колностите, согледувањата и
случувањата ми дозволија да стекнам храброст, а бидејќи е посебна доблест,
решив да искоментирам дел од тоа што го чувствувам за разбеснетиот виор без
морал. Иако моралот слабо се проучува, народот без компромис него го
поседува и длабоко верува во неговата власт - власта на моралот. Многу
западно-ориентални филозофии ќе ни речат: "Мислата има многу состојби...".
Една од состојбите на мислата ја почуствувавме кога демонот го фрли црниот
плашт врз Македонија во мигот кога зората зазоруваше. Другата состојба на
мислата со месеци се проткајува во западната двојна уметност која содржи
чиста ориентална спиритуалност - спиритуалност проѕирна.
Но, како да е, мамката е фрлена. Сега се наоѓаме во ситуација кога една
активност не напушта и се фаќаме за друга, исто како кога облекуваме и
соблекуваме некоја облека, и така постепено се заплеткуваме во сопствените
активности - се измачуваме и изморуваме, а сето ова ни се случува во
отсутност на сознание во која состојба ќе се најде наредната мисла на
филозофите.
Бидејќи свесноста е преодна, таа не тера да ги споиме нештата од минатото
во сегашноста. Спојот на нештата произлегува од желбата за раѓање. Уште едно
големо чудо на природата - посебно плодноста. Ова не би било толкаво чудо,
ако мајката по сопствена желба и со благослов на европски мудријаши си роди
ќерка која ја нарече Албанија, чудото е до толку поголемо што истата мајка
по повеќе од пола век роди и син со звучно име ОБСЕ и со ист благослов пак
од европските мудријаши.
Ми се чини дека овие чеда не се родени со благослов за мир, туку родени
се со благослов за војна. Секоја чест на плодноста на оваа мајка, ако за
зачеток не ги користела нацистичките клетки. Желбата да се стане мајка е
егоизам во страст. Бидејќи ние имаме постојано желби - многу и различни, не
можеме да ги сопреме, и затоа, овде е важно на кое прифаќање или одбивање
умот ќе го усредсредиме, и како желбите ќе се претворат во пријател и
добробид за себе и заедницата, или против себе и заедницата. Последиците од
вакви егоистични желби се од огромен разорен карактер, а тоа се гледа од
комплетниов развој на оваа морничава драма овде кај нас во Македонија и
околу нас.
Родена за да раѓа. Да раѓа, но што? Убијци, и тешки мафијаши, мафијаши на
чумата од веков - другата - во чии канџи е несомнено младата светска
популација. Ако младоста умира, со тоа ни изумира и човечката раса. Ако
изумира човечката раса, со неа изумираат и старите и новите цивилизации кои
се заслужни за нашето денешно постоење. Напреднатите денешни модерни
цивилизации наместо да застанат простум пред злото, наместо да го штитат и
развиваат наследството, тие се дрзнале да го ништат родот и зачетокот на
христијанството и лулката на писменоста. Средствата со кои се служат, за
едно вакво сквернавење се повеќе од мизерни. Чудна поврзаност на цивилизации
со една племенска заедница без морал и достоинство.
Кога го спомнавме моралот и достоинството да го кажеме и ова: имаат ли
овие европски цивили морал и достоинство што се дигнале на чело на ОБСЕ
кумови да бидат и крштавка да & прават на Албанија, со звучен епитет "Голема"?
За да биде кумството помпезно, нивната свечена облека ја украсиле со
точкички на УЧК и коцкички на ОНА, хит мода на Балканот. Мода како мода со
светлосна брзина се шири. Да не ја оставиме и облеката на нивните кумчиња за
која кумот се потрошил и им ја накитил со зољи, снајпери и минофрлачи, се од
најпознати марки.
Европо!
Овие твои кумчиња, повеќе од јасно е дека не ги сакаш во твоите пазуви.
Тие немаат интелект тоа да го видат. Секоја од вас сака да се ослободи од
нив и затоа решивте да ги протерате од своите домови и да ги соберете во
едно гнездо. Кога ова гнездо ќе засмрди Европо - каде ќе одиш?
