о соработка со Светската банка,
Министерството за образование и наука ќе реализира Проект за модернизација
на образованието.
Министерството за образование и наука ќе го подготви и целосно ќе го
имплементира предложениот Проект за модернизација на образованието кој
претставува приоритет на Владата во нејзиното настојување за
децентрализација на образованието и нејзината програма за развој на
образованието.
Подготовката на Проектот за модернизација на образованието е реализирана
со помош на јапонската Влада. Во досегашните активности беа дефинирани
неколку компоненти на Проектот, пред се "Подобрување на планирањето на
училиштата и грантови за училиштата" и "Децентрализација на образованието"
во чии рамки се подразбира: хармонизација на образованието, образовен
информационен систем, професионален развој на наставниците и менаџмент на
Проектот.
АНАЛИЗИ
Направените анализи покажаа дека за спроведување на Проектот е потребна
сума од 15 милиони долари. Според зборовите на министерот за образование и
наука, Азис Положани, Министерството ќе ги ангажира сите свои потенцијали за
да ги продолжи и заврши подготвителните активности на Проектот. Оценката на
Проектот треба да се спроведе до 30 јуни 2003 година, а реализацијата треба
да почне до 31 декември 2003 година.
Македонија полека, но сигурно, зачекорува кон можности за придобивање на
линии кои ќе придонесат реализација на нејзината развојна политика и во
другите сегменти, потенцираше министерот Положани.
"Неопходно е да го смениме образовниот систем", Азис
Положани со неговиот колега Питер Дарваш од Светската банка
Како можни извори за финансирање на Проектот се Кредитот од Светска банка
и грантови од други донатори. Предвидено е износот на донациите да биде
еднаков со износот на кредитот од Светската банка, односно кредитот да ја
покрие само половината од потребните средства, а другата половина да се
покрие со донации.
ПРЕДИЗВИК
Главен предизвик на македонскиот образовен систем е да создава матуранти,
дипломци со нови способности што ги бара конкурентната пазарна економија и
да воведе систем на доживотно образование што може да се прилагоди во брзите
промени во европски и светски контекст. Исто така, постојат постојани
етнички и социјални тензии што повикуваат на промени во образовната
администрација и на порамноправно обезбедување на квалитетно образование.
Конечно, образовниот систем се карактеризира со несоодветна распределба на
административните и раководните задачи и искривени процедури за финансирање
и обезбедување буџет што е причина за суб-оптимални резултати во однос на
значењето на системот, достапноста, постигнувањето, работата и ефикасноста.
Образовниот систем во РМ се соочува со акутни трајни проблеми вклучувајќи
ги ерозијата и нарушувањето на квалитетот на учењето. Образовниот систем не
е во можност да подготви успешни кадри кои ќе можат да се вклучат во
општеството, истакна Питер Дарваш, раководител на Проектот за
модернизација на образованието од Светска банка, кој ја потенцираше
неопходноста од модернизација во македонското образование.