ќе
се престане со практиката во Република Македонија да престојуваат и да
даваат изведби српски пејачки и други групи или поединци. Филмовите, книгите,
весниците, аудиокасетите на српски јазик ќе бидат бојкотирани, или ќе се
воведат такви мерки што нивната досегашна поплава врз Македонците во земјата
и во странство ќе биде запрена, а со тоа ќе биде запрено и задушувањето на
независната македонска култура и нејзиниот непречен развој. Ќе се најдат
спонзори за да се почне пак со некогашната практика, што ја уништи "југословенскиот
федерален централизам", што се состоеше во изведување на американски,
француски и други модерни или постари забавни песни и музика од страна на
македонските групи на македонски јазик, а што на времето Македонци и
Македонки сосема успешно го правеа на големо задоволство на публиката и
општо земено на потрошувачите на таквите културолошко-забавни производи.
Досега Македонија ја нема на ефикасен начин претставено ширум светот
својата голгота од 1912 - 1913 година наваму, за која турската петвековна
власт беше речиси рај. Ќе се изнесат злосторствата со докази, имиња, дати,
фотографии, цифри, подробности, извршени врз Македонки и Македонци, стари и
млади, а и деца, светот ќе се згрози од тие балкански садистичко-психопатски
злосторства и "политики" со нацистичко-фашистичка јасно изразена конотација,
извршени многу години пред идењето на власт во Германија на Адолф Хитлер.
Злосторства чии сторители се соседи на Македонија - земја што се наоѓа не во
некој крај кому и Господ му го свртил грбот, туку овде, во Европа, во
центарот на светот, или барем доскорешниот центар на светот. Читајќи го
извештајот за тие настани што ништо не може и не смее да ги оправда,
денешните млади неупатени во историјата Македонки и Македонци ќе се
вчудоневидат. За таквите злосторнички "специјалитети" се покажаа "големи
мајстори" и некои припадници на српскиот народ.
Во смисла на горното, би можело да се бара оштета, а и да се организира
специјален морален суд, за виновните јавно да ги осуди и да ги изложи
нивните идентитети на срамниот столб пред целото човештво, иако најголемиот
дел од нив сега се веќе веројатно во... пеколот. Би можело да се зборува и
за улогата во тие злосторства на некои попови. Има висока веројатност дека
англофонската, фракофонската, русофонската и други публики со интересирање
би читале на својот јазик такви рапорти, за ексцеси што се незамисливи за
нормалната човечка психа, земајќи го предвид времето кога се случуваат
настаните, период што е далеку од старите векови на варварството.
Извесни мозоци си прават илузии замислувајќи си дека денеска "Македонците
биле закарани едни со други", па отпорот нема да бил силен, постојан и
решителен. Можеби звучи нелогично, но токму заради таа привидност на
меѓумакедонските односи, отпорот ќе биде дотолку поголем и поефикасен.
Даниел Мелвил
Кадарни и некадарни кадри и таленти
Со посебна почит кон школуваните величини од сите области кои
придонесувале и придонесуваат за афирмација на РМ како и за духовното и
материјалното збогатување на нашиот народ, сепак ќе посочам некои примери
кои барем за мене се интересни, чудни, несфатливи, поради што ги оставам без
подетална елаборација.
Како да им се објасни на земјоделците дека РМ е главен извозник, барем во
бившата Југославија. Извозници сме на бостан, домати, пиперки, јаболка, а
семенскиот материјал за истите тие култури ние ги увезувавме од истата таа
Југославија како и од други европски земји без притоа некој да не го заболи
главата од податокот што кај нас има над стотина доктори по агронаука.
Или пак како да му објасните на работникот во стопанството дека во
неговото претпријатие бројот на високостручните кадри е рамен на бројот на
работниците (непосредните производители). Речиси целокупната технологија е
увозна и покрај тоа што и врапчињата знаат дека според бројот на жителите,
РМ е меѓу водечките во светот по бројот на титулите како д-р, м-р, дипл-инг
на техники и не само на тие науки.
Реков дека нема да елаборирам за (не)стручноста, (не)инвентивноста, (не)мотивираноста
или (не)рамнодушноста на таквите кадри на кои "ич не им е гајле" за
потрошените пари од страна на државата за нивното школување. Секоја чест на
исклучоци, но за среќа во нашата држава спротивно на тие кадри некадарни,
што би рекол некој афористичар, има голем број неквалификувани кадри -
таленти на својот занает, што во недостиг на високошколски подготовки, тие
својот талент го употребиле до највисоки дострели со што имаат исклучително
голема улога во афирмацијата на нашата држава.
