Претставници на Македонската православна црква го осветија локалитетот
Скупи. На присутните гости им се обрати и градоначалникот на скопската
Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, а раководителот на локалитетот Скупи,
археологот Ленче Јованова - Алексиева, изрази надеж дека градоначалникот ќе
продолжи да ги поддржува активностите на овој локалитет. На возобновувањето
на античкиот театар - Скупи, настапи Културно-уметничкото друштво "Александар
Македонски", а театарот "Скрб и утеха" изведе делови од претставите "Деноносии",
"Зајдисонце" и "Леб и игри".
"КСАНТИКА"
На манифестацијата беседи одржаа Паскал Камбуровски и Ангелина Маркус од
Здружението за негување на древните традиции "Ксантика".
Македонците "Ксантика" ја празнувале како празник на пролетта, љубовта
цвекињата и убавината. Во античко време била синоним за македонскиот
идентитет. Според старомакедонските митолошки преданија, Ксантија била
Божица на сите цвеќиња во градините, полињата и горите. Во неа, до последен
здив, бил вљубен богот Македон. Но, откако злите сили на некои од боговите
на Пантеонот ја претвориле Ксантија во цвеќе, кутриот Бог Македон, секоја
пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња,
кај сите бистри потоци и реки, во сите цветни градови, во својата омилена
земја Македонија.
ИСТОРИЈА
Градот Скопје е еден од ретките главни градови во светот кој недалеку од
строгиот центар има антички театар, кој е најголем во Република Македонија.
На територијата на нашата татковина досега има откриено четири антички
театри (Стоби, Хераклеја, Лихнида и Скупи). Тоа е доказ за духовната
поврзаност на театарот со нашите простори. Театарот во Македонија има
традиција од најмалку 2500 Божји години. Тој е длабоко всаден во нашата
културна традиција. Некогаш во Македонија театарот служел за верски прослави
и свадби, како и за театарски претстави.
Инаку, на манифестацијата која беше под покровителство на градоначалникот
на Општина Карпош и Музејот на град Скопје, присуствуваа значајни личности,
љубители и истражувачи на македонската античка историја.
Манифестацијата беше збогатена со културно-уметничка
програма