енешните Грци сакаат да гледаат
на античките Македонци како на Грци. Ова е дел од нивното оправдување што
презеле дел од Македонија на почетокот на дваесеттиот век и се уште се
користи како оправдување за нивниот меѓународен став денес. Грчките
аргументи често се фокусираат на времето на Александар затоа што неговото
влијание во ширењето на хеленската култура до далечните делови на светот е
несомнено.
Исто така, е јасно дека тие добиваат некоја сатисфакција од замислување
на некоја семејна врска со таа невообичаена личност. Меѓутоа, денешните Грци
би биле отфрлени како од античките Македонци, така и од античките Грци".
НАДМОЌ ВРЗ ХЕЛЕНИТЕ
Фактот дека Филип и Александар го користеле грчкиот јазик за
администрацијата и биле наводно "хеленисти" во своите убедувања, авторот го
поврзува со политичката манипулација и полесна администрација отколку некое
посебно вреднување на Грците. Користењето на грчкиот јазик не ни кажува
ништо за етничките и културните корени на Македонците. Во објаснување на
оваа теза го дава примерот со англискиот јазик кој има слична улога во
скорешната меѓународна историја. Трета најголема земја во светот што го
користи јазикот се Филипините. Сепак, никој не би ни помислил дека луѓето од
Филипините се Англичани, ниту пак Американците, барем не според расата или
културата.
Филип Втори
"Точно е дека Александар ги однел грчкиот јазик, како и некои други
аспекти од грчката култура во Азија. Ова бил процут на грчкиот јазик и на
грчкото трговско влијание во светот. Времето на Александар одбележува еден
период, токму поради овие две причини. Сепак, Александар не го распространил
најважното обележје на грчката култура, демократијата, во неговото ново
азиско царство, а со текот на времето ги напуштил поголемиот дел од нештата
со коишто почнал, завртувајќи нов лист што претставувал нова мешавина од
азиски, македонски и грчки обичаи... Доказите со коишто располага оваа книга,
укажуваат на тоа дека мајчиниот јазик на Александар не бил грчки, дека мајка
му не била од Грција, исто како и татко му. На крајот, Александар станал "интернационалист"
наместо хеленофил и одел до тие крајности што организирал венчавки помеѓу
илјадници персиски жени и неговите сопствени војници во обид да ги зближи
луѓето и културните екстреми на двете земји".
Цитирајќи повеќе автори, Џон Шеј најголемото влијание во движењето кон
хеленизмот му го припишува на Филип Втори. Според него, интензивирањето на
хеленизацијата во Македонија бил дел од плановите на Филип, кој како
организатор и политичар бил можеби и поспособен од сопствениот син,
Александар.
Филип видел дека малку повеќе хеленизација, во комбинација со намерна
културна пропаганда, е од суштинско значење за тоа понапредните грчки држави
да ја третираат Македонија како еднаква држава. Еден од неговите потези бил
да го обезбеди местото на Олимписките игри, како што има сторено и неговиот
предок Александар
била намерна. "Кралевите на Македон барале поддршка од Грците со тоа што се
обидувале да бидат поголеми Хелени од нив. Филип сакал безусловна надмоќ врз
Хелените, па така оформил сложен план. Најпрвин, тој морал да добие контрола
врз копнениот пат до централна Грција. Потоа, тој сакал да биде признаен
како еден од Хелените или да добие признаена положба во внатрешните кругови
на Хелените. Конечно, тој започнал процес со кој грчките држави ќе станат
еднакви, но релативно ослабени партнери во еден присилен меѓусебен сојуз.
Македонија не била членка на овој сојуз, но ја задржала контролата врз оваа
групација на грчките држави. Ваквата контрола била целта на Филиповиот
панхеленизам... Панхеленизмот на Филип бил само метод да се замолчат Грците,
додека Македонците работеле на изградбата на големо азиско царство".
МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ
Плановите на Филип за азиската кампања биле подготвени пред крајот на
Светата војна. Во негова полза одел фактот што таткото на Аристотел бил
личен доктор на таткото на Филип, додека Аристотел и Филип биле пријатели од
детството, што значи дека можеби Аристотел бил пријател и со другите
македонски благодарници. Ова му помогнало Филип да ја освои личната
лојалност на Аристотел.
"Денешните Грци милуваат да кажат дека македонската војна против Персија
е доказ за хеленското потекло на Македонците. Ова, меѓутоа, не е став на
историчарите. Целта на војната против Персијците била за зголемување на
славата и моќта на македонските кралеви.
