ога влегувате во селото Стајковци
на левата страна во непосредна близина на уличката која се протега од
центарот на селото кон населбата, се издига еден светлосен цветен храм кој
како волшебен лотос ја краси оваа населба. Тоа е прекрасниот христијански
храм "Свети Кирил и Методиј".
Ретко се наоѓа и ретко се среќава ваква убава црква. За граѓаните на оваа
населба црквата претставува не само гордост и споменик кон нашите свети
браќа, туку една убавина која ни го стоплува срцето и душата.
Ете, тоа е новиот храм кој скоро се направи, а го започна едно свештено
лице кое вљубено во селото стори се што можеше со пркосните мајстори -
волшебници оваа населба и нејзините жители да ги ороси со христов објект.
Тоа е отец Зоран Стаменковиќ, протојереј кој повеќе години служеше во оваа
населба како свештеник. Тој подари китка недогледна, скапоцена, за која не
може да се искаже колку е убава и колку го исполнува срцето на секој верник.
БЛАГОДЕТ
Од каде и да се погледне, од горните делови на црквата, од куполите, па
се до влезната врата и нејзината околина, таа повеќе личи на една волшебница
со божји благодет, отколку на една обична црква.
Камбанаријата и се друго заедно е вкомпонирано во една композиција, а
внатре со иконостасот и фреските ќе ја гледате, ќе живеете, ќе се
чувствувате, но не можете да се насладите колку е убава. Ретки се тие цркви
и храмови со ваква прекрасна животна панорама. Ова не е само црква на
населбата, таа е црква на целиот комплекс од населби, дури се вклучува и во
градскиот амбиент. Црквата "Свети Кирил и Методиј", творевина на отец Зоран
Стаменковиќ, не е само награда поради неговата свештеничка етика, неговото
саможртвие, таа е подарок за сите генерации кои доаѓаат. Голема благодарност
до него, но и до сите жители, добронамерни верници, донатори кои несебично
донираа за нејзина изградба.
Светите браќа Кирил и Методиј со овој храм се претставени како вистински
браќа, зашто и внатре и надвор во дворот сите заедно се една целина, една
вистинска добронамерна љубена компонента, еден зборник, една поезија, една
силна метафора на божјиот благодет.
УБАВИНА
Дојдете и видете ја. Тоа е домот на рамноапостолите Свети Кирил и Методиј,
нашите браќа, родени во Солун, во древната Македонија. Овие двајца
просветители преку оваа црква вечно ќе бидат факели не само на Стајковци,
туку на целиот град Скопје.
Отецот Зоран Стеменковиќ, кој е сега старешина во црквата "Св. Ѓорѓија"
во населбата Чаир, со неговата реализирана размисла ќе остане незаборавен не
само како свештеник, туку и како човек кој соѕида дело кое ќе остане
засекогаш во срцата на сите верници кои ќе го посетат.