ечниот кумановски боем Нино
Величковски се закити со прва награда од жирито на годинешново издание на
Фестивалот "Валандово" благодарејќи на песната "Уште еднаш" чиј текст е на
Огнен Неделковски, музика Миле Барбаровски, а аранжманот на Миодраг
Божиновски - Мичо. Меѓутоа, покрај тоа што е фестивалски човек кој постојано
е присутен особено на валандовскиот Фестивал, тој е голем уметник,
професионалец кој во секоја пригода успева да направи добар штимунг, врвна
атмосфера која може секого да го крене на нога.
Но, Фестивалот "Валандово" го искористи со незаборавна фешта, својствена
само нему во дојранската меана "Фук-так", да ја прослави промоцијата на
неговиот прв компакт-диск под наслов "Со мерак".
НАГРАДИ
Боемот Нино на Фестивалот "Валандово" е присутен уште од 1987 година, а
неговата солистичка кариера започна во 1984 година. Во текот на неговото
шеснаесетгодишно учество на Фестивалот во "Валандово", има добиено како
дебитант втора награда од стручно жири, потоа во 1997 година трета награда
од стручо жири и сега се круниса со прва награда.
Кога говорам за наградата навистина ми е драго што тоа се случи токму на
"Валандово", иако претходно сум награден на овој Фестивал, вели Нино.
Секако, секој пејач во неговата кариера сака да го достигне врвот на успехот,
меѓутоа најбитно за мене е што ми се случи добра песна, а сето она што го
работам е за публиката. Ценам дека колку што стручното жири ја оцени
песната како најдобра, исто така имав чувство дека на ист начин ми враќа и
публиката. Секој настап е нов и доколку пораката што ја носи песната не
дојде до публиката, пејачот не треба да се занимава со таа професија.
Публиката многу добро знае и да награди и да казни. Значи, нема лажење.
Како Нино веќе дваесет години градам кариера, не сакам да го менувам
мојот имиџ, мојот стил и начин на пеење, да пејам нешто што мене не ми лежи,
затоа што има песни кои на одреден пејач не му лежат. Затоа многу работев на
песната. Не сакав она што ми е дадено како можност, а тоа е убава песна,
лошо да ја испеам. Текстописецот Огнен ми даде еден поттик, поголема
инспирација да ми се случи во душата еден немир, еден вознес кој придонесе
да ја отпеам песната во неколку варијации за на крај да ја интерпретирам
онака како што треба.
РЕЈТИНГ
Факт е дека рејтингот на валандовскиот Фестивал изминативе години
значително опадна. Според Нино, Фестивалот и она што се случува во и вон
него го прават сите учесници, медиумите, организаторите, што значи
виновниците треба да се бараат во повеќе сфери.
"Валандово" е прв Фестивал што многу значел за македонската новосоздадена
песна, не само за Македонија, туку и пошироко во поранешна Југославија и во
рамките на она што е дијаспора. Како долгогодишен учесник на "Валандово"
можам да направам една компарација помеѓу "Валандово" некогаш и сега,
објаснува Нино. Почетокот на "Валандово" имаше друга боја со оркестарот
на господинот Драги Митев, потоа се менуваше со доаѓањето на оркестарот на
Милан Зафков, па сега со Илчо Јованов како шеф на оркестар. Сигурно дека
сето тоа треба да има една нагорна линија. Мора да ни е јасно дека
Фестивалот го прават и организаторите и квалитетот на пејачите. Она што не
сакам да се случи ни на "Валандово", ни на друг фестивал, е да влезе шундот
на широки порти. Тој Фестивал, всушност, треба да биде брана на невкусот, на
песни кои не треба да поминат и доколку се случи таа селективност, тоа сито,
да биде поквалитетно, дотолку ќе биде квалитетен и Фестивалот.
Последниве три-четири години морам да кажам дека се случи еден пад во
квалитетот, можеби во понудата на песните и рејтингот на самиот Фестивал, но
се предизвика и една голема опасност да се локализира Фестивалот. Не
смее да се дозволи тој да биде во границите на Валандово, Дојран, Струмица и
во изборот на автори и пејачи. Мислам дека тоа е избегнато оваа година затоа
што се појавија пејачи и авторски имиња кои навистина нудат квалитет.
ФЕСТИВАЛИ
По долги години опстојување, Фестивалот "Цветници" оваа година изостана.
Како и за преостанатите пејачи, така и за Нино неодржувањето на овој
Фестивал е голем хендикеп, затоа што токму овде беше предизвикот за еден
пејач да пее во живо со придружба на триесетина музичари професионалци.
Сметам дека е голема грешка што оваа година се укина овој Фестивал, но не
би сакал да навлегувам зошто и како е укинат, додава Нино. Тоа
најдобро го знаат оние кои беа одговорни за него. Не треба нешто што е
традиција да се укине. Инаку, за преостанатите фестивали сметам дека самите
ние направивме една хиперпродукција. Се направија многу фестивали. Не може
во текот на една година да се ислушаат 300 песни. Никој тоа не може да го
ислуша, а камо ли да го вреднува. Токму поради таа причина лично направив
одредена селекција на кој фестивал ќе учествувам затоа што не сакав да бидам
само дежурен учесник на фестивалите.
Според Нино, доволно е еден пејач да учествува само на два фестивала
затоа што само така неговите песни ќе можат убаво да се слушнат и да
заживеат меѓу публиката, а со тоа и пејачот многу повеќе ќе биде вреднуван.
ПРЕСТИЖ
Една од причините што ние пејачите си направивме лоша услуга на сите
медиуми - дали на електронски или печатени - што се натпреваруваме кој ќе
даде поголема изјава за тоа кој колку карти купил и со тоа си ја купил и
наградата, вели Нино. Но, повторно ќе кажам, народот не сака да биде
излажан, тој казнува и ќе казнува се дотогаш додека не се свестиме дека
песната е главна. Не знам која е калкулацијата, која е математиката, ако
треба да купите карти и која е сатисфакцијата кога некој ќе ви пријде да ви
честита. Дали нема да ви биде непријатно да примате честитка кога знаете
дека тоа не е ваш реален успех? Секоја извојувана победа е со поголем мерак
и љубов ако е направена со добра песна.
Кога станува збор, пак, за фактот дека забавната музика ја потиснува фолк
музиката, за Нино тоа не е добро. Според него, и во забавната музика ќе се
случи хиперпродукција и за нив нема да биде добро.
Сепак, и ние фолк пејачите ќе се избориме за место под сонцето, меѓутоа
само со добра песна, додава Нино. Се може да се расипе за една ноќ,
но за да се врати довербата на публиката ќе треба време.
НОВО