Александар Македонски
Имајќи ги грчките држави под контрола, па дури и како сојузници, би
помогнало во оваа цел. Историчарите говорат за пацификацијата на Грција и ги
објаснуваат македонските повикувања на грчкиот патриотизам во војната со
Персија како средство, а не како цел. Целта била да се направи македонско
кралство поголемо од сите други... Според Хогарт, и Филип и Александар
увиделе дека Грците можат навистина да бидат вредни за нивнот план за големо
азиско кралство. Па така, било од огромна важност да се продолжи политиката
на хеленизација, и покрај тоа што сите грчки држави биле освоени".
Со текот на времето, кога Александар станал најголемот император од сите,
плановите за хеленизација биле помалку важни. Меѓутоа, тој сепак продолжил
по стапките на својот татко и започнал да манипулира со Грците. Џон Шеј овие
негови постапки ги поврзува со чувствата што Александар ги имал кон грчката
култура поради неговиот учител Аристотел. Најверојатно Аристотел го
инспирирал младиот принц со љубов кон грчката литература, со посебен акцент
на поезијата, како и со идеалот за имитирање на Хомеровите херои.
Џон Шеј, цитирајќи го Харолд Ламб, ја истакнува во тој поглед големата
улога на неговата мајка, Олимпија.
"Олимпија сметала дека Македонците биле примитивци кои пееле сточарски
песни, се уште стравувале од предзнаци и суеверно стравувале од суши и
болести на животните. Таа тврдела дека тие никогаш не произведувале оратор,
филозоф, генерал или морнар кој би бил рамен дури и на неоригиналните жители
на Атина".
На Александар му требале Грците не толку како војска, туку како трговци,
доселеници и администратори кои би ја воделе неговата нова империја.
"Иако Филип не правел некоја општествена разлика меѓу Македонците и
Грците, Грците никогаш не раководеле со неговата војска. Ова најверојатно
било поради разликите во јазикот меѓу грчките војсководци и Македонците со
кои тие би командувале како и на постојано присутната иритација кај
Македонците од грчкото присуство. Меѓутоа, Александар уште од самиот почеток
им ја доверил командата на неговите грчки пријатели... Сепак, навидум е
јасно дека главната грижа на Александар, во војната со Персија, била тој и
Македонија да се стекнат со слава. Според тоа, иако Александар ја започнал
војната како врховен командант на сите Хелени, во неговата војска немала
многу Грци. Поголемиот дел до војниците биле Македонци. Жуге вели дека само
Македонците биле доволно приврзани кон кралското семејство на нивната земја
за да го следат Александар. Империјата која тој се стремел да ја создаде
требало да биде составена претежно од Македонци и да биде за кралот на
Македон".
Со порастот на империјата во Азија се сменил и концептот за нејзиниот
изглед, па така Александар се откажал од некои македонски и грчки културни
обележја. Тој присвоил некои азиски идеи и дури сонувал за мешање на раси во
една светска империја.
"Политиката на интеграција на Грци и Македонци којашто ја оживеал Филип,
а ја продолжил Александар Македонски, можеби била конзистентна со политиката
на Александар за ограничена интеграција на Македонците и Грците со Иранците,
која биле наречена "фузиона политика"... Но, поради тактички и политички
причини, интеграцијата на Македонците и Ирачаните била од огромна важност,
додека интеграцијата на Грците со кој било од нив не била. Очигледно ,
Александар ги сменил своите приоритети. Програмата на хеленизацијата ги
остварила своите цели. На военото поле, а и на другите полиња, се јавила
потребата од поинаква фузија.
На крајот од ова поглавје, Џон Шеј заклучува дека грчката култура и јазик
го добиле ова значење не затоа што Македонците биле Грци, туку затоа што
Македонците ја имале истата цел со Грците поради нивните амбиции. Тие ги
искористиле грчките војници - доселеници и трговци за територијални
придобивки и го земале грчкиот јазик како најпогоден за нивната цел за
градење империја.
"Историја ни вели дека македонското освојување на Грција и Персија донело
толку многу промени, што грчките градови не можеле да се вратат на старите
вредности. Кариерата на Александар го означува крајот на класичната ера во
Грција и почетокот на хеленистичкиот период".
Дејвид Хогарт вели дека Хелените биле втурнати, против нивната желба, во
меѓународните води, како економски, така и политички, а оваа улога била
одредена претежно од Филип Втори. Владеењето на Филип го означило почетокот
на ерата на меѓународното влијание на грчкиот јазик и култура. Хогарт
напишал: "Но, Филип е тој што ги втурнал Хелените на отворено море и затоа
ако се види дека 'се што се движи во светот е со грчко потекло', за тоа не е
никој друг позаслужен од Македонецот".
(Продолжува)