еста за формирањето на т.н. "Синод
на автономната Охридска архиепископија", односно паралелна црква на
Македонската од страна на Српската православна црква, со голема горчина е
примена од Македонската Заедница во Холандија како и во сите делови на
светот каде што живеат и работат Македонци. Македонската заедница во
Холандија остро реагира на одлуката на СПЦ и ги опоменува дека со оваа
одлука се уништува до крај минималниот респект кој уште ден денес постоеше
меѓу македонскиот и српскиот народ.
Македонската Заедница во Холандија & предочува уште еднаш на СПЦ дека
Македонската православна црква е единствена и легитимна канонска наследничка
на древната автокефална Охридска архиепископија, односно Патријаршија, а
името, автокефалноста и достоинството на МПЦ се без алтернатива и трајно
апсолвирани и пред СПЦ и пред сите други православни цркви во Европа.
СПЦ треба да знае засекогаш дека Македонците каде и да се во Македонија и
во светот, нема никогаш да дозволат, ниту ќе прифатат, српски архиереи да им
судат на македонските архиереи и да им служат на српски јазик на
македонските верници.
Подобро би било СПЦ да почне да се занимава со своите големи проблеми
како што се неодамнешниот случај на владиката Врањски Пахомије, Косово,
Војводина, Босна и во Хрватска, каде што ја губат контролата под своите нозе.
Уште малку, па Србија ќе стане најмала држава на Балканот.
СПЦ, РПЦ како и ГПЦ кои дејствуваат во паралела - намерно го задаваат
овој удар на политичка основа, негаторски се однесуваат кон името на нашиот
народ и држава, негаторски се однесуваат кон црквата, јазикот, културата и
се што е македонско. Поради овие причини МПЦ нема потреба повеќе да
контактира и да бара признание од овие цркви се додека не се врати
потребниот респект и признание од нив.
Македонската заедница во Холандија бара најенергично од Македонската
православна црква: да ги прекине сите односи со СПЦ се додека СПЦ не ја
признае МПЦ за афтокефална и наследничка на древната Охридска архиепископија;
Не во судска постапка поради проневера на пари, туку во согласност со
Уставот на МПЦ да го расчини епископот Јован поради предавство на МПЦ,
Уставот на МПЦ, македонскиот народ и верниците. Да се расчини Јован како и
сите негови следбеници кои се нарекуваат монаси и свештеници; МПЦ во иднина
да реагира благовремено и одлучно на сите закани од страна на СПЦ, а не по
неколку дена од нивното објавување. Секоја нерешителност и неодлучност на
Македонската православна црква ќе има далекусежни последици и ги збунува
верниците; МПЦ да објави проглас за враќање на сите македонски православни
цркви во територијата на денешна Србија и прогласување на архиереи и владици
во сите цркви кои & се одземени на МПЦ во што се вклучува и "Св. Прохор
Пчински". Со ова ќе се регенерира работата на МПЦ во своите етно-историски
граници и ќе ги врати под свои закрила сите свои верници и цркви.
На крај ги повикуваме сите Македонци од целиот свет црковно и национално
да се обединат околу нашата Македонска православна црква и нашата држава.