нспириран од колумната на Љубчо
Георгиевски и од се она што се случуваше по неа решив да се обратам преку
печатените медиуми во јавноста. Сведоци сме на една идеја што ја даде Љубчо
Георгиевски и за тоа како од Бранко Црвенковски беше нападнат дека тој е
антидржавен елемент и дека тој ќе ги употреби сите уставни овластувања да го
спречи тоа. Голем борец е Бранко Црвенковски, па можеби и ќе го затвори
Љубчо Георгиевски, бидејќи сите оние кои дигнаа рака на македонскиот
суверенитет и интегритет гнијат во Владата. Ситуацијата во Република
Македонија е многу комплицирана не од сега, туку од поодамна и секогаш
македонските политичари попуштале во корист на други или немале визија што
со Македонија.
Проблемот со Албанците не е само наш и не е од вчера. Тоа е проблем од
пошироки размери и треба навистина добра визија тоа да се реши. Во
Македонија тој проблем е настанат последните 30-тина години затоа што на
педесет илјади домородни Шиптари во мираз "почитуваниот ни" другар Тито и
Енвер Хоџа ни додадоа преку стотина илјади Албанци од Косово, Санџак, Србија
и Албанија. Така без визија се талкаше до 90-те години, кога се појави еден
млад визионер кој кажа дека Република Македонија ќе биде самостојна
независна држава... на македонскиот народ. И замислете си истите овие ќе го
распнеа како антидржавен елемент. Само по неколку години (14-15)
македонскиот народ изгласа самостојност, а Бранко Цренковски излезе и кажа
дека нивниот вековен идеал се остварил. Ова сценарио ми мириса на тоа од
тогаш, меѓутоа мислам дека Љубчо Георгиевски повторно има визија како да ја
спаси самостојноста на Република Македонија, и да не дозволи шиптарското
малцинство да завладее со Република Македонија, ниту пак нашата маќеа Европа
да стави рака над нас и како во Букурешт и Охрид да ја реши ситуацијата во "наша"
корист. Бранко Црвенковски наместо да го апси Љубчо Георгиевски и неговите
истомисленици, нека ги уапси криминалците кои се во неговите редови, нема
потреба да ги бара кај другите, а нека го повика Љубчо Георгиевски и
академиците од МАНУ, и нека го реши овој проблем еднаш засекогаш, за да нема
втора Палестина во срцето на Балканот.
Господине Бранко Црвенковски, почитувајте ги визиите на Љубчо Георгиевски
затоа што ако немате ментален капацитет Вие да предложите нешто, барем
побарајте помош од многу попаметни од Вас, за спас на Република Македонија.
Господине Љубчо Георгиевски, ја поддржувам вашата визија и се надевам
дека многу скоро ќе можете од позиција на власт да го разрешите овој проблем
што го мачи македонскиот народ.