|
ПОГЛЕДИ
Огледалце, огледалце
ЕСКИВАТОРИ И АМНЕСТИТОРИ
Гог ма Гог
А ко добриот Македонец нешто сака
во животот, тоа е да има подобра - Македонија... Држава на која ќе се потпре
кога му е најтешко, држава која ќе му ги овозможи сите дозволени радости,
држава во која ќе има минимум социјална правда и држава која ќе го брани,
ако некој нападне.
Меѓутоа, нашата желба да имаме добра држава, не е исто дека имаме добра
Македонија. На најразлични начини, поединечно или колективно, ја слабееме и
разградуваме, без око да ни трепне, и секогаш виновен е "ти", а не - "јас"...
Се сеќавам на екс-премиерот и екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во еден миг на
искреност, секако предизвикана од "издајството на своите луѓе", на цела
држава & призна дека "Македонија избра претседател со фалсификувани избори",
и затоа му е криво и се кае. А, кутра Македонија страда, не оти го избра
претседателот, туку како го - избра!
Овие денови, државата Македонија треба да амнестира 20-тина илјади
регрути кои ја избегнаа светата граѓанска и патриотска должност да служат во
АРМ и да докажат лојалност. Што мислите, не е ли тоа уште еден смртен засек
во ткивото на државата?! Научив дека малото не се споредува со големото, но
има споредби кои не зависат од големината на чиновите што сакаат да се
истакнат.
Никого не сакам да повредам, и ако некој се најде во сукусот на
приказната, верувајте тоа е "најслучајна случајност": Во време на Втората
светска војна, некаде при крајот, син војник единец на германски генерал,
бега од фронтот, го апсат и го осудуваат на смрт. Зарем ќе дозволиш, Ерхард,
нашиот син да го стрелаат? Па, и така Германија ја губи војната. Тоа е
бесмислено што сака оваа држава да го стори?
Мајка зборува за својот син на сопруг генерал на германска армија. Тема
како создадена за античка драма... Така и се одвива во продолжението.
Никогаш никој не одговарал само за едно дело. Клитемнестра го уби својот маж,
а Орест & поднесе две тужби: Таа, напиша Орест до ериниите (судиите),
навистина уби еден човек, но стори две кривични дела - го уби мажот & и
мојот татко.
Ерхард е генерал и татко. Се знае, единствено не знае што е повеќе. Затоа
на жена му Вероника & ветува дека ќе го спаси својот син. Како кога ќе го
стрелаат утре, прашува? Едноставно, ќе наредам на стрелачкиот вод да му
дадат "слепи куршуми" и кога војниците ќе припукаат нашиот син ќе падне.
Потоа мои луѓе ќе го земат и скришум ќе го испратат во Аргентина.
На отемнетото лице на Вероника чудесна светлина и безгранична радост.
Толку многу сака ова вечно да трае. Меѓутоа, времето е немилосрдно, тече ли
тече. Доаѓа часот на егзекуцијата. Ерхард потпрен на генералската фотелја
брзо, многу брзо го премотува филмот на својот живот. Ордонансот влегува во
собата, застанува мирно и го потсетува генералот за наредбата што треба да
ја издаде. Се редовно, вели генералот!
Вероника го дочекува насмеано. И, мој драг мажу, прашува? Се редовно,
вели генералот! Каде е нашиот син? Во Аргентина, како што ти реков. Кога ќе
се јави? Не чекај брзо јавување. Може да не откријат! Барем писмо да прати.
И тоа не смее, сета пошта ја контролираат.
Минуваат недели, месеци, години. Од синот дезертер на генералот на
германската војска, нема ни слика ни збор. Мажу, каде е нашиот син, тешко
болна прашува Вероника? Јас сум генерал на германската армија, ти барем сега
треба да ја знаеш вистината... Меѓу синот единец и Германија се одлучив за -
Германија!
Не сум воен стручњак, но ја почитувам војската се до оној момент додека &
треба на оваа држава. Бегам од анализи во области кај што импровизира, но
сакам да знам што ги натера оние дваесетина илјади млади луѓе да избегнат
војска и да побегнат од војска? Штета, со амнестијата кој нема да се
чувствува одговорен од тие млади луѓе да каже зошто, како што македонската
јавност никогаш нема да дознае кои беа намерите на Доста Димовска да
прислушува се и сешто во државава... Судењата не се само да се осуди некој,
туку да се дојде до релативна вистина скриена од некој. Можеби мамутскиот
процес што сега се избегнува ќе ја чини Македонија многу, но не повеќе од
големата љубопитност на македонскиот народ: кој ја почна војната, зошто ја
почна, што се сакаше со неа? Амнестирањето на македонските регрути, всушност,
повеќе е нивни срам отколку победа, а голема добивка за вистинските
господари на животот и смртта во воени услови во кои ни се браневме ни
напаѓавме. Кои се тие, тие си знаат!
|