, царот на Македонија, починал на 10
јуни 323 година ст.е., во Вавилон не- колку недели пред 33-от роденден.
Александар е роден на 23 јули 356 година ст.е., во Стагира. Крунисан е за
цар на Македонија во октомври 336 година ст.е. По татко му е Керавнид со
потекло од легендарната аргеадска царска лоза од Орестија.
По мајка му е Неоптоломеец. Мајка му Олимпија (води потекло од епирската
царска куќа), е ќерка на царот Неоптоломеј и внука на Алкета Први.
Александар е роден во утринските часови при изгревот на сонцето, а умрен
на залезот во приквечерината, совладан од неизлечива болест.
Неговиот живот бил краток, но се овековечил со вечна слава, а легендата
за неговото име ќе се разгори во ѕвезда со бесмртен сјај.
Во време на своето неполно тринаесеттогодишно владеење, создал царство од
приказните кое се протегало од реката Дунав до далечната Индија. Ја соединил
Европа со Азија, или поточно го соединил Исток со Запад.
Александар длабоко верувал во традиционалните македонски богови. Тој
секој ден дури во време на смртоносната болест поднесувал жртви во свое и во
име на Македонците. Бил уверен дека ја ужива наклонетоста на боговите во
исполнувањето на својата животна цел за создавање нова светска заедница во
која ќе владее мир и слога, употребувајќи ги своите вооружени сили против
тие што не ги обединил со светлината на разумот. Им укажувал на сите да ја
сметаат целата земја за своја татковина, а неговата војска за своја поткрепа
и заштита. Бил убеден дека судбоносно за Македонија е победата во војна, и
затоа и тој и неговите војници се подготвувале за слава. Самиот неизмерно ја
посакувал. Тоа го барал и од секој војник.
Античките историчари кои ни ги прераскажале пишувањата на очевидци какви
што беа Птоломеј и Аристобул, за Александар напишале дека тој бил
надприродно интелигентен, можел да размислува брзо за повеќе работи наеднаш,
особено кога станувало збор за воени вештини. Немало подобар стратег од него.
Неговите победи се повеќе резултат на стратешки вештини отколку на даровите
на среќата. По природа бил дарежлив. И како што растела неговата моќ, така
тој се повеќе ја покажувал својата дарежливост.
Многу ја сакал мајка си. Постојано & пишувал и & испраќал дарови.
Неизмерно ја сакал и Роксана. Бил човек полн со емоции. Ги сакал своите
војници, а и тие него.
Во услови на војна или мир, Александар живеел како и неговите војници. Да
се потсетиме на неговото обраќање на побунетите војници во Опис 324 година
ст.е.:
“Ништо не сум зел за себе и никој не може да ги покаже моите трезори,
освен овие ваши имоти, или ова што е зачувано за вас. Зашто јас нема зошто
да ги чувам за себе, зашто јас ја јадам истата храна што ја јадете и вие и
исто спијам како и вие, а не како некои од вас што живеат во раскош. Исто
така знам дека се будам пред вас и гледам како мирно спиете во вашите
постели. Кој од вас се грижел за мене онолку колку што јас сум се грижел за
него. Или, еве, некој што има лузни нека се соблече и нека ги покаже. И јас
ќе ги покажам моите. Зашто нема ниту еден дел од моето тело што нема лузни.
Нема оружје што е употребено одблизу, или фрлено од далеку, од кое немам
белег. Бев ранет и од меч и од стрели, бев погоден и од катапулт. Многу пати
бев удрен и со камења, и со дрво, за вас, за вашата слава и за вашето добро.
Ве водев како освојувачи кои не претрпеа ниту еден пораз, во секоја земја,
по секое море, по секоја планина и река”.
Благодарение на големата духовна сила и непоколебливост, Александар ги
убедил Македонците да ја прифатат неговата визија за обединување на народите,
а Азијатите ги убедил дека искрено сака и тие да ги уживаат истите права со
Македонците и заедно да го сочуваат воспоставениот ред и мир.
Римските историчари Павзаниј и Полибиј кои добро го познавале
автократизмот на римските цареви, за најголемата доблест на Александар ја
сметале отвореноста во однос на војниците и граѓаните, верноста кон
традициите на своите предци, здравата дисциплина, умереноста и високиот
морал во секој поглед.
