ордот Нејтан Ротшилд, еден од
основоположниците на тајните друштва и новиот светски поредок, во далечната
1810 година рекол: "Купувај под татнежот на топовите, продавај при звукот на
трубите!". Советот на еден од најмоќните и највлијателните луѓе во
последните 200 години во светот по се изгледа нема да се однесува и за
американско-англиската војна за рушење на режимот во Багдад. Во петте
американски војни водени во ХХ век и очекуваните брзи победи на САД и
сојузниците не биле добри партнери во трговијата... Од последната воена
авантура САД ќе претрпи големи "колатерални" штети... Пентагон во 1966
година понудил проценка колку би можела да чини војната во Виетнам. Кога САД
ги повлекле своите трупи во 1973 година сметката била поголема за 90
проценти - 11 милјарди долари. Американската граѓанска војна го чинела Север
13 пати повеќе од проценката на луѓето околу претседателот Линколн.
Бушовата администрација не понуди ниту званична проценка на чинењето на
војната, ниту времетраењето на истата. Шумолењето на нафтата ги излудува...
Се споменуваат, сепак, суми од 40 до 100 милијарди долари за покривање на
трошоците на вооружената кампања против Садам Хусеин и пресметката со
тероризмот. Кој ќе го плати цехот на опиените генерали од Пентагон ќе
соопшти Ал Каеда.
ТРОШОЦИ
Според "Кришчн сајенс монитор", трошоците ги прават мали и големи работи,
помножени по неколку пати. Летот на бомбардерот во зависност од моделот чини
од десет до 15.000 долари на час. Храната за војникот на фронтот, еден оброк,
6,77 долари, а "томахавките" имаат по милион секоја.
Дневно користење на носачот на авионите се проценува на три милиони... На
платите, транспортот, храна и друга логистика одат 80 отсто од трошоците на
судирот. Остатокот - 20 проценти се трошат на муниција, ракети и други
трошоци во врска со вооружувањето, проценуваат на Универзитетот "Џорџ
Вашингтон". Една проценка на Конгресот изгледа вака: ангажирање на трупите -
14 милијарди долари; првиот месец од војната - нешто повеќе од 10 милијарди;
ако судирот се продолжи - уште по осум милијарди месечно; кога багдадскиот
режим ќе се урне и војската ќе почне да се повлекува - уште 9 милијарди
долари. Не биле пресметани трошоците на окупацијата - милијарда до четири,
месечно... Нема, начин да се предвидат трошоци за обнова, хуманитарна помош,
надомест за "колатарални штети" итн.
Економистот од Универзитетот Јеил, Вилијам Нордхаус, имал своја пресметка:
таа се движела од 99 милијарди во периодот до 2012 година, ако војната се
заврши бргу и САД победат, до 19 милијарди ако работите тргнат лошо. Ваков
фактичен износ би бил последица на високата цена на нафатата (778 милијарди
долари ако се уништат нафтените полиња) и уште околу 400 милијарди поради
предизвикана рецесија во САД ... Нордхаус ги забележал американските војски
во историја и им ја пресметал цената во денешните долари: Револуцијата (1775
- 1783) 2,2 милијарди, војната со Мексико (1846 - 1848) 62 милијарди... Една
година учество во Првата светска војна - 190,6 милијарди; четири години во
Втората светска војна - 2.896,3 милијарди долари... Војната во Кореја од
1950 до 1953 година испорачала цех од 335,9 милијарди долари.
Ќе има ли конечно мир во светот?
Колку ќе му биде тешко на Вашингтон за да ја покрие сумата за Втората
заливска војна покажуваат податоците за Првата војна во Заливот. Тогаш
четири петтини од трошоците ги покриле Германија, Јапонија, Саудиска Арабија
и Кувајт. САД во Втората заливска војна влегоа без најважните сојузници од
континенталната Европа, а за оние држави кои ја поддржуваат интервенцијата,
во Белата куќа, речиси, и не се зборува, ако се изземе Англија...
