|
ИСТОРИЈА
"Македонија и Грција - Битката за дефинирање нова балканска нација" од
Џон Шеј (2)
ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ
Пишува: Анита ДИМОВА
- "Без оглед на тоа кој аргумент ќе го разгледуваме - оној што ја
опишува етничката мешавина на Балканот или оној кој вели дека физичкиот
карактер на луѓето денес е ист со оној пред неколку милениуми - грчкиот
став дека денешните Македонци имаат помало право од Грците не е оправдан".
- "Словените стапнале на Балканот пред околу 900 години по Александар
Македонски. Тие, какои некои други "нови" народи, пошироко се имаат
распоредено низ Балканот, но претежно во оние земји што ги нарекуваме
Југославија и Грција. Словените евентуално се измешале со преостанатите
народи, но во Вардарска Македонија, јазикот и културата што преживеале
биле словенски, додека во Грција биле грчки. Во секој случај, ниту
етничките Македонци, ниту античките Грци не сметале дека Македонците се
Грци: па така, името што Македонците го користеле за нивната земја мора да
води потекло од нив самите.
М акедонците кои се појавиле околу
700-800 години п.н.е., со векови биле мала група која била поставена на
многу мала територија. Оваа територија била мал дел од она што денес е
познато како Грчка Македонија. Јазикот што гие го говореле не бил грчки,
ниту пак нивните богови биле грчки. Тие не биле признати од Грците. Со текот
на времето, нивните владетели се стремеле да имаат културен афинитет и
политичка моќ како и Грците, па така почнале да користат грчки учители за
нивните деца.
Некаде околу четвртиот век п.н.е., македонското благородништво често го
користело грчкиот јазик за официјални употреби, додека обичните луѓе
говореле оригинален македонски во своите домови".
Ова е тезата која Џон Шеј ја застапува објаснувајќи го поглавјето за
потеклото на македонското население во неговата книга "Македонија и Грција -
битката за дефинирање нова балканска нација".
Иако во некои делови контрадикторен и нелогичен, сепак заслужува секаква
почит, бидејќи успева да одговори на многу прашање врзани за историските
проблеми со кои се соочува и современата македонска нација.
МАКЕДОН
Алтернативата дека постои некаква врска во потеклото на денешните и
античките Македонци, авторот ја разгледува од две гледни точки.
"Најпрвин, ја имате можноста, што ја нудат повеќе современи историчари,
дека Пеоните, една од поголемите етнички групи во античка Македонија,
говореле словенски јазик. Не треба да се биде голем интелектуалец за да се
види врската помеѓу овие народи и Словените што дошле подоцна. Како второ,
тука е и важното, но помалку запоставено прашање за тоа што се случило со
античките Македонци по доаѓањето на Словените.
Се спори дека ова навлегување во јужниот дел на Балканскиот Полуостров не
довело до уништување на локалниот народ, туку до еден процес на продолжена
асимилација. Не постои добра причина да се верува дека таквата асимилација
била ограничена само на југот. Со други зборови, доселениците во Македонија
се измешале со другите народи, а нивните наследници можат со полно право да
кажат дека имаат директна врска со анитичките Македонци.
Објаснувајќи го доаѓањето на Македонците, Џон Шеј пишува дека во првиот
милениум п.н.е. планинскиот регион Орестие, во близина на денешна Касторија
и долината на реката Хамакомн биле населени од луѓе наречени Македони. Околу
700 години п.н.е., овој клан мигрирал на исток од Орестие во планините Пинд,
барајќи пасишта за нивниот добиток.
Во долна Македонија владееле македонските племенски старешини коишто ги
потерале Илирите и Траките, додека горна Македонија била населена со
полуавтономни племиња. Кралската династија на Аргеад, на којашто & припаѓал
и Филип II, била
водечко семејство во Македонија.
"Кон крајот на петтиот век п.н.е., македонскиот крал Архелај ја зголемил
контролата над планинските области преку договорот што го постигнал со
благородници од различно потекло, според кој тие му служеле на кралот
одвреме навреме во специјалната пешадиска единица, наречена компањони, а за
возврат добивале големи поседи во освоените територии. На овој начин,
постигнато е трајно обединување помеѓу горна и долна Македонија.
Цитирајќи го Арнолд Тојнби, авторот ја нуди и можноста Пеоните, една
бројна и распространета група во Македонија, да биле Словени или Илири.
Според оваа теза, доаѓа и претпоставката дека Словените што го заземале
поголемиот дел од Македонија од Источните Римјани, всушност биле Пеони што
се враќаат во татковината на нивните предци.
"Често се вели дека Александар Македонски бил барем половина Грк, бидејќи
без оглед на тоа која била етничката припадност на неговиот татко, мајка му
Олимпија била со грчко потекло. Таа била Молоска од Епир, група за која
некои историчари велат дека била грчка и според јазикот и според културата.
Меѓутоа, авторитативните писатели го имаат објаснето етничкиот состав на
Молосите како и оној на Македонците: високите слоеви на општеството ги имаат
присвоено грчкиот јазик и култура, но не биле Грци по потекло".
МИЛЕНИУМИ
Замислата дека постојат многу различни етнички и културни групи во
Македонија не е нова ако говориме за македонското кралство што било
проширено за времето на Филип II
и Александар Македонски.
Многуте народи што живеела во Македонија, но и однадвор имале влијание
врз Македонците, меѓу нив келтските и германските влијанија.
"Но, Словените имале многу поголемо влијание од која било група што
извршила инвазија на овие простори. Тие дошле во многу помасовни групи и
останале од едниот крај на Балканиот до другиот. Тие дошле до овие области
на почетокот на седмиот век од н.е., а нивните дијалекти ги замениле
илирските, тракиските и фригиските говори... Словенските Македонци и пред и
по усвојувањето на христијанството, имале огромно влијание врз Византија.
Кога во 855 година од н.е. византискиот император, по барање на моравскиот
кнез Ростислав, решил да прати словенски свештеници како учители тој ги
одбрал Кирил и Методиј... Македонските Словени биле одговорни и за
создавањето голема империја, покрај создавањето нов и важен пишан јазик во
светот. Ова царство го создале македонските Словени, заедно со некои други
засебни етнички елементи. Владетелот се вика Самоил и го претворил Охрид во
главен град на царството, а Охридската архиепископија ја издигнал на ниво на
патријаршија".
Во ова поглавје авторот дава информации и за името што се користело за
Македонија и нејзиниот народ во средниот век. Тој цитира повеќе документи во
кои употребата на името "Македонци" кога станува збор за луѓето од
македонските територии е евидентна во архивските документи од Средниот век.
На тој начин го побива она што го велат Грците дека словенските народи во
Македонија немаат право на земјата на која живеат и покрај фактот дека тие
таму живеат повеќе од 1.500 години, бидејќи (велат тие) тие немаат истакнати
етнички врски со античките Македонци.
"Се чини дека поголемиот дел од Југословенските, и покрај употребата на
словенски јазици, кои историски гледано се скоро воведени, им должат за
своите физички обележја на луѓето што живееле на овие простори најмалку три
милениуми пред инвазијата на Словените.
Без оглед на тоа кој аргумент ќе го разгледаме - оној што ја опишува
етничката мешавина на Балканот или оној кој вели дека физичкиот карактер на
луѓето денес е ист со оној пред неколку милениуми - грчкиот став дека
денешните Македонци имаат помало право од Грците не е оправдан".
(Продолжува)
|