Александар во секој поход се грижел за ранетите, болните и исцрпените
војници. Ги одликувал, организирал погреби, подигал споменици, се грижел за
нивните деца. Во секоја битка тој бил на чело во првите редови. Македонците
чувствувале вродена верност и почит кон него. Од своите војници и управители
на своите земји барал не само храброст и умешност, туку и да ги краси висок
морал. Корумпираните управители биле сурово третирани. Тие биле осудувани за
сторените проневери и злодела и биле погубувани.
Античките историчари ни пренесоа и неколку карактеристични изреки на
Александар:
“Водачот пред битката треба да мисли како да победи, а не за последиците
на поразот”.
“Јас претпочитам кратко да горам, отколку долго да чадам”.
“Славата не се постигнува со туѓи раце”.
“Во политиката нема вистина, има само насоки како да се постигне целта”.
“Успехот претставува најголема убедувачка сила”.
“Со потомците на Керавн е поврзана иднината на Македонија”.
Со походите на Александар започнала нова ера на висок подем и културен
развој на освоените територии. Се граделе нови населби. Градовите биле
населувани со Македонци неспособни за војување, со припадници на елинскиот
свет и со локални жители.
Македонците им давале нови имиња на градовите и околните места.
Според анализите на британскиот историчар Николас Хамонд, граѓаните
комуницирале на јазикот којна. Основа на овој јазик бил
пелазгиско-атицкиот дијалект, изменет од Александар Македонски и прилагоден
на македонска средина.
Во градовите школувањето било организирано по модел на македонската школа.
Програмата била иста со програмата што се применувала во Македонскиот
школски центар во Миеза. Се школувале деца од 14-годишна возраст.
Школувањето траело 4 години. Се изучувале следните предмети: воена вештина,
реторика, граматика, дијалектика, геометрија, аритметика, астрономија и
музика.
Подемот го зафатил и аграрот, со проширување на обработливата земја,
регулација на реките, изградба на канали за наводнување, сушење на бари,
зголемување на земјиштето за одгледување на житарици и градинарски производи.
Овој невиден и сеопфатен материјален и културен подем кој траел цели три
века - од владеењето на Александар Македонски до доаѓањето на Римјаните – во
поново време наречен “хеленизам”, според пишувањето на поголем број научници,
претставува македонска школа за владеење и творење.
Сите градови во Азија биле моделирани не на елинските град-држава, туку
на македонските градови, кои биле директно подредени на царската власт.
Во легендите на азиските народи останало убедувањето дека Македонците не
биле окупатори, туку нивни владетели.
Меѓу многу народи од Исток и Запад до сегашно време ќе се раскажува за
младиот македонски цар. Во Индија на двете страни од планинскиот масив
Хиндукуш, се споменуваат потомците на Александар, а во Манагва во делтата на
реката Инд, владеела династија која се истоветувала како наследник на
Македонците. Во Египет, Александар се слави како син на богот Амон Ра.
Евреите го сметаат за претходник на Месијата. Станал еден од хероите на
Исламот.
Во персиските легенди тој ја освојува Кина, а на Север дошол до Краината
на Мракот. Во Вавилон се верувало дека Александар ја поминал Краината на
Мракот и стигнал до изворот на животот, на крајот на светот, над бреговите
на најдалечниот Окаен.
Александар го завршил својот живот многу млад со ненаполнети триесет и
три години. Со смртта на Александар светот останал сиромашен со нови
возбудливи походи, со кои се предвидувало освојувањето на Арабискиот
Полуостров, северниот дел на Африка, освојувањето на Европа и триумфалното
враќање во Пела и омилената Македонија.
Неочекуваната и прерана смрт не дозволи да се остварат неговите визии за
светот еднаков за сите луѓе без разлика на нивната вера, јазик и култура.
Во денешно време сме сведоци на создавање Европска заедница на
рамноправни држави. И наеднаш се појавува светлина која ни ги исполнува
срцата со надеж. Како да се враќа времето на Александар. Но, за жал, без
Македонците.