" Господ здравје да им даде", што би
рекле нашите постари на
сите оние кои дозволиле да се афирмираат
потенцијалните афирматори на македонската култура, како што се Петре Прличко
без завршена драмска академија, Вангел Наумовски без ликовна, Влатко
Стефановски без музичка. Без нив духовно ќе бевме многу посиромашни доколку
некој од повисоките инстанци си дозволеше таков луксуз да им ставаше рампи
на неквалификуваните.
За да бидеме освен духовно и материјално побогати, во контекст на ова ќе
го споменам и примерот на нашиот сограѓанин Ванчо Димитров кој досега е
единствениот од РМ кој има освоено Гран-при за пронаоѓање во светски рамки.
Иако за неговиот патент се мобилизираше екипа од стручни кадри без комплекси,
коишто автомеханичарот В. Димитров ќе ги гледа од иста висина евидентните
министри, тој го реализираше Проектот" Издувна цевка без издувни гасови".
Кога во светот би се пресметало дека постојат 2-3 милијарди возила и од овој
"ауспух" би останувало по едно евро заработка, во касата на државата би
имало 2-3 милијарди евра. Таа сума би била 100 пати поголема од бедните суми
кои ни ги дава ММФ и Светската банка кои сакаат да не стават во групата на
ползачите. Барем да се неповратни и така и така, ама за заем.....?!
Т.Д. - Кочани
Има ли надеж за утрешнината?!
По нечие сценарио и терк во 90-та година секоја од републиките коишто
живееја во југословенската заедница си тргнаа по свој пат со надеж дека и по
второто осамостојување работите ќе тргнат на подобар, поубав, помирен и
посигурен живот за народот.
И по дванаесет години работите тапкаат во место, а резултати за подобра и
сигурна иднина за овој народ нема. Кучињата си лаат... караванот си врви. Се
избра една гарнитура, дојде друга, па трета и што потоа? Стандардот на
обичниот граѓанин е за никаде, живејачката уште посложена и понесигурна, а
утрешнината ништо подобро не ни ветува, освен политичари кои живеат на
висока нога не свртувајќи се кон изнапатениот народ, кој ќе почне да се фаќа
и за сламка за спас за побезбедно живеење.
Од 90-та па наваму се препишаа и изнапишаа закони и закончиња од нашите
народни органи, избраници и чиновничиња со желба и надеж дека ќе се создаде
држава со правен поредок за оваа парче македонска земја и народ измешан со
разно-разни малцинства, групи и заедници кои се борат за некави си права, а
од жал за нив не само нашите властодршци, но и меѓународните емисари,
делегации, претставници им дадоа многу повеќе отколку што им следува се со
цел дека со задоволувањето ќе имаме мирен соживот во оваа држава која се
уште го носи името БЈРМ. Секојдневно ни се долеваат и донираат финансиски и
материјални средства се со цел да ни помогнат да застанеме на поздрави нозе,
но резултатите се стаклени, слабо видливи, а средствата колку се добиваат,
од каде и за што се трошат е прашање чиј одговор обичниот наш граѓанин тешко
ќе може да го дознае. Тешко ќе ги осознае и почувствува благодетите за
подобро утре. Овој наш народ е изморен да чита, да слуша, да гледа толку
големи даноци од странство, а фајде да нема оти помошта, парите, средствата
и слично, неповратно исчезнуваат!
Македонијо, кој утре ќе живее подобро, помирно и посреќно? Се изморивме
од пречекување странски делегации. Нашите народни претставнички домови и
тела односно органи, донесуваат разни закони, уредби, наредби, одлуки,
спогодби за нашиот народ поспокојно и посреќно да живее. Но, никаква корист
од сето тоа. Се е залудно, и кредитите и бенефициите. Сите се покриени со
црниот превез на криминалот. За да создадеме индивидуални бизниси потребни
ни се молења, поткупувања, понижувања, плаќање такси, адвокати и слично.
Штом ќе завршиме со овие процедури следува данокот кон заедницата, каматите
и другите давачки кои само го отежнуваат економскиот развој. Од ова безредие
кое владее во земјата може да се заклучи дека се уште немаме правна и
стабилна држава со закони и правен систем кој на Запад функционира и по
стотина години. Закон и систем кои се за доброто на народот и земјата.
Нема да згрешиме ако кажеме дека живеевме во социјал-комунизмот повеќе од
40-тина години и не успеавме да ги изградиме основните постулати за нормално
живеење. Потребни ќе ни бидат уште толку години за вистински да се
осамостоиме, да бидеме држава со стабилен и правен систем прифатлив за сите.
Ни останува да живееме во надеж, нам повозрасните, а на помладите им
оставаме држава и систем да ги решаваат заеднички без разлика на
националната и верската припадност.
Ангел Радев, Радовиш
|