Значи, директните штети можат да се пресметат, ако не пред почетокот на
војната, тогаш по завршувањето на вооружените дејствија. Но, дали е возможно
да се предвидат и пресметаат преостанатите штети и последици по вкупните
политички, економски, воени и културни односи на глобален план. Кој ќе ги
надомести штетите, што воените дејствија и најсовремените оружја, ги
нанесуваат на природата и еко-средината?! Како ќе ни врати разорената
планета Земја. Дваесеттиот век беше век во кој се лееше крв за нафта, новиот
милениум, дваесет и првиот век, ќе биде забележан под лозунгот - крв за вода!
ВЕК НА КРВОПРОЛЕВАЊА
И, еве повторното беснеење на ветровите на студената војна, што Клинтон
ги пушти од шишето наречено НАТО, ја разгореа вистинската најжешка и
најсурова војна во историјата на сите војни водени досега во Светот.
Стручњаците на Меѓународниот институт за проучување на мирот - СИПРИ - во
Стокхолм заклучиле дека од 3200 години пред новата ера до денес во светот се
воделе 14.560 војни. Во овие војни животот го загубиле 3,6 милијарди луѓе.
Изминатиот век беше врвот на крвопролевањата во историјата. Тој забележа
120 големи вооружени судири, од кои повеќе од 50 меѓудржавни. Првата светска
војна бележи 20 милиони загинати и усмртени од епидемии и 20 милиони тешки
инвалиди... Втората светска војна ангажира шеесетина држави со повеќе од две
милијарди луѓе. Резултатите беа: 50 милиони мртви, од кои повеќе од 30
милиони цивили.
Во периодот до 1975 година, во тие три децении на студената војна, според
советскиот генерал И. Шавров, имало 468 војни и воени судири на територии од
69 земји, со учество на вооружените сили на 81 држава. Се случило тоа во
Азија - 179, Африка - 118, Латинска Америка - 135, Европа - 36. Вкупното
траење, само на овие војни и судири, било 350 години. Ниту еден судир не
избувнал меѓу богатите земји од Запад, ако не се смета војната помеѓу
Англија и Аргентина за Фокландските острови. Во најмирната година, 1987,
имало 36 вооружени судири, 1999 година преку 50 од кои најжестоки се во
Чеченија, Индонезија, кавкаскиот регион, Пакистан, Индија, Турција, СРЈ -
Космет.
На почетокот од 20 век за убивање на еден војник биле потрошени 25.000
долари, а во текот на агресијата од НАТО и САД врз СР Југославија за еден
убиен војник или полицаец биле потрошени 10,4 милиони долари. Каква е
сметката од Заливската војна - 2 се уште не се направени билансите.
Колатералните штети (убиените луѓе) не се пресметуваат, бидејќи се неважни.
Воените буџети во светот во 1999 година ја прескокнаа сумата од 1.000
милијарди долари. Овие пари бараат за себе нови простори, нови пазари, "потрошувачи",
мети, жртви, просто речено бараат нови војни и воени судири. Затоа се
креираат и карикатури од политичари, особено во оние банана или
инстант-држави како овие на Балканот.
"ВИТАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА САД"
Планетата земја е претворена во воени полигони и бази. Само САД има на
својата територија повеќе од 600 такви објекти, а 2.500 лоцирани ширум
светот и сето тоа треба да ги обезбеди "виталните интереси на САД". Парите
ги обезбедуваат сиромашните луѓе од планетава. Не треба многу знаење, многу
аналитички проценки да се дојде до сознанието дека и во новиот милениум
специјалните шпионски служби ќе бидат на висока цена. Нивниот пазар нема да
се намалува, напротив.
Значи, во ваква состојба специјалните служби стануваат скалпелот за
отворање на раната што ќе продуцира смрт. НАТО се промовира како тупаница на
неоимперијализмот и се наоѓа во експанзивна потрага по непријатели отворајќи
нови фронтови и жаришта на кои ќе се трошат воените арсенали. Од крвта,
потта и солзите на сиромашните народи ќе израснува баснословното богатство
на грст безбожници - владетелите од сенка на Новиот светски поредок.
Таа сурова, студено-жешка војна, да не е трагична по последиците, би
изгледала комично. Ја водат сами против себе и за сопствен трошок
цивилизираните европски држави. За русвајот што го направија, за огромните
разорувања, за злосторничките убивања на невини и незаштитени луѓе,
садомазохистичките рицари на НАТО-членките, кои беа воајери и пиромани во
неморалната војна што ја подготвија, поттикнаа и водеа против сопственото
природно опкружување, лидерите на новиот фашистички поредок им испорачаа на
своите поданици сметки со десетцифрени броеви. Тоа е цехот само за
истурените "умни" бомби и ракети. За музиката и диригентскиот хонорар
сметката ќе биде неколкукратно поголема и посолена. Имајќи ја поуката од
Балканот, најмоќните членки на ЕУ, НР Кина, Руската Федарација, Јапонија,
Индонезија и Индија не им дадоа поддршка на "капларите" од Пентагон.
ЗБОГУМ НА ОРУЖЈЕТО!
Воено-индустрискиот комплекс, кој ги држи во своите раце како
послушно и уплашено маче администрациите на САД и ЕУ, како и одредените
моќни политички, воени и разузнувачки структури, новите ветрови на студената
војна ги затоплуваат и поздравуваат со задоволство: се одбива прифаќањето на
меѓународната спогодба за забраната на нуклеарните проби, се планира
изградба на одбранбениот антиракетен систем, познат како проект "Војна на
ѕвездите", се предлага изградба на нова фабрика за атомско оружје,
бидејќи последниот објект за производство на плутониум во Колорадо беше
затворен во 1989 година, истата година кога беше урнат и Берлинскиот ѕид кој
како оркан го разори Советскиот Сојуз и го растури Варшавскиот пакт.
Едновремено го создаде исламскиот терористички монструм Ал Каеда со
американски човек на нејзиното чело... Кој кому ќе му биде од полза ќе
покажат времето и настаните... Војната и злосторството се блиски роднини со
профитот.
Многу нешта се променија. Но, неколку работи, место на подобро, тргнаа
кон полошо. Огромниот јаз помеѓу богатите и сиромашните се продлабочи
и стана непремостлив. Богатството и моќта, привилегиите и власта се повеќе
се загрозени и се почесто се чуваат и се бранат со сите расположиви средства
за уништување на луѓето и природата. Како последен пример го следиме
злодухот на актерите на војната - САРС-от. За воспоставување на Новиот
светски поредок, наивните го викаат глобализација, потребни се голем број
политичари - проститутки (Македонија барем во тоа е богата, пишува Мирка
Велиновска), многу повеќе оружје и платеници, односно шпиони.
Шпионите ги имало барем на Балканот од секогаш. Само кај нас во
Македонија нив ги викале малку поромантично - кодоши. И, тие никогаш не
исчезнале од затемнетата воена, како и од подземната светска
политичко-економска сцена, и по објавувањето на крајот на студената војна.
А што порачуваат шпионите во врска со претстојните крвави кланици на овие
балкански, но и други простори какви што се: Блискиот Исток - кој е следниот
по Садам?! Централниот дел на Азија - Авганистан е среден, каде ќе лета
челичната коњица понатаму? Арапскиот регион е во пламен. Па, нели е тоа
нормално кога имаат повеќе нафта од вода? Северозападниот дел на Африка
деновиве доживува крвава ренесанса... И така по ред ќе се редат нови акции и
контраакции на креаторите на криминалот. Едните дејствуваат од удобните
кабинети, а вторите со опремените високотехнолошки средства за убивање.
Во историјата само Хемингвеј знаел да порача: "Збогум на
оружјето". Хемингвеј е мртов, како ќе ја поразиме војната што ја
разгоруваат "јастребите" од Вашингтон... Имаат ли нашите деца иднина ако
светот го водат налудничави, неморални полуидиоти и злосторници? Што чекаат
интелектуалците? Бремето на одбраната на светскиот мир од заговорниците на
злото им припаѓа ним... Мора што поскоро да тргнат во офанзива против
мега-државните терористи!
(Крај)