Да се вратиме на кумството. Интересно е сега што арбитражот БиБиСи лажно
го пренесува чинот "крштавање" во светот, а уште почудно е што како хумана
фирма не ја бара вистината - што внесува сомневање дека се срами од
сознанието дека е званичен кум и богато даруван. Можеби има право да не се
буни, бидејќи крштава племе кое уште не ги поминало фазите на човечкиот
развој. Куме, како што за свечениот чин си ги облече кумчињата во црно, си
ги закити со опасни ѕвонци, биди достоен и за нивните имиња - светот нека не
ти ги нарекува како било - те терористи, те озлогласени банди, те убијци итн.
Ти многу убаво знаеш кое име им прилега кога дозволуваш една стара
цивилизација да се уништува за сметка на една племенска заедница. Според
духот во кој се тие воспитувани и според делата кои ти ги извршуваат,
најмногу им прилега името нацисти. За да го извршиш овој крштален чин, ти
позајмуваш маси од еден, столици од друг комшија, со цел да се докомплетира
гнездото на оваа племенска заедница. Кога судбината овде ни се повторува,
умовите на извршителите секогаш ги краси материјалната беда предизвикана од
себични интереси. Затоа, должност голема ни е да ти ја пренасочиме намерата.
Откажи се од кумството, брзо и веднаш врати ги масите и столовите за
кумството да не ти се врати дома како бумеранг. Тука, овде кај што решивте
да кумувате, е зачетокот на христијанството, а не на муслиманството - духот
е македонскиот човек христијанин кого сега го убивате, прогонувате,
ограбувате, а дали се прашавте зошто? За кого?
Очигледна пасивност владее во вашите лица условени од материјална
загаденост. Исчистете се од оваа светост каде што прво зачекорил Апостол
Павле со Словото Божјо.
Сега Македонија и Македонците го повикуваат светот - разумниот, да му
кажат дека историјата и културата на Европа тргнала од тука, од Македонија и
од Македонецот. Мудроста, силата и моќта не е еден политичар, пред се човек
е, иако условен, да остане надвор од злото.
Треба да се сетиме на Пастернак, Балзак, Толстој, Молиер, да се сетиме на
времето во кое живееле и ако ги споредиме нивните умови со умовите на
Мусолини и Хитлер, голема разлика, нели?
Едните се бореле со насушено перо и ја барале правдата, а другите се
бореле со железна убиствена машинерија и ја барале власта, силата и
доминацијата. Првите со смрзнати раце го држеле перото и ја бранеле честа на
животот, а другите преку честа на животот ја бранеле нивната лична жед за
пакост. Со голема снаодливост и вештина, на сопственото лице Тартиф ја
ставил маската со голема набожност, за пред другите да ги сокрие своите
најниски страсти. Дали кумот ОБСЕ е можеби Тартиф со набожна хуманитарна
маска? Сега, состојбата на следната филозофска мисла е многу јасна, и затоа,
Европо, крајно време е да бидеш човечна, разумна, достојна и цивилизирана,
да не дозволиш еден атак на човечкиот ум да изврши пак прељуба на твојата
христијанска лулка.
Европо!
Македонија е се што имаш - сонце, вода, воздух - таа е животот твој. Ако
дозволиш само една педа од нејзиното лице да биде испогането - верувај - ќе
си го нагрдиш твоето лице. Тргни ги лажните маски кои го сушат нејзиниот, а
и твојот род. На Македонија & треба твојата рака - пушти ја, не се срами, ќе
ти ја позлатиме. Македонецот не е фрустрирано битие, тој во себе носи
надчовечка енергија - позитивна енергија, тој знае да чека, а чекањето е
дисциплина. Дисциплинирано - 23 века таа чека и чекори кон тебе. Нели е тоа
премногу? Доста & се империи. Македонија е твоја вистина, твоја постојаност.
Затоа, фотоапаратите нека заживеат во бавност, јазолот на змијата од
овоземните гестови нека затрепери во оро на животот, а не во оро на
нејзиното повторно умирање.