оминаа две години од
протерувањата на Македонците од Арачиново, а пукотниците и провокациите од
страна на албанското население се речиси секојдневна појава. Иако некој се
обидува пукотниците да ги претстави како "свадбарски", тие се доволен
податок дека во овој регион веќе одамна нема соживот, односно дека тој стана
мислена именка.
Протераните Арачиновци веќе одамна живеат во колективните центри, далеку
од своите родни огништа. Ветувањата на Владата дека ќе го врати мирот и
безбедноста во кризните региони, и дека ќе помогне во изградбата на
привремени живеалишта, останаа празни. Арачиновци, кои сакаат да ја дознаат
вистината за она што се случи во 2001 година, деновиве своето незадоволство
го изразија со протест и најавија дека ќе ја тужат државата пред
Меѓународниот суд во Стразбур.
ДОГОВОРИ
Некои од протераните арачиновци ги потпишаа договорите за поправка на
куќите, но се најдоа во непријатна ситуација да ги чуваат реконструираните
објекти, или пак материјалот за нивна поправка. Но, претходно, како што вели
и Јана Петрушевска, претседателка на Здружението на протераните Арачиновци "Зора",
полицијата треба да биде информирана за присуството на Македонците во тие
куќи, за да се грижи за нив во текот на ноќта. Владата, за жал, освен
притисокот за соживотот и трипартитните договори, не презема никакви други
мерки.
"Владата да воспостави ред и да го собере оружјето",
Јана Петрушевска
Соживот не се прави со сила. Проблемот не е во обновата на куќите. Ако
куќите беа оштетени од пожар, поплава, ние досега ќе бевме вратени назад.
Проблемот е во тоа што се празнат македонските територии од Македонци.
Македонците се селат од Арачиново, Матејче, Липково. Арачиновци веќе почнаа
да прават куќички надвор од Арачиново, за да не бидат доведени во ситиација,
ако ги избркаат од колективните центри, да се најдат на улица. Луѓето преку
ден престојуваат во Арачиново, а навечер се враќаат во колективните домови.
Тие се надеваат дека за кратко време ќе најдат купувач за побрзо да ја
продадат куќата. Цената падна на 15.000 евра за добра куќа. Во
Тетовско луѓето не смеат да кажат дека се Македонци. Во тие територии
Владата треба да воспостави ред, да го собере оружјето. Ако Ромите заминаа
на Меџитлија, Владата нека не дозволи и ние да ја доживееме истата судбина.
Многу е грозно да бидеш бегалец во сопствената земја, вели Петрушевска.
УНИШТУВАЊА
Последната залалена македонска куќа во Арачиново во сопственост на Виде
Крстевски, изгоре на 5 февруари годинава, а беше осма по ред покрај трите
запалени викенд-куќи. Во меѓувреме, беа ограбувани куќите кои останаа здрави,
се крадеше од новиот материјал кој "Европска перспектива" им го
дистрибуираше на оние што решија да ги поправат куќите.
Мачно е што ги протераа и што ги уништија овие луѓе и материјално и
духовно. Малкумина од божемните повратници спијат во Арачиново, но се плашат
да кажат дека честопати на полноќ кога ќе запука се враќаат во колективните
домови.
Соживотот во Арачиново не зависи само од нас Македонците, вели
госпоѓа Петрушевска и ни ја пренесува приказната на една жена која трипати
го посетила Арачиново и која се нашла во непријатни ситуации. Првиот пат бил
убиен Ацо Стојановски, односно експлодирала бомба. При втората посета некои
момчињаја избркале од дворот. Третиот пат, кога сакала да ја исчисти тревата
во дворот, неколку млади момци со вулгарни зборови ја избркале од домот.
По сето ова, македонската Влада треба да се запраша - дали едно
македонско семејство може безбедно да живее во Арачиново!