|
ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА
Одбележан верскиот празник Вознесение Господово
СПАСОВДЕН - ВТОР ВЕЛИГДЕН ЗА НАРОДОТ
Пишува: Драган ЗАФИРОВ
- Нашиот Спасител повторно ќе го соѕида новиот Ерусалим, новото царство
за сите праведници.
- Затоа велиме дека Спасовден е спас за сите души, за сите тие кои
правеле добри дела и кои му верувале на Бога и му служеле неизмерно.
Д еновиве голем број верници го
одбележаа еден од најголемите празници, Вознесение Господово - Спасовден.
Овој празник за луѓето секогаш претставува втор Велигден.
Токму 5 јуни е ден кога нашите православни христијани го прославуваат
Вознесението на Господа кој токму на тој ден се вознел на небото, а цели 40
дена Црквата наша православна и верниците благодарно го славеа и му
воскликнуваа на најголемиот празник на празниците, Велигден. На овој ден
доаѓа до онаа разделба од тој најголем чин на Воскресението.
СПАСЕНИЕ
Спасовден е ден кога Господ се разделувал од своите апостоли, молители,
верници кои 40 дена му се восхитувале, биле со него и заедно се радувале
токму на тој чин, еден од најголемите - Воскресението од мртвите. Можеби
сега би било почувствително, кај верниците, кај луѓето, кај сите апостоли се
јавувал токму тој чин на една тага, а тоа е разделбата која била мошне тешко
примена кај сите вљубеници во Бога затоа што Господ, Спасителот, нашиот Исус
Хрустос цели 40 дена беше меѓу нив, околу нив и со нив. Затоа велиме
Спасовден, тоа е спасение за севишниот кој неразделно беше постојано на
земјата, проповедаше, се јавуваше да ја докаже најголемата слава на небесата,
најголемиот чин на херувимите дека Спасителот е навистина меѓу живите и го
победил најголемото зло на животот - смртта.
За жал, само Апостол Тома бил некако срамежливо несигурен во тоа што
станало и како да не му се верувало. Не можел да ја сподели токму таа
вистина дека Господ ја победил смртта. Господ го повикал Тома да му каже
дека сите верувале, па и оние најпоследните, бидејќи да се победи смртта и
да се воскресне во новиот живот е предвестие дека еден ден сите ќе
воскреснеме. Тогаш ќе дојде и нашиот Спасител кој повторно ќе го соѕида
новиот Ерусалим, новото царство. Сите праведници ќе ја добијат неговата
награда и засекогаш ќе бидат бесмртни. Сите оние неверници и закоравените
богаташи кои се сметале дека се до Господа, а ги заборавале сиромашните и
доброто дело кое било врв за спасението. Тие ќе ја добијат заслужената казна
на Бога и вечно ќе бидат казнети во светот на мракот. Затоа велиме дека
Спасовден е спас за сите души, за сите тие кои правеле добри дела и кои му
верувале на Бога и му служеле неизмерно. Секогаш сиромашните, оние
најсиромашни кои биле највљубени во Бога, Господ ги сакал можеби посебно
затоа што сиромаштвото е еден вид Спасение.
АПОСТОЛ ТОМА
Да го одбележиме оној чин на Апостол Тома со Господа кога се сретнал со
него. Се поклонил пред него и му ги бакнал нозете засрамен, ожалостен и не
можел да се смири, оти направил грев и се уверил дека навистина неговиот
Учител е жив. И Апостол Тома му рекол "Господе, прости ми оти сега знам оти
направив еден голем грев и се радувам што те гледам повторно жив како мој
учител. Се надевам дека ќе ми простиш". А Господ му одговорил "Ти виде како
беа сите со мене и ја увидоа вистината, а ти еве фати ја мојата рака да се
увериш дека навистина си направил еден тежок грев на недоверие". Но, Апостол
Тома како најмлад меѓу апостолите бил среќен, оти сепак Господ му се смилува
и ја примил честа дека Господ ќе му прости.
И така во тој навистина прв четврток по четириесет дена од Воскресението
Господ се вознесе, апостолите го испратија, сета земја беше блажена. Господ
им рече: "Што ме гледате, јас пак ќе се вратам на второто пришествие". Тука
беше и мајката божја, Света Богородица и тоа беше голем чин на една радост,
но и трогателно за една разделба.
Скопскиот храм "Свети Спас", еден од најстарите и најврвните Божји
храмови , го славеше овој голем ден Спасовден. Исто така, на ова големо
славје му се приклучи и новиот храм "Свети Спас" во скопската населба "Маџари",
и многу други свети храмови во земјава кои беа преполни со